ММДЧП бара привремената влада на Македонија да спречи формирање на коалиција СДСМ/ДУИ и да објави датум за нови избори

Согласно Уставот на Република Македонија, Македонското меѓународно движење за човекови права бара од привремената влада на Македонија да спречи доделување мандат за формирање на влада, на коалицијата СДСМ/ДУИ, да спречи преземање на Собранието во нивни раце и веднаш да одреди датум за нови избори – слободни и без надворешни влијанија. Овие мерки се во надлежност на привремената влада и гарантирани со македонскиот устав. На коалицијата која што има поддршка од Западот не смее да и’ се дозволи да владее врз основа на анти-уставна и анти-македонска платформа. Нелегалното именување на претседател…

повеќе...

Кои се желбите на охридските пратеници во Новата 2017 година?!

Последните денови од старата година ги користиме за да се потсетиме на годината што изминува, но и да си посакаме уште поубави желби во Новата година која ни претстои.  Какви се предновогодишните размислувања и кои се желбите на четворицата пратеници од Охрид, Жаклина Лазаревска и Томислав Тунтев од СДСМ, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски од ВМРО-ДПМНЕ, дознаваме од одговорите на следните прашања кои им ги поставивме: По што ќе ја паметите годината која измина? Што очекувате, кои се вашите желби во Новата 2017 година? Вашата порака до граѓаните на Охрид и…

повеќе...

Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година

Со 55 гласа „за“ и со 23 „против“, Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година. За ребалансот не гласаа пратениците од опозицијата, кои истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена. Ребалансот на буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милиони денари и намалување на вкупните расходи од 196,276 милиони денари на 195,472 милиони. Дефицитот е ревидиран од 18,984 милиони денари на 21,181 милион денари. Извор: meta.mk

повеќе...

Европскиот парламент го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисел, го одложи гласањето за резолуцијата за Република Македонија, која, според предлогот на известувачот Иво Вајгл, треба да содржи седма последователна препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите на македонската држава со Европската унија. Според информациите од ЕП, европратениците чекаат да видат како ќе се развијат настаните во однос на очекуваните предвремени парламентарни избори во Македонија за да може и овој дел да влезе во резолуцијата што се однесува на извештајот за напредок во евроинтеграциите на Македонија, кој го подготвува Европската…

повеќе...

Пратениците ги изгласаа новите членови на ДИК

Собранието на денешната седница со 102 гласови „за“, без воздржани и без гласови „против“, ги изгласа членовите на Државната изборна комисија. За претседател на комисијата е избран Александар Чичаковски, а за потпретседател – Реџеп Прекопуца, и двајцата од редовите на експертите. Членови на комисијата се и Атанас Урумов, исто така, од редот на експертите, Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА. Извор: meta.mk

повеќе...

Изгласани законските измени за откуп на стаж

Републичкото Собрание денеска во рамки на 53 седница, ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој се овозможува откуп на стаж, пренесува МИА. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов информира дека со законот се воспоставува можност за осигуреникот кој бил во работен однос, но не му е платен придонес за пензиско и инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008, сам за себе да изврши плаќање на придонесот и со тоа да оствари право од пензиското и инвалидското осигурување. „Ќе им помогнеме…

повеќе...

Груевски се обрати и учествуваше во дебатата на ЕПП во Европскиот парламент

Во рамките на посетата на Стразбур претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера имаше обраќање и учествуваше во дискусијата на парламентарната група на Европската народна партија во Европскиот парламент. Тој учествуваше на нивната координација и одговараше на повеќе прашања на присутните пратеници. Премиерот Груевски ги образложи позициите и гледиштата на Република Македонија по однос на повеќе актуелни теми и стратешките прашања на државата, јави дописникот на МИА од Стразбур. Премиерот Груевски истакна дека членството во Европската Унија и НАТО алијансата преставува недвисмислена стратешка определба…

повеќе...

Рејндерс: Политички дијалог и враќање на опозицијата во Парламентот

За Белгија пораката е јасна, очекуваме да забележите напредок, патот треба да го поминеме заедно. За да се постигне тоа треба да се продолжи политичкиот дијалог и опозицијата да се врати во Парламентот, истакна на денешната прес-конференција во Скопје белгискиот вицепремиер и шеф на дипломатија Дидие Рејндерс. Според него, расположението во ЕУ и Белгија особено, е да и се помогне на Македонија, но претходно таа мора да го сработи своето. „Има многу теми на кои треба да се работи како независност на медиумите, независност на правосудството. Посакуваме да почнат и…

повеќе...

Дебата за Македонија во Европарламентот

Известувачот за Република Македонија, Иво Вајгл од Словенија, ја претстави Предлог-резолуцијата за нашата земја пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисел, при што се разви дебата за истата. Мнозинството европратеници ја оценија Предлог-резолуцијата како реална, конструктивна и проевропска, давајќи поддршка да започнат преговорите за членство. Во Предлог-резолуцијата се споменуваат позитивните и негативните случувања во земјата и по деветти пат се препорачува Советот да ги отвори преговорите за членство на Македонија во Европската унија. Се повторува ставот дека прашањето за името не треба да биде препрека за отворање…

повеќе...

Климатските промени се еден од најважните настани на глобално ниво

Пратеникот и претседател на ДОМ, г-ѓа Лилјана Поповска и пратениците г-ѓа Лилјана Затуровска, г-ѓа Шпреса Хадри, г. Сашо Василевски, г-ѓа Соња Талевска, г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, г-ѓа Солза Грчева и г-ѓа Мирсада Емини-Асани, одржаа работен состанок со г. Доминик Готиер, прв советник во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија и г. Себастиен Ботре Бонетре, аташе за соработка во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија и со г. Антонио Јовановски, претседател на Еколошкото здружение Гоу Грин, на тема Климатски промени. Пратеникот Лилјана Поповска во поздравното обраќање истакна дека на овој…

повеќе...