Во просториите на ОО на СДСМ Охрид денес се одржа прес конференција, на која зборуваше портпаролот, Александар Кузески. „Обидот на ДПМНЕ се‘ уште да игра на картата – кратко памтење на народот – веќе не пали. Ги научи народот нивните провидни обиди да глумат спасители и градители, да си се фалат самите со скапите реклами платени со парите од народот, а всушност ништо да не прават за тој ист народ и само да ја дефокусираат јавноста од нивната катастрофална економска политика. Охриѓани тоа најдобро го знаат и го чувствуваат секој…
повеќе...Tag: партија
СДСМ: Каде беше Костеска во изминатите 8 години да алармира, за како што вели таа „катастрофалните состојби во градинките“
ОО на СДСМ Охрид денес испрати реакција во врска до вчерашната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ, на која зборуваше директорката на ЈОУД „Јасна Ристеска“, Роза Костеска. Во реакцијата стои: „До каде може да оди човечката безличност и газењето врз сопственото човечко достоинство покажа вчерашната изјава на актуелната директорка на детската градинка, Роза Костеска. Невистините и личните дискредитации, што пристигнуваа до сега на сметка на претседателот на ОО на СДСМ Охрид од страна на Центарот за лаги и манипулации на ДПМНЕ, се обидовме да ги сфатиме како дел од политичката…
повеќе...Заев: Груевски дали ти лично си земал 1,5 милиони евра кеш?
Претседателот на Социјаледемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев на денешната прес – конференција рече дека, како што ветил, до крај ќе го разобличат кој е главниот креатор на криминалите во Република Македонија. Тој дирекно го праша премиерот Никола Груевски дали од познат бизнисмен зел 1,5 милиони евра. „Објавувавме во изминатиот период многу финансиски афери за кои институциите молчат и непостапуваат. Чекаат македонската јавност да заборави, додека институциите наводно работеле. Сите тие афери водеа кон врвот на власта, кон најблиските луѓе на Груевски, но пропагандната машинерија секогаш успеваше да го држи…
повеќе...Костоски: Ако сакате да ја доживеете демократијата гласајте за ВМРО-НП
Претседателот и носител на пратеничката листа на ВМРО-НП Охрид, Ванчо Костоски на денешната прес конференција се обрати до како што рече, десно ориентираните гласачи во Република Македонија, оние кои што би го дале гласот за ВМРО – Народна партија или за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа и до сите граѓани на општина Охрид. „Би сакале да направиме една разлика меѓу програмите на Народна партија и на ДПМНЕ, односно онаа нивна реална програма и состојба во Р.Македонија, а не онаа која што ја прикажуваат во бајките на нивните реклами, скапо платени реклами од буџетот на Р.Македонија,…
повеќе...Костеска: Градинките под раководство на поранешната власт беа доведени во катастрофална состојба
ВМРО ДПМНЕ има морална обврска кон своите граѓани и пошироката јавност за изнесување на неколку од многуте факти кои сведочат за негрижата на претходната локална власт предводена од СДСМ во која Томислав Тунтев ја имаше функцијата на заменик градоначалник, рече на денешната прес конференција, директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска. „Еден од тие факти е недомаќинското раководење со градинката, а со тоа и за негрижата за најмладата генерација која всушност преставува иднината на нашиот град. Во т.н мрачен период на Охрид покрај многуте сфери кои доживееја своевиден колапс, истиот ефект…
повеќе...СДСМ: Битката во првиот круг заради познатите причини опозицијата можеби ја изгуби, но не ја изгуби и борбата
Во врска со денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, реакција испрати ОО на СДСМ, во која стои: „Со забелешката дека СДСМ од Охрид не им ја честитала победата на ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори, само се потврди фактот дека се работи за една крајно арогантна и самобендисана опција, која го подели народот и внесе анимозитет меѓу граѓаните. СДСМ е сериозна партија, со сериозни намери за доброто на Охрид и за доброто на Македонија – за доброто на охриѓани и на македонскиот народ. Победа се честита кога…
повеќе...Танасоски: Победа се честита кога е освоена во фер борба
Кандидатот за пратеник на СДСМ Охрид, Ѓоко Танасоски, денешната прес конференција ја започна со одговор на текстот објавен во локалните медиуми, за тоа дека СДСМ не им ја честитал победата на Иванов и ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори. Танасоски рече победа се честита кога е освоена во фер борба. „Во име на прогресивни идеи, кога е постигната на чесен начин, кога има почит меѓу спротиставените страни за ставовите и правата и на неистомислениците. Но секако не, ако голем дел од нив лесно се откажале од своето мислење заради…
повеќе...Заев: Продолжуваме поодлучно од кога било
Социјалдемократскиот сојуз поодлучно од кога било ја продолжува борбата за слобода и демократија, рече на прес конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Цврсто влегуваме во втората фаза од предизборието кадешто се преклопуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори. Јасно е. Вчерашните изборни резултати се резултат на систематскиот притисок на власта на Никола Груевски преку државните инструменти изминатите 8 години, и на ништо друго. Сепак, и покрај сите закани и уцени, вчера зад опозицијата застанаа околу 330 илјади граѓани на Република Македонија, што е растечка тенденција, а уште огромен број гласачи од…
повеќе...Заев: Ова не е волјата на народот, ќе го разберат тоа на 27-ми април
Резултатот од првиот круг за избор на претседател на Република Македонија не е воопшто очекуван ниту од нас како опозиција, ниту според наше верување од мнозинството граѓани на нашата земја, рече синоќа на прес конференција, претседателот на СДСМ Зоран Заев. „Во изминатиот период бевме сведоци на масовна поддршка на опозицијата и нашиот кандидат за претседател на државата. ВМРО-ДПМНЕ исплашена од губењето на власта, преку системска кражба на гласови во деновите пред и на денот на изборите ја спречи волјата на граѓаните. Крајниот резултат е нов удар врз кревката демократија во Македонија. Но,…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Иванов води со 100.000 гласови пред Пендаровски
Ѓорге Иванов води пред Стево Пендаровски со 100 илјади гласови, според информациите на Аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ. Од околу 73 отсто од преброените гласови (обработени 650.000 гласови), 347. 380 гласале за Иванов, а 247.380 гласале за Пендаровски. Илјаз Халими освоил 24.480, а Зоран Поповски 20.569 гласови. Од досега преброените ливчиња 14.008 се неважечки. Излезноста на овие избори е 52,33 отсто.
повеќе...