Цветкоски: ВМРО-НП во својата програма посебно внимание посветува на економскиот развој на Македонија, посебно на Југозападниот регион

Економскиот развој на Југозападниот регион на Република Македонија, беше темата на денешната прес-конференција на ВМРО-НП Охрид. Како што рече кандидатот за пратеник на ВМРО НП, Владо Цветкоски, народна партија во својата програма посебно внимание посветува на  економскиот развој на Република Македонија, а посебно на Jугозападниот регион. „Југозападниот регион кој го опфаќа изборна единица бр.5 е најсиромашен регион во Република Македонија. Тоа е регионот кој има најголема невработеност, кој има најлоша патна инфраструктура и регион во кој најмалку се инветирало во последните 8 години. Од друга страна, тоа е регион со…

повеќе...

СДСМ: Визијата на СДСМ е Македонија да стане општество на бројна, економски стабилна и финансиски одржлива средна граѓанска класа

Визијата на СДСМ е Македонија да стане општество на бројна, економски стабилна и финансиски одржлива средна граѓанска класа. Само таквата средна класа, која треба да зафаќа над 80% од вкупното население, може да биде гарант за брз економски развој на државата и за подигнување на животниот стандард на населението. Македонија мора да има економија што ќе биде компатибилен дел од економијата на ЕУ. Вака ја започна денешната прес конференција, претседателот и кандидат за пратеник на ОО СДСМ Охрид, Томислав Тунтев. „Враќањето на дел од ДДВ-то на секој граѓанин, воведувањето на…

повеќе...

Мизо: Охридско-струшкиот регион има голем потенцијал да биде еден од лидерите во привлекување на инвестиции во Македонија

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес одржа прес-конференција на која, најпрво кандидатите за пратеници од 5-тата изборна единица, Александар Николоски, д-р Сашо Василевски и д-р Љубен Арнаудов, како и директорот на Дирекцијата за слободни еконмски зони, Виктор Мизо, на сите граѓани на Охрид од православна вероисповед им го честитаа најголемиот христијански празник Велигден, и им посакаа убави празнични моменти во кругот на семејството, многу здравје, како и лични и семејни успеси во иднина. Пратеникот Александар Николоски, рече дека традиција на ВМРО-ДПМНЕ е за Велигден да се соопштуваат убави вести, и токму…

повеќе...

СДСМ: Денес продолжи ширењето на безочните лаги и манипулации од прес-конференциите од ДПМНЕ

ОО на СДСМ Охрид испрати реакција во однос на прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, на која зборуваше советникот Климе Шешоски. Во реакцијата стои: „Срамотата и резилот никако да престанат во ДПМНЕ. Повторно невистини и измислици од Центарот за лаги и манипулации на ДПМНЕ од Охрид. Денес, на Величетврток, кога нашите мисли треба да бидат посветени на Тајната вечера, на бескрајната почит кон сопствените ученици, соработници и пријатели, како и на заедничката молитва за сплотеност и заедништво, денес продолжи ширењето на безочните лаги и манипулации од прес конференциите од ДПМНЕ.…

повеќе...

Костоски: После 27-ми април прво што ќе направиме е ќе го укинеме екстерното оценување

ОК на ВМРО-НП Охрид денес одржа прес-конференција, на која зборуваше претседателот и носител на пратеничката листа од ВМРО-НП Охрид, Ванчо Костоски. Целта на оваа прес-конференција беше оценувањето на еден од проектите на ВМРО-ДПМНЕ, проектот од областа на образованието, односно екстерното оценување. Според Костоски наместо образованието да напредува, имаме назадување во сите сегменти од образованието, било во основното, средното. Најголеми пропусти биле направени во факултетското, односно универзитетското образование. „За да бидат актуелни, го донесоа таканареченото екстерно оценување, кое што не претставува ништо друго туку само држење на контрола и на професорите…

повеќе...

Шешоски: СДСМ не е политичка опција која им е потребна на народот, тоа е и повеќе од јасно

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес одржа прес конференција, на која зборуваше советникот при општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Климе Шешоски, кој истакна дека креирањето на политика која се базира врз проверени и докажани факти е симболика на ВМРО ДПМНЕ. „Изминативе години на државно ниво и последната година на локално ниво откако ВМРО ДПМНЕ ја има власта покажува целосна посветеност кон потребите на граѓаните. Од друга страна, СДСМ не е политичка опција која им е потребна на народот, тоа е и повеќе од јасно. Впрочем Охриѓани се тие кои најдобро и најдолго можеа…

повеќе...

Кузески: Охриѓани три години по вина на одговорните лица од ДПМНЕ, останаа без основните болнички услуги во секундарната здравствена заштита

ОО на СДСМ Охрид денес одржа прес конференција, на која зборуваше портпаролот на СДСМ, Александар Кузески. Кузески на прес средбата со потсетување кон одговорните лица во ВМРО- ДПМНЕ, посебно одговорните во охридската општа болница, излезе со неколку документирани факти, за кои како што рече ќе ги покажат нивните лаги и манипулации. „Како што објаснивме вчера, ДПМНЕ се’ уште се обидува да игра на картата – народот кратко памети и брзо заборава. Охриѓани цели три години, од 2010 до 2013 година, исклучиво по вина на одговорните лица од ДПМНЕ, останаа без основните…

повеќе...

СДСМ: Од што се плашат во ДПМНЕ да излезат на соочување пред охридската јавност

Во врска со денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, на која зборуваше претседателот на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, Сашо Донев, реакција испрати ОО на СДСМ Охрид, во која стои: „Според онаа народната „Ред се редат редум сејмени мамо“, од Центарот за лаги и манипулации во ДПМНЕ од Охрид секојдневно се појавуваат нови „експерти“, кои безочно ја лажат охридската јавност. Спротивно на сите законски прописи, директори на општинските јавни претпријатија, на здравствените и образовните институции ја злоупотребуваат својата службена положба и во работно време, во името на партијата на…

повеќе...

Донев: СДСМ и нивните кандидати за пратеници покажаа и докажаа дека нивната политика во Охрид е погубна

Козинстентноста во делувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон она што значи просперитет, напредок, домаќинско работење е јасно и препознатливо. Тоа народот го согледува и на државно и на локално ниво. Тоа е факт. Вака ја започна денешната прес конференција претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев. „Од друга страна во неколку наврати укажувавме и понатаму ќе ја информираме јавноста за начинот на работа на СДСМ, на нивните веќе видени функционери кои сакаат да се амнестираат од нивното политичкo минато и денес да ни се престават како нови лица на охридската односно македонската…

повеќе...

Цветкоски: ВМРО-НП во својата програма посебен акцент става на грижата и заштитата на животната средина

ОК на ВМРО-НП денес одржа прес конференција, на која зборуваше кандидатот за пратеник Владо Цветкоски. Прес средбата беше посветена на заштитата на Охридското Езеро. Како што кажа Цветкоски, ВМРО-НП во својата програма  посебен акцент става на грижата и заштитата на животната средина. „Охридското Езеро претставува најголемото богатство на Република Македонија. Економскиот развој на охридско-струшкиот регион не може да се замисли без локалниот развој на  туризмот во Охрид и Струга. Охридското Езеро во таа концепција е клучниот фактор. Затоа најголема обрска на сегашниве и идните генерации е да се грижат за Охридското…

повеќе...