Акцијата за расчистување на јавните површини продолжува во Пештани

Продолжува акцијата на Ј.П. „Охридски Комуналец“ за расчистување на јавните површини. Денес се работи во Пештани. Активирани се четворица работници за чистење на улиците од наноси на земја и песок, се отстранува тревата од тротоарите и се чисти плажата од трска и комунален отпад. Акцијата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад во Пештани

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во Пештани. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

Општина Дебрца набави специјализирано возило за собирање на комунален отпад

Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на жителите Општина Дебрца набави ново специјализирано комунално возило за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Се работи за набавка на специјализирано возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 8 метри кубни. „Со набавката на специјализираното возило за собирање на комунален отпад, ЈКП „Дебрца“ ќе се стекне со можност да го подигне степенот на комунални услуги на повисоко ниво. Со тоа ќе се подигне квалитетот на услуги што претпријатието ги дава на населението на Дебрца во…

повеќе...

Депониран отпад во река Сушица

Утрово екипите на ЈП „Охридски Комуналец” од коритото на реката Сушица на пресекот на ул. „Ариф Мустафа” со бул. „Туристичка” извадија депониран отпад од несовесни граѓани (тросед, перници, ќебиња и комунален отпад). Од претпријатието ги осудуваат ваквите потези на несовесните граѓани и информираат дека граѓаните можат да се обратат во ЈП „Охридски Комуналец” за информации за подигнување на отпадот, а не да создаваат диви депонии.

повеќе...

Депонија никна близу Конгресниот Центар

Несовесни граѓани неуредно депонираa отпад кај Конгресниот Центар во Охрид, с.Коњско, кој е лоциран на една од најатрактивните локации на крајбрежјето на Охридското Езеро. Како што може да се види од фотографиите кои ни ги испрати наш читател, отпадот е расфрлан на сите страни, само не во контејнерите.

повеќе...

Превртени контејнери на улицата „Никола Карев“

Вандалите продолжуваат да го нагрдуваат Охрид. Овој пат нивна мета беа три контејнери со отпад на улицата „Никола Карев“. Рано утрово, нашата екипа ги затекна овие контејнери кои беа превртени и оставени на сред улица.  WebOhrid

повеќе...

Во сабота ќе се подигнува зелен отпад од У.З.14 „Радојца Новичиќ“

ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.11.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 „Радојца Новичиќ“. Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно…

повеќе...

Утре ќе се подигнува зелен отпад во У.З.11 „Видобишта“

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.11 „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите…

повеќе...

Во сабота ќе се подигнува зелен отпад од Кошишта и Воска

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.11.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„) . Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”…

повеќе...

Во сабота акција за подигнување зелен отпад од „Даме Груев“ и „Горна Влашка Маала“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.10.2016 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Маала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „ Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mала“). Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата,…

повеќе...