Дамоска Секулоска: Добро е што СДСМ низ наводни критики всушност ги промовира капиталните проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Партијата која што осум години не успеа да направи никаков јавен објект вклучувајќи и затворен пазар кој ќе служи за интересот и потребите на граѓаните на Охрид, денес критикува факт дека Локалната предводена од ВМРО ДПМНЕ отпочна процедура за градење на затворен пазар што е дел од програмата и процес кон исполнување на ветување за кое што гласаа граѓаните, рече на денешната прес конференција советничката од ВМРО ДПМНЕ Јованка Дамоска Секулоска. „Да се критикува отпочнување на процес за градба на затворен пазар повеќе доликува на пофалба за активностите и заложбите…

повеќе...

Стојаноски: На вчерашната седница на Советот беа донесени одлуки кои негативно ќе се одразат врз понатамошното работење

ОО на СДСМ Охрид, на денешната прес-конференција реагираше на вчерашната одржана 22 седница на Советот на Општина Охрид, на која биле донесени неколку одлуки за кои што од СДСМ сметаат дека негативно ќе се одразат врз понатамошното работење на Локалната самоуправа, Јавните комунални претпријатија, а секако и врз живеењето и работењето на граѓаните на општина Охрид. Тие реагираат на следните одлуки: 1. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈПП за изградба на затворен зелен пазар во Охрид, 2. Предлог Одлука за донесување на…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ упорно како да оди против народот со тоа што ги наградува личностите кои беа дел од тимот на СДСМ

И денес како и во изминатиот период очигледни се недоследностите и непрактикувањето на она што преставува интерес на граѓаните и градот Охрид од страна на СДСМ, рече на денешната прес конференицја портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никол Митровиќ. „Во моменти кога од нив во најмала рака се очекува јавно извинување за се она што се направи со нивното уништување на градот Охрид, СДСМ упорно како да оди против народот со тоа што  ги наградува личностите кои беа дел од тимот на СДСМ кој владееше  во т.н мрачен период на…

повеќе...

Кузески: Охрид ги има сите потребни предуслови да стане лидер во спортскиот туризам

Општина Охрид до претходната година имаше пракса да ги подржува спортските клубови во градот со обезбедување превоз и основни средства за котизација на екипите кои се натпреваруваа во сениорските и младинските лиги. Вака ја започна денешната прес конференција портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески. „Новата локална власт во Охрид, следејки ги политиките на централната извршна власт за бркање на младите од сопствената држава, ги презеде следниве конкретни чекори: – Згаснување на женската фудбалска екипа, актуелен шампион на Република Македонија и учесник во лигата на шампионите. – Кошаркарскиот клуб…

повеќе...

Претседателскиот кандидат на ГРОМ во четврток во Охрид

Претседателскиот кандидат од ГРОМ, проф. д-р. Зоран Поповски во четврток (3 април),  ќе се претстави пред граѓаните на Охрид. Во 18 часот во просториите на ГРОМ-Охрид, Поповски ќе одржи средба со граѓаните. Во 18 и 30 часот ќе прошета по охридската чаршија, а во 19 часот кандидатот за претседател на ГРОМ, Поповски ќе одржи митинг на градскиот плоштад, информираат од партијата.

повеќе...

СДСМ од охридско: Го нудиме она што на Македонија и треба – Стево Пендаровски!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во текот на денешниот ден оствари средби со жителите во Лешани, Мешеишта и Оровник, додека заменик претседателката Шекеринска оствари средби со граѓани во Струга и Радожда. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево ја продолжи посетата на населените места во охридско. Од Пештани Заев упати јасна порака дека она што и треба на Македонија, вистински Претседател, го нуди токму СДСМ. „СДСМ го нуди тоа што и треба на наша Македонија, вистински претседател, Стево Пендаровски“, рече Заев. Пендаровски секогаш е опкружен со народ, луѓето му приоѓаат и го…

повеќе...

Четиринаесет партии доставија листи на кандидати за пратеници

До 29 март 2014 година до 24 часот, во Државната изборна комисија листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија доставија 14 политички партии меѓу кои се и пет коалиции. За сите шест изборни единици во Република Македонија и за трите изборни единици во странство, листи на кандидати доставија – Демократска унија за интеграција (ДУИ), СДСМ и останатите партии во коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ и останати партии во коалицијата. Демократската партија на Албанците (ДПА) до Државната изборна комисија поднесе листи на кандидати за пет изборни единици (1, 2, 3,…

повеќе...

Кандидатски листи за пратеници од СДСМ и коалиционите партнери

Погледнете ги кандидатските листи за пратеници од СДСМ и коалиционите партнери: Изборната единица број 1 1. Рената Дескоска 2. Софија Куновска 3. Стефан Богоев   4. Љубомир Јосифовски 5. Дуфе Кукоски  6. Солза Грчева  7. Лидија Димова  8. Сафет Бишевац 9. Кире Наумов  10. Бобан Јанкоски, 11. Анета Симеска Димоска  12. Далибор Богдановски  13. Драган Ацевски  14. Дарко Каевски 15. Тамара Баара 16. Андреја Кнежевски  17. Драган Баварчиќ  18. Невена Спасовска 19. Христијан Јосифовски 20. Ангела Велинова Изборната единица број 2 1. Петре Шилегов  2. Љубиша Николиќ  3. Соња Мираковска …

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ со листи за апсолутно мнозинство во Парламентот

Познати се носителите на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори, со кои владејачката партија ќе атакува на апсолутно мнозинство во Парламентот и 62 пратеника. Премиерот Никола Груевски традиционално е носителот на листата во првата ИЕ, која важи за лидерска единица каде се борат за доверба лидерите на партиите. Откако лидерот на опозицијата Зоран Заев избега од директно соочување со Груевски, според анкетите на гласачките места се очекува победа со три пати повеќе гласови на Премиерот против носителот на СДСМ Рената Десковска и Радмила Шекеринска. Гордана Јанкулоска по трет…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ упорно продолжува кампања исполнета со лаги и манипулации

Во врска со денешната прес конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои: „СДСМ упорно продолжува кампања исполнета со лаги и манипулации. И тоа е впечатливо за нив. Но не е јасно како може СДСМ да се дрзнува да го напаѓа ЈП Билјанини извори, Локалната самоуправа и пред се ВМРО ДПМНЕ за одредени решенија на проблематики кои се произлезени токму од нивното владеење со градот Охрид. СДСМ доволно е само да се потсетат во каква состојба го оставија ЈП Билјанини извори како дел од…

повеќе...