Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката Радмила Шекеринска и гереналниот секретар Оливер Спасовски денеска имаше работен состанок со претседателите во Централниот систем на комисии на СДСМ. И во 2015 година остануваме цврсто на ставот за враќање на демократските институции во земјава и посветени исклучиво на интересите на граѓаните на Република Македонија. Централниот систем на комисии, што го раководи претседателот Заев, направи осврт на сработеното изминатиот период и донесе едногласни заклучоци за интензивирање на теренските активности што се одвиваат во соработка со граѓаните, со цел изработка на максимално…
повеќе...Tag: партија
ВМРО-НП: Зарем не ќе беше подобро власта да скратеше само еден споменик од милион евра и да купеше опрема за чистење снег?
ОК на ВМРО-НП Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „ВМРО-НП со загриженост реагира на настаните кои ги гледаме во изминатите три дена, каде се покажа дека Македонија Пат и државата се целосно неспособни да се справат со пробивање на еден патен правец во земјава цели три дена, а притоа граѓани останаа заробени во снегот и поповеќе од 20 часа. Доколку го оставиме популизмот на страна јасно е дека освен акциите кои се правеа пред камерите друго сериозно нешто не се направи, а стотици граѓани, меѓу кои…
повеќе...СДСМ: Одговорноста за целата ситуација е на власта на Никола Груевски
ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Миле Јанакиески нека не ја префрла одговорноста само на Ј.П Македонија Пат за целата хаварија по патиштата што ги загрозува животите на граѓаните и го отежнува сообраќајот. Власта на Груевски е таа што ги задолжи граѓаните на Македонија за милионски камени фонтани, споменици и тркала, наместо да ги решава суштинските потреби. Затоа од првиот снег не се функционални голем дел од магистралните и регионалните патни правци, до малите улици. Миле Јанакиески и Гајур Кадриу заедно мора веднаш да…
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев со честитка по повод Католички божик
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, по повод Бадник и големиот празник Рожденство Христово Божик, упати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија. „До Вас лично и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, упатувам срдечни честитки за денешниот голем ден Бадник и за утрешниот големиот христијански празник Рожденство Христово Божик. Ви посакувам добро здравје, благосостојба…
повеќе...СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски бега од соочување со граѓаните на Македонија
ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение, во кое се вели: „Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски бега од соочување со граѓаните на Република Македонија. Претставниците од владеачката партија, вчера не дојдоа на дебатата организирана од Младинскиот совет од Охрид на тема „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското Езеро“, на којашто беа поканети пратениците од 5-тата изборна единица и советници. На дебатата присуствуваа голем број граѓани и граѓански здруженија, урбаните и месните заедници. Требаше да се дебатира, да се отворат заедничките проблеми и предложат решенија. Но, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и претставниците…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштението на ОО на СДСМ Охрид
Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО–ДПМНЕ, во која стои: „Општинскиот огранок на СДСМ од Охрид, очигледно понесени од еуфоријата што нивниот претседател ги удостои со неговото присуство, заборавиле да го прашаат што тој видел на пат кон Охрид. Но еве ние во негово име ќе им го пренесеме одговорот на тоа прашање. На пат кон Охрид, нивниот лидер ја видел изградбата на автопатската делница која ги поврзува Охрид и Кичево, а на самиот влез во градот го забележал новиот лик, како што…
повеќе...СДСМ: Вистината е дека охриѓани не се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески
Во врска со соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, реакција испрати ОО на СДСМ Охрид во која стои: „Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески се многу потресени од големиот интерес којшто го пројавија граѓаните на Охрид и охридско и што во толку голем број го пречекаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Вистината е дека охриѓани не се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески. Тие во овие нецели две години не направија ништо од ветеното. Најмалку што можат е да се фалат со бројки од криминални избори. СДСМ уште еднаш…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Која бомба по ред е оваа со која синоќа на охриѓани во нивниот роден град им се закани лидерот на СДСМ , Заев?
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во врска со одржаната трибина на СДСМ во Охрид. Во соопштението стои: „Моралот и вредностите на СДСМ се исти, тоа се криминогени , неискрени вредности во кои нема работа а има многу лаги и празни зборови. Која бомба по ред е оваа со која синоќа на охриѓани во нивниот роден град им се закани лидерот на СДСМ , Зоран Заев? Бомби фрлаат од СДСМ но самите себе си се уништат и се повеќе паѓаат на политичкото дно. Најдобриот мелем на СДСМ, пред…
повеќе...ЛДП: Дали постапката со поставување на лизгалиште беше спроведена и минатата година?
ОО на ЛДП Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „ЛДП е задоволна што службите на општина Охрид, веројатно увидувајќи на укажувањата од страна на советникот од редовите на ЛДП -Охрид, за коректно спроведување на процедурите околу поставувањето на лизгалиштето, вродија со плод. Повеќе од очигледно е дека постапката која се спроведува оваа година за поставување на лизгалиштето не е ни налик на онаа од претходната, за која пак постојано тврдеа дека е во рамките на правилата и процедурите. Како партија со наш претставник во советот на Општина…
повеќе...СДСМ организира трибина со граѓаните на Охрид „Заедно од проблемите до решенија“
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира трибина со граѓаните на Охрид: „Заедно од проблемите до решенија“. Трибината ќе се одржи во среда, на 17.12.2014 год. во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот. ОО на СДСМ Охрид ги поканува сите заинтересирани сограѓани да повелат на трибината и да земат учество во граѓанската дебата со претставниците од највисокото партиско раководство на СДСМ, како и коалиционите партнери.
повеќе...