Во врска со денешната прес-конференција на д-р Сашо Василески, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, ОО на СДСМ Охрид испрати реакција до медиумите во која стои: „И на малите деца им е веќе јасно тоа какви непроценливи штети ВМРО-ДПМНЕ му нанесе на највредното културно и духовно наследство за охриѓани, Плаошник. Денес како злосторници кои се враќаат на местото на злосторството, луѓето од ДПМНЕ, предводени од нивниот кандидат за пратеник, Сашо Василески говорат за некакви капитални дела од доменот на културното наследство. Замислете, држат прес конференција на местото кое бескрупулозно и безмилосно…
повеќе...Tag: партија
Домазетоски: Коалицијата ВМРО за Македонија ќе го укине екстерното тестирање и ќе воведе комбиниран модел на образование
Во просториите на ОК на ВМРО-НП Охрид денес Коалицијата ВМРО за Македонија одржа прес-конференција. Конференцијата беше посветена на иницијативата поднесена во август 2013 година, односно иницијатива за укинување на екстерното испитување во основното и средното образование во Македонија, кој што од Коалицијата ВМРО за Македонија сметаат дека како проект не е во ред да се применува во образованието. „Веќе неколку години поточно од учебната 2012/2013 година Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ без никакво чувство на одговорност и самокритичност, спроведува проект во основните и средните училишта наречен Екстерно проверување, т.е екстерно тестирање.…
повеќе...СДСМ: Од сето она што беше најавувано за Охрид, апсолутно ништо не е реализирано
ОО на СДСМ Охрид испрати писмена реакција во врска со прес-конференцијата на Љубен Арнаудов. Во реакцијата стои: „Граѓаните се сведоци дека од сето она што во изминативе години беше најавувано за Охрид, апсолутно ништо не е реализирано. Ниту охриѓани пазарат во затворен пазар, ниту возрасните охриѓани го добија Домот за стари лица, ги нема ниту катните гаражи, а и изградбата на затворениот базен која помпезно ја најавија, не е мрдната од мртва точка. СДСМ и коалиционите партнери имаат План за живот во Република Македонија со кој конечно државата, после еднодецениското…
повеќе...Арнаудов: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од реалните потреби на граѓаните
Во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес се одржа прес-конференција, на која беше презентирана програмата на ВМРО-ДПМНЕ – Реално за период 2017-2020 година. Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Др. Љубен Арнаудов истакна дека оваа програма го носи токму тој наслов од неколку причини. Прво дека програмата произлегува од реалните потреби на граѓаните на Република Македонија, опфаќајќи ги различните сегменти во општественото живеење. Вели, дека најзначајно е да се разгледаат реалните побарувања, да се согледа потребата од нивно сублимирање, се со цел да…
повеќе...Коалицијата ВМРО за Македонија од Охрид порача дека ќе го има идниот премиер
Коалицијата ВМРО за Македонија синоќа од Охрид ја почна изборната кампања. Пред околу илјада членови и симпатизери во Центарот за култура, говореа лидерите на трите партии од коалицијата, како и носителите на кандидатските листи. Лидерот на ВМРО – Народна партија, Љупчо Георгиевски, рече дека од нивната победничка коалиција ќе се избира идниот премиер на Македонија. „Доста е од оние што бараат 63 пратеници. Народот не смее повеќе да биде прелажан и да даде монопол на една партија, од која потоа ќе биде жртва. Ние и со 15 пратеници ќе бидеме гарант…
повеќе...Станковски: Коалицијата ВМРО за Македонија на овие избори ќе претставува главен адут на македонскиот народ за конечна демократизација
Во просториите на ВМРО – Народна партија во Охрид, коалицијата „ВМРО за Македонија“ денес ја одржа првата прес конференција, на која беше презентирана политичката платформа на коалицијата ВМРО за Македонија. Беа претставени и дел од кандидатите за пратеници од Охрид кои се на кандидатската листа за пратеници во 5тата изборна единица. Како што истакна претседателот на Општинскиот изборен штаб на Коалицијата ВМРО за Македонија, ЈонѐСтанковски, Коалицијата на овие избори ќе претставува главен адут на македонскиот народ за конечна демократизација на Македонија. „Коалицијата ВМРО за Македонија, на овие избори ќе биде вистинско изненадување…
повеќе...СДСМ: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ соучесник во еколошкото уништување на Дебрца
Советничката група на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Oткако на 46-та седница на Советот на општина Дебрца не помина точката за изградба на бетонска и асфалтна база во местноста „Царополе“, во атарот на село Ново Село, по барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, експресно, за ден 21.11.2016 година свикана е 48-та седница на која на дневен ред повторно е поставена точката за изградба на бетонската и асфалтната база, како и точката за рудникот за експлоатација на минерална суровина-варовник во местноста „Чифлиска Краста“, село Долно Средоречје. Станува…
повеќе...СДСМ: Наместо за луксуз, парите да се трошат за решавање на проблемите
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Недоправената училишна зграда на ОУ Григор Прличев во Охрид претставува реална закана кон безбедноста и здравјето на учениците. Поради неодговорното работење на локалната власт, зградата на училиштето е нецелосно покриена и дел од училниците прокапуваат. Недозовливо е нашите деца да учат во мувлосани и влажни простории. Наместо да се зафати со решавање на овој проблем, локалната власт предводена од верниот послушник на Никола Груевски, Никола Бакрачески, преку своите советници во Општината троши пари за експропријација на земјиште во приватна…
повеќе...СДСМ: Проаква остана без струја, а охриѓани и стружани во 21 век без вода за пиење
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Денеска охриѓани и стружани го доживеаа најголемиот апсурд и срам, да живеат покрај вода, а да немаат вода за пиење. Граѓаните од Охрид и Струга денеска останаа без вода за пиење поради долгови на меѓуопштинското водоснабдително претпријатие Проаква. Проаква остана без струја, а охриѓани и стружани во 21 век без вода за пиење. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е лошото, недомаќинско менаџирање на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ. Токму сегашниот директор на Проаква, Паскалоски е човекот кој го заглави до…
повеќе...СДСМ: Каде завршија кантите за отпад кои општина Дебрца ги набави преку Бирото за регионален развој?
Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На почетокот на оваа година општина Дебрца преку Бирото за регионален развој набави 250 индивидуални канти за отпад, со капацитет од 120 литри, чија вкупна вредност изнесува 375.000 денари. Во таа прилика, сликајќи се пред кантите, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски истакна дека истите ќе бидат наменети за домаќинствата во општината и дека со нивната набавка значително ќе се придонесе за подигнување на јавната чистота во општината. И се би било добро да беше така. Откако кантите…
повеќе...