Во Струга отворена конференција за интегрирано управување со цврст отпад во регионот на Југоисточна Европа

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, денеска во Струга ја отвори дводневната финална „Конференција за интегрирано управување со цврст отпад во прекуграничните и крајбрежните области во регионот на Југоисточна Европа”, која е во организација на Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа. Проектот „Управување со цврстиот отпад” е насочен кон проценување и развивање на модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи. Целта е да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со…

повеќе...

Конференција „Управување со цврст отпад“ во Струга

Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа, во Струга ќе ја одржи финалната „Конференција за интегрирано управување со цврст отпад во прекуграничните и крајбрежните области во регионот на Југоисточна Европа”. Официјалното отворање на конференцијата ќе биде на 21 јуни со почеток во 9.00 часот. Проектот „Управување со цврстиот отпад” е насочен кон проценување и развивање на модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи, со цел да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со цврстиот отпад,…

повеќе...

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ја чистеа зелената алга од кејот и езерото

Поради високиот водостој на езерото големи количини на езерска алга (окрек и реса) беа исфрлени на градскиот кеј, при што екипите на ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на истото. „Отпадот беше натоварен со трактор и тоа во вчерашниот ден поради невремето и ограничениот пристап беше натоварен еден трактор, а денес беа собрани два трактори. Ќе продолжиме и во утрешниот ден со почеток од 5:00 часот, во рамките на можностите кои ке ги дозволи самото време. Во наредните 2-3 месеци нормално е цутење и таложење на езерската алга при што…

повеќе...

Отпадот ја намалува туристичката вредност на атрактивните локации

Граѓанските организации Go Green, Ајде Македонија и Грашница, заедно со претставници на туристичкиот и јавниот сектор во Македонија организираат серија акции за чистење на отпад во Скопје, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево во насока на поддршка на активностите во туризмот во Македонија, но и за јакнење на јавната свест за проблемот со отпадот особено во туристичките дестинации. Првата акција за чистење започнува на 4 мај во Демир Капија со чистење на пешачите патеки од Демир Капија до Чифлик и Демир Капија до село Клисура а се во организација на…

повеќе...

Општина Дебрца започнува со одделно собирање на електрична и електронска отпадна опрема

Согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и електрична и електронска отпадна опрема Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски потпиша Меморандум за разбирање и Договор за меѓусебна соработка помеѓу Општината Дебрца и лиценцираниот овластен собирач на отпадна електронска електрична опрема фирмата ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје. Од страна на овластениот собирач на овој вид на отпад е обезбеден соодветен еко магацин за собирање и складирање на електронска и електрична отпадна опрема, како и времени садови за одлагање на отпадна електрична и електронска опрема. Локацијата одредена од Општина Дебрца за собирање…

повеќе...

Екипите на „Јавна хигиена“ го чистат кејот и потегот од Лагадин до Елешец

Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” после невремето проследено со силен ветар и бранови извршија расчистување на кејот од пристаништето до хотел „Милениум”. „Подигнати беа 5 трактори на комунален отпад. Дел од отпадот беше исфрлен на самиот кеј, а дел се вадеше од езерото со вили каде што беа активирани 12 работници. На потегот од Лагадин до кампот Елешец се чистеше комунален отпад исфрлен од несовесни граѓани и донесен од езерото и сува трска.“– велат од претпријатието.

повеќе...

Депонии никнат преку ноќ на патот кон Рамне

Несовесните граѓани добро знаат дека е забрането отпадот да се фрла на места кои не се наменети за депонирање на отпад. Затоа тие ја користат ноќта како незабележано би се ослободиле од нивниот отпад. Преку ноќ никна уште една – нова и досега најголема депонија на патот до селото Рамне. Како што може да се види од фотографиите, отпадот е најразличен: градежен шут собран во вреќи, кабаст отпад, гранки, кутии, делови од автомобили, детски играчки и сл.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека по барање на комунална инспекција екипите ја расчистиле шумата помеѓу двете патчиња кои водат до саат кулата, каде што била направена дива депонија предизвикана од несовесноста на населението. „Ангажирани беа 10 комунални работници и беа подигнати околу 10 метри кубни кабаст отпад, градежен шут, депонирани електрични апарати и 2 трактори зелен отпад.“- велат од претпријатието. Оттаму апелираат до граѓаните да не создаваат диви депонии, туку да го депонираат отпадот на местата предвидени за тоа.

повеќе...

Набавени нови канти за отпад во општина Дебрца

Општина Дебрца набави 250 индивидуални канти за отпад кои ќе бидат наменети за домаќинствата во општината ги обезбеди во соработка со Бирото за регионален развој.  Кантите се со капацитет од 120 литри изработени од пластика согласно европските стандарди. Вкупната вредност на набавката изнесува 375.000 денари без пресметан ДДВ. Градоначалникот на општината, Игор Трајкоски вели дека активноста е во насока на јавната хигиена и дека континуирано ќе се подобри хигиената и чистотата во општина Дебрца.

повеќе...

Дел од бадникарските пакетчиња завршија на улица

Како и секоја година, така и оваа можеме да забележиме дека дел од бадникарските пакетчиња завршуваат, односно се расфрлаат по улиците и тротоарите во Охрид. WebOhrid

повеќе...