ВМРО- НП денес одржа прес конференција, на која реагираше на намерата на Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески за јавно – приватно партнерство (Приватизација) на уличното осветлување. „ВМРО – Народна партија реагира до Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, наместо да одат со приватизација на уличното осветлување, замената на постоечките стандардни светилки со led диодни светилки да го изврши самата Општина Охрид. Имено, на една од последните седници на Советот на општина Охрид беше донесена одлука од страна на владејачкото мнозинство за ЈПП (јавно – приватно партнерство) и беше усвоена физибилити студија за…
повеќе...Tag: партија
ВМРО-ДПМНЕ: На ДПМНЕ и припаѓа историската обврска за спасување на градот Охрид од банкрот
Граѓаните на Охрид во изминатава година беа сведоци на макотрпна работа на Локалната самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ, беше речено на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. „Проблемите со кои се соочуваше новото раководство при преземањето на Локалната самоуправа се проблеми кои ги допираа сите аспекти на функционирањето на градот. Само милионската сума на долг од над 32 милиони евра говори за бесконечниот амбис во кој била вовлечена Општина Охрид со владеењето на СДСМ во изминативе 8 години.Од друга страна: НА ВМРО ДПМНЕ и припаѓа историската обврска за…
повеќе...СДСМ: На Плаошник се случува страшна и безмилосна армирано-бетонска узурпација и девастација на вековниот духовен простор
Ова што го гледате овде е доказ за тоа како ДПМНЕ ја практицира власта во однос на нашето културното и историското наследство. Ова што се случува овде е големо зло – бескрупулозен атак врз најсветата, најзначајната и со векови најзаштитената локација во Охрид. Вака рече на денешната прес-конференција претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев, која се одржа на Плаошник. „Овде, на Плаошник, или Имарет – како што со години се охриѓани го нарекуваа ова свето место – се случува страшна и безмилосна армирано-бетонска узурпација и девастација на вековниот…
повеќе...Павлина Огненоска назначена за координатор на форум на жени на ОО Дебарца
Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова ja назначи Павлина Огненоска за Координатор на форум на жени на Општинска организација Дебарца. Координаторката на Форумот на жени на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија оваа одлука за назначување на Координаторка на Форумот на жени на Општинската организациии на СДСМ ги донесе врз основа на член 19 став 2 од Правилникот за организација и делокруг на работата на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како и Одлуката за распишување на избори во Форумот на жени на СДСМ усвоена на Тринаесетата…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Во ДПМНЕ секојдневно се зголемува бројот на нови членови што кажува за интересот и самата определеност на граѓаните на Охрид
Во врска со соопштението на ВМРО-НП, во кое се обвинува ВМРО ДПМНЕ, дека продолжува со притисоците и малтретирањата врз граѓаните на општина Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО ДПМНЕ, во која стои: „Фрустрацијата која ја има Народна партија поради неможноста за враќање на политичката сцена очигледно им преставува мотив повеќе за да ја заморуваат јавноста со нивните безначајни ставови. Препознатлива е реториката, вокабуларот и стилот на одредени личности кој своето лично незадоволство го насочуваат кон целосно клеветење и изнесување на лаги и невистини кон челните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и Локалната…
повеќе...ВМРО-НП: Продолжуваат притисоците и малтретирањата врз граѓаните на Охрид
ВМРО-НП испрати соопштение до медиумите во кое обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со притисоците и малтретирањата врз граѓаните на Охрид. „Движењето ДПМНЕ продолжува со притисоците и малтретирањата врз граѓаните на Охрид. Ова движење ќе биде запаметено во историјата на Република Македонија како најнедемократска и најдиктаторска партија. Имено, деновиве, чувствувајќи го стравот од падот на рејтингот, од вработените во државните институции се бара на список, со име презиме и матичен број, да донесат по тројца нови членови и гласачи на машинеријата на ДПМНЕ. Во спротивно, директорите, раководителите и одговорните лица им се…
повеќе...ЛДП: ЛДП и советникот Блажески ќе останат доследни на барањето за доставување на договорот за лизгалиштето
ЛДП на денешната прес-конференција потенцираше дека изминало многу време од како советникот Дејан Блажески побарал од Секретарот Спасески да го достави договорот за лизгалиштето на јавноста и истовремено службите да ја достават целокупната документација на домашна адреса – законско право на секој граѓанин, а не само на советник. „Имено, до ден денес, советникот Блажески нема добиено никаков одговор, освен барање за извинување и повлекување јавна изјава како предлог пред да биде започната постапка за тужба за клевета од страна на Секретарот кон нашиот советник. Очигледно е дека Секретарот, веројатно е…
повеќе...Формиран Форумот на жени на ГРОМ – Охрид
Општинската организација на ГРОМ – Охрид, вчеравечер, 10-ти февруари, го формираше Форумот на жени и го избра раководството кое ќе ги координира партиските активности на претставничките од понежниот пол на партијата во Охрид. За претседател беше избрана Драгана Крстеска, диломиран економист и сопственик на приватна фирма, за потпретседател Сања Тасевска, дипломиран менаџер по осигурување и магистранд на ФТОН и за секретар беше назначена Марија Кука, магистер по социјални работи и новинар. За раководните функции се одлучуваше по доставени предлози на секоја од присутните членки на партијата и тие заедно најголема доверба…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Ќе продолжиме и понатаму кон реализација на ветувањата и кон создавање на услови за подобар живот
Денес, сведоци сме на безидејност, безначајност и безпредметност од страна на СДСМ, вака ја започна денешната прес-конференција, портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ. „Уште еден пример кога СДСМ го покажува своето вистинско лице исполнето со толкување на невистини и клевети. Замислете, тие се истите оние кои имаа можност цели осум години да покажат на дело убави работи за Охрид, а оставија само милионски долгови без реализација на нити еден витален проект. И токму тие се дрзнуваат да зборуваат за нереализирани проекти и тоа во време кога ВМРО-ДПМНЕ успева да…
повеќе...СДСМ: Се врши експропријација на земјиштето околу Охридскиот аеродром
Ова е Имотниот лист бр.184 од катастарската општина Оровник, каде што како сопственик на регистрираните парцели фигурира државата – Република Македонија. Во него се регистрирани парцели што во 2009 година се експроприрани од страна на државата, односно откупени се од сопствениците на нивите, за потребите на аеродромот. Вака на денешната прес-конференција обвини портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески. „Тоа е направено во периодот непосредно пред потпишувањето на договорот за концесија помеѓу Владата и концесионерот на македонските аеродроми. Притоа, државата зеде обврска дека на источната страна од аеродромскиот комплекс…
повеќе...