ЈП „Охридски Комуналец“ се вклучува во акцијата „Македонија без отпад 2015“

ЈП „Охридски Комунале“ се вклучува во реализацијата на националната акција за чистење „Македонија без отпад 2015“ која ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата Ајде Македонија. Во рамките на оваа акција утре ќе се спроведе расчистување на просторот околу магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од с.Подмоље до сообраќајната клучка на влезот во Охрид каде ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ангажра 6 комунални работници и ќе се подигне собраниот отпад.

повеќе...

Национална акција „Македонија без отпад“

Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијата за чиста животна средина „ Ајде Македонија“ утре ја организира Националната акција за чистење „Македонија без отпад 2015“. Во рамките на проектот „Македонија без отпад“ на целата територија на Република Македонија ќе се одржи националната акција за чистење на околината од отпадот кој се наоѓа на несоодветни места. Целта на проектот е граѓаните и сите засегнати групи, организирано и што по масовно да се вклучат да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа насекаде. Во рамките на акцијата општина…

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад од Горна Влашка Маала

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и УЗ 10 „Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „Карабегобамал“ и „Горна Влашка Mала“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски…

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад од УЗ 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“)

ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ. 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

Трактор преполн со отпад излета во провалија во Коњско

Денес околу 11:00 часот во охридското село Долно Коњско, на удолницата веднаш до училиштето „Св.Наум Охридски“, трактор од „Охридски Комуналец“ со преполна приколка отпад заврши во провалија, а притоа „скина“ и една бандера. За среќа, учениците беа на час. На лице место пристигна амбулантно возило, а возачот иако без видни повреди, превентивно беше пренесен на понатамошни лекарски прегледи. Нешто по 15 часот, тракторот беше извлечен од провалијата, а бандерата беше прицврстена со бетонска подлога. WebOhrid

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад во УЗ 1 „Стар Град“

Согласно испланираниот работен календар за 2015 година, ЈП „Охридски Комуналец” – Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање.  ЈП „Охридски Комуналец” – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ 1 „Стар…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ со бројни активности продолжениот викенд

Во продолжениот викенд кога на охридското крајбрежје престојуваа огромен број на туристи, екипите на „Јавна хигиена“ и „Услужна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ беа максимално ангажирани со продолжено работно време и ангажираност на расположивата механизација и ресурси, информираат претпријатието. „Се расчистуваа локациите каде се одржуваа најразлични манифестации и концерти, како и фреквентните улици во центарот на градот, а комуналниот отпад од контејнерите од одредени делови од градот се подигнуваа и до 5 пати во денот.“- додаваат оттаму.

повеќе...

Во Лагадин комуналниот отпад ќе се подигнува во вторник и петок

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува жителите чии индивидуално-станбени објекти се наоѓаат во туристичката населба Лагадин дека во летната сезона комуналниот отпад од овој дел на градот ќе се подигнува два пати неделно и тоа во деновите вторник и петок. Граѓаните се должни да го почитуваат комуналниот ред и уредно да го депонираат отпадот.

повеќе...

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подигнува од шест часот

ЈП „Охридски Комуналец“ ги известува корисниците на своите услуги – физички и правни субјекти, дека во периодот од 29-ти јуни(понеделник) до 31-ви август (понеделник) комуналниот отпад ќе се подигнува од 06.00 часот наутро. Од претпријатието велат дека овие активности се спроведуваат, со цел за време на туристичкиот шпиц нивото на услужната хигиена да се одржи на највисоко ниво.

повеќе...