Пуштен во оптек комплетот ковани пари за колекционерски цели „Триптих“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издаден и пуштен во оптек комплетот ковани пари за колекционерски цели „Триптих“ („Службен весник на Република Македонија” бр. 217/16). Комплетот ковани пари за колекционерски цели „Триптих“ го сочинуваат следниве ковани пари за колекционерски цели: „Исус Христос“, „Богородица“ и „св. Никола Чудотворец“. Кованата пара за колекционерски цели „Исус Христос“ е изработена од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 10,0 г, чистота на среброто од 9,25 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 22 мм. Кованата пара…

повеќе...

ДЗС: Просечната нето плата во ноември изнесувала 22.380 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 101.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.5%), Уметност, забава и рекреација (8.0%) и Градежништво (7.3%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.1%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа…

повеќе...

Пуштенa во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „Света Матрона Московска“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издаденa и пуштенa во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „света Матрона Московска“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 213/16). Кованата пара „света Матрона Московска“ ги има следниве карактеристики: – на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2017“, ознаката „Ag 925“ и тежината на монетата „31.1 g“. Во централниот дел од аверсот е прикажан дел од Покровскиот манастир во Москва, каде што се…

повеќе...

Банкнотите од 5.000 денари заминуваат во историјата

Банкнотите од 5.000 денари заминуваат во историјата. Народната банка на Република Македонија од утре (15 декември) ќе ги пушти во оптек банкнотите од 200 и 2.000 денари, а истовремено ќе ги повлече од оптек банкнотите од 5.000 денари. Како што информираше НБРМ, одлуката за издавање на книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек. Исто така, според НБРМ банкнотите со апоенска вредност од 5.000 денари не биле прифатени од пошироката јавност заради нивната висока…

повеќе...

Просечната нето плата во септември изнесувала 22.191 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 100.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (8.7%), Земјоделство, шумарство и рибарство (7.2%) и Информации и комуникации (6.0%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.4%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (2.7%) и Снабдување со електрична…

повеќе...

Наскоро ќе бидат пуштени во оптек банкнотите од 200 и 2000 денари

Советот на Народната банка на Република Македонија на седницата одржана на 03.11.2016 година, ја усвои Одлуката за пуштање во оптек на книжните пари во апоени од 200 и 2000 денари. 1. Предна страна на банкнотата од 200 денари: Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е репрезентативната христијанска теракотна икона, односно релјефот со претстави на старозаветните воини Јошуа (Исус Навин) и Калеб, којашто е датирана во 6-7 век и припаѓа на познатaта група винички теракотни икони како едни од најзначајните археолошки откритија…

повеќе...

ДЗС: Просечната плата во август изнесувала 22 294 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2016 година, во однос на август 2015 година, изнесува 101.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (10.1%), Административни и помошни услужни дејности (6.6%) и Преработувачка индустрија (4.3%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (3.0%), Преработувачка индустрија (2.2%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на…

повеќе...

Пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Свети Никола Чудотворец“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издаденa и пуштенa во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „Свети Никола Чудотворец“ („Службен весник на Република Македонија” бр. 170/16). Кованата пара „Свети Никола Чудотворец“ ги има следниве карактеристики: – на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2016“. Во централниот дел на монетата, од лево, е претставена слика на базиликата Св. Никола во Бари (Италија). Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската…

повеќе...

Владата ќе ја награди со 4.200.000 денари младинската фудбалска репрезентација

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска оствари средба со членовите, стручниот штаб и раководството на македонската младинска репрезентација во фудбал. Премиерот Димитриев на присутните фудбалери и спортски работници им го честиташе големиот спортски успех и пласманот на европското младинско фудбалско првенство. Тој истакна дека овој голем спортски резултат е од огромно значење за целото општество и за Република Македонија, и истовремено им заблагодари на фудбалерите и спортските работници за нивниот придонес во создавањето на позитивна атмосфера помеѓу сите граѓани. Димитриев истакна дека фудбалерите…

повеќе...

Народна банка предупредува за ризиците поврзани со ONECOIN и останатите „дигитални“ (крипто) валути

По добиени информации за постоење на дигитална (крипто) валута ONECOIN во која инвестираат и граѓаните на Република Македонија, Народната банка изврши анализа на оваа дигитална валута, како и начинот на кој се вршени трансакциите за нејзиното купување. Со денешното соопштение, Народната банка сака да укаже на постојната законска регулатива поврзана со овој вид трансакции, но и високите ризици кои ги носи инвестирањето, чувањето и разменувањето на оваа дигитална (крипто) валута. Народна банка ја информира јавноста дека, во изминатиот период, повеќе странски регулаторни тела издадоа слични соопштенија за оваа дигитална валута.…

повеќе...