ВМРО-НП: До каде е проектот за давање на касарната и военото стрелиште Мауцкер?

ОК на ВМРО Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „ВМРО Народна партија од Охрид ја прашува Владата на Република Македонија предводена од ДПМНЕ и ДУИ до каде е проектот за давање на касарната и военото стрелиште Мауцкер под надлежност на Локалната самоуправа, а со тоа да се придонесе за поголем економски развој на Охрид?! Имено, пред 3 години, со големи помпи од страна на Владата на ДПМНЕ и локалните функционери, се највуваше предавање на надлежностите на објектите и парцелите од касарната и месноста Мауцкер на…

повеќе...

ВМРО-НП: Знаат ли од Општина Охрид чиј потомок вчера свечено пречекаа?

ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медумите во кое стои: „Претставници на Општина Охрид вчера свечено на аеродромот „Св. Апостол Павле“ организираше свечен дочек на обичен турист претставувајќи ја како принцеза иако, земјата од која што потекнува не е кралство туку република. Големото заадоволство на претставниците на Општината е на грбот на макдонскиот народ за сите маки што ги претрпел од предците на таа т.н. принцеза. Знаат ли од Општина Охрид чиј потомок вчера свечено пречекаа? Дали игнорирањето на годишнината на Охридското востание е добра волја во насока…

повеќе...

ВМРО-НП: Општина Охрид повторно го заборави Охридското востание

Претставници на ВМРО – Народна партија од Охрид вчера го одбележаа ослободувањето на Охрид од српската окупација. Со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето во Велгошти беше одбележана годишнината од Охридското востание. „За жал, и оваа година, овој чин беше игнориран од страна на Локалната самоуправа. Општина Охрид како да го заборави овој важен и значаен датум за градот. И покрај најавите изминатите година на секретарот Спасески дека местото околу спомен обележјето ќе биде уредено, се уште нема ништо од сето тоа.“ – истакнуваат од ВМРО-НП. Покрај претставниците на ВМРО…

повеќе...

СДСМ: Водокорисниците од Дебрца да се ослободат од обврската за плаќање на надоместок за наводнување

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Со донесувањето на Законот за водостопанство, кој започна да се применува од 01 Октомври 2015 година користењето, управувањето, одржувањето и стопанисувањето со системите за наводнување од дотогашните водни заедници е пренесено на новоформираното Акционерско друштво во државна сопственост, „Водостопанство на Република Македонија“, како вршител на водостопанска дејност, при што за наводнувањето на земјоделските површини на подрачјето на општина Дебрца надлежна е новоформираната подружница на АД Водостопанство, „Црн Дрим“, со седиште во Охрид. Се работи за подрачје кое е…

повеќе...

ВМРО-НП: Наместо најавените илјадници вработувања, вработени се околу 70 лица, што е далеку од најавите на Владата

ОК на ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во периодов наназад, граѓаните на охридско – струшкиот регион беа сведоци на бројни посети на претставници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и секако, во склоп на тоа, многубројни изјави за бројни инвестиции и отворање на нови работни места и отворање на развојно индустриско зони. Години наназад медиумите беа преплавени од изјави дека Американска, Канадска и многу други фирми донесле одлука да отворат фабрики во развојните зони во охридско – струшкиот регион. ВМРО-Народна партија од Охрид ја прашува Владата,…

повеќе...

ВМРО-НП: Кои конкретни проекти во охридско-битолскиот регион ќе бидат финансирани од еврообврзницата?

ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Последниве денови во јавноста доста се актуелизира последното задолжување на Република Македонија од страна на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Се изнаслушавме аргументи и од позицијата и од опозицијата за оправданоста од издавањето на еврообврзницата и со тоа ново задолжување со досега највисока каматна стапка. Аргументите на власта беа дека буџетот е во добра кондиција и дека 450 милиони евра ќе се употребат за нови или довршување на веќе почнати проекти. Аргументите на опозицијата поучени од…

повеќе...

ВМРО-НП: Изразуваме незадоволство од малиот број на проекти кои Владата ги прави во моментов во овој регион

ОК на ВМРО Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Деновиве бевме сведоци на посета на високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ на охридско–струшкиот регион, кои во својство на партиски претставници разгледуваа до каде е работата на неколкуте владини проекти во овој регион. Секако, неизбежно беше пред медиумите да се искаже задоволство од реализацијата на проектите кој ги спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. ВМРО–Народна партија од Охрид изразува незадоволство од малиот број на проекти кои Владата ги прави во моментов во овој регион и бара одговор на…

повеќе...

ПОПГМ: Крајно време е власта мирно да се повлече и да ослободи простор на други експерти

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија испрати соопштение до нашата редакција во кое стои: „Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), најостро го осудува обидот на власта со манипулации, заташкување на вистината и заплашување и на пензионерите, да го оправда неуспешниот обид за недомаќинско и необјасниво задолжување на Република Македонија со нови 650.000.000,оо ЕУР. Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), не е изненадена од паничната реакција на самобендисаната и аздисана Власт по неуспешниот обид, заради клиентелистичкиот начин на владеење и исполнување на егоцентрични…

повеќе...

ВМРО-НП: До каде е изградбата на најскапиот автопат во регионов, правецот Охрид – Кичево?

ОК на ВМРО-НП Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Општинскиот комитет на ВМРО – Народна Партија од Охрид ја повикува Владата на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ да даде одговор до каде е изградбата на најскапиот автопат во регионов, правецот Охрид – Кичево?. Имено, според наши сознанија, овај патен правец за кој ќе се потрошат рекордно високи средства од околу 360 милиони евра за само 60 километри автопат, односно по 6 милиони евра за 1 километар автопат, наидува на сериозни проблеми и моментално работата…

повеќе...

Стојаноски: Одлуката за времени објекти ќе имаше штетни долгорочни последици по развојот на Охрид

ОО на СДСМ Охрид одржа прес-конференција на која се обрати Јован Стојаноски, координаторот на Советничката група на СДСМ при Советот на општина Охрид. „Поддршката кај граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески одамна ја имаат загубено. Дури и советниците од ВМРО-ДПМНЕ им откажуваат послушност на Бакрачески и Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески на последната седница на Советот на општина Охрид не можеа да обезбедат мнозинство гласови за да на дневен ред ја постават точката за донесување одлука за времени објекти, којашто беше дополнително побарана од службите на општината. Одлуката за времени објекти ќе имаше штетни…

повеќе...