ОК на ВМРО-Народна партија Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На вчерашана седница на Советот на Општина Охрид, Димитар Спасески во улога на секретар, а во името на градоначалникот Бакрачески, уште еднаш покажа дека Локалната самоуправа нема слух за образованието во Охрид. Имено, за информација на граѓаните, инвестициите на Бакрачески и Спасески во образованието во 2015 година изнесуваат вкупно цели 16.000 евра. Исто така, Владата на Република Македонија единствените средства вложени во образованието во Охрид ги вложи во реконструкција на мала училишна сала во Косел. За трагедијата…
повеќе...Tag: партија
Скандал во Советот на општина Дебрца – донесена одлука за задолжување на општината без потребното мнозинство
Советничката група на СДСМ Дебрца при Советот на општина Дебрца, испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На вчерашната 38-ма седница на Советот на општина Дебрца се случи скандалозно постапување на советниците од ВМРО ДПМНЕ, односно скандалозно непознавање и непочитување на одредбите од Законот за локалната самоуправа, Статутот на општина Дебрца и Деловникот на советот на општина Дебрца кои се однесуваат на потребниот број на присутни советници за да може советот да работи и полноважно да одлучува. Имено, на самата седница, на која присуствуваа 9 од 11-те советници, на предлог…
повеќе...СДСМ Дебрца: Пешачката патека на Охридското Езеро се гради без да се почитува регулативата за заштита на природното наследство
Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во врска со градежните активности на општина Дебрца и Министерството за транспорт и врски за изградба на пешачката патека покрај Охридското Езеро, во КО-Оровник, чувствуваме за потреба уште еднаш да ги запознаеме граѓаните на Дебрца и пошироката јавност за следното: Поаѓајќи од фактот дека Охридското Езеро е со закон заштитен споменик на природата, прогласено за светско природно наследство и ставено под заштита на УНЕСКО, при преземањето на градежни и слични работи во езерото и на крајбрежјето, а во…
повеќе...Заев: Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски
Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев: „Почитувани граѓани, Полноќната одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за одложено распуштање на Собранието, е уште еден пораз на Никола Груевски. После сите лаги, измами, инаетења, со денови криење од јавноста, Никола Груевски ја призна својата лична одговорност: нема услови за слободни, фер и демократски избори на 24-ти април. Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за слободни медиуми и прочистувањето на Избирачкиот список, лажниот патриот Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза. Потврдата од ЕУ…
повеќе...СДСМ: Локалитетот „Мауцкер“, наместо индустриска зона стана депонија
Општинската организација на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Наместо развојни зони, од криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ останаа само празни ливади. Локалитетот „Мауцкер“, наместо индустриска зона стана депонија. Иако во програмата на градоначалникот Бакрачески беше приоритетен проект за изградба на развојна индустриска зона ВМРО-ДПМНЕ го остави како депонија во којашто без контрола се депонира градежен, но и комунален отпад од страна на ЈП „Охридски Комуналец“. ОО СДСМ Охрид во неколку наврати претходно укажуваше дека локалната власт на несоодветен начин се однесува со локалитетот „Мауцкер“.…
повеќе...СДСМ: Два дена во градинката „Развигорче“ нема греење
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Два дена Јавната детска установа „Јасна Ристеска“ нема централно греење во својот објект „Развигорче“. Таму каде што цел ден престојуваат нашите деца, недозволиво е во зимски услови да нема греење. Поради ваквите неспособни кадри на ВМРО-ДПМНЕ трпат родителите и децата. Родителите се револтирани и со право реагираат. Дали воопшто директорката реагирала да се надмине таа состојба или сеуште е под импресии од службеното патување на официјалната делегација на општината Охрид во Нови Сад?! Патем нека им објасни на граѓаните…
повеќе...СДСМ: Од мизерните политики на Груевски Македонија е 13-та по беда во светот
СДСМ испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во Македонија приказните на Груевски за нови вработувања и инвестиции се чиста лага, а потврда за тоа дојде и од светски познатиот институт Като којшто ја смести Македонија на 13-то место по мизерија и беда во светот. Македонија е 5-та земја по мизерија и беда во Европа! Виртуелните политики на Груевски ја сместија Македонија помеѓу најбедните земји во светот како што се Венецуела, Уругвај, Молдавија, Украина. Ставрески и Пешевски главните промотори на промашените економски политики на Груевски треба да излезат и да…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува безидејното и без концепт однесување на СДСМ од Охрид
Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во која стои: „Дефинитивно ваквите соопштенија којшто очигледно се напишани како резултат на насоката од централата за присуство во јавноста и покажување определена активност, се бледи и комплетно дезориентирани по сите основи. Очигледно дека господата од СДСМ живеат во време на антивредности кога себеси си дозволиле да испратат соопштение во кое отворено ќе кажат што се требало тие да направат за Охрид, а не направиле. Замислете почитувани граѓани дојде време кога оние кои Охрид го…
повеќе...СДСМ: Криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го запустеа Охрид
Општинската организација на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески по две години и десет месеци владеење немаат никакви резултати. ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески не реализираа ниту еден проект ветен пред граѓанитe. „Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски и виртуелните проекти, Охрид го ставија на првото место по бројот на иселени млади луѓе, според податоци на Заводот за статистика за 2015 година. Економската преродба и економскиот развој на Охрид, се трансформираа во економска стагнација на градот и најголемо отселување на млади образовани луѓе во последниве…
повеќе...Али Ахмети: Изборите мора да се одржат на 24 април
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека изборите треба да се одржат на 24 април затоа што мора да се почитува договореното, на кое потпис ставиле и домашните и странските преставници. „Сите се прашуваа дали да се одржат или да не се одржат избори на 24 април. Но, јас ќе ви кажам дека за 24 април е разговарано и дебатирано со комесарот Хан, другите странски преставници, четирите политички партии и сите го прифатија тој датум. Сега тие истите што го договориле овој датум, треба да го сменат. Не треба да…
повеќе...