ОК на ВМРО-Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Годинава градоначалникот Бакрачески е кум на големиот празник Богојавление – Водици. И според обичаите, кумот во текот на цела година треба да им помага на луѓето. Бакрачески, спротивно на тоа, деновиве дваесетина вработени во Локалната самоуправа ги остави без работа, а нивните фамилии ги турна во голата борба со егзистенцијата. Паднаа во вода сите ветувања во предизборната кампања на Бакрачески и ДПМНЕ дека нема да има политички реваншизам и отпуштање од работа на неистомислениците. Напротив, ваков политички реваншизам…
повеќе...Tag: партија
СДСМ: Властите на ДПМНЕ прават се со една единствена цел – блатото да се пренамени во развојно туристичка зона и да се урбанизира
Со Интегрираната студија од јануари 2012 година, студенчишкото блато е валоризирано како природен феномен и истакнато е неговото особено значење за Охридското Езеро. И во Просторниот план на Република Македонија (2000-2020) е потврдено значењето на блатото и е предвидено воспоставување на заштитено подрачје во категоријата споменик на природата. Предложеното заштитено подрачје – Студенчишко Блато, во категоријата споменик на природата, зафаќа површина од 64 ha. Од заштитеното подрачје, со студијата се предвидени: 27 ha зона за одржливо искористување, 21 ha зона за активно управување и 16 haзона на строга заштита, беше…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Сметаме дека ваквите празни пресови на СДСМ се очајнички обид за внимание на кое охриѓани не потклекнуваат
Во врска со денешната одржана прес-конференција од страна на ОО на СДСМ Охрид, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати реакција во која се вели: „Секојдневно сме сведоци на изјави, пресови, соопштенија на ОО СДСМ Охрид во кои се изнесуваат само голи фрази, клевети, лаги и манипулации.Со ваквиот начин на барање медиумско внимание во најмала рака СДСМ ги потценуваат охриѓани. Имено,само да потсетиме дека СДСМ во нивното 8 годишно владеење во Охрид не само што не направија ништо туку и го уназадија нашиот град. Позади нивното владеење оставија милионски долгови, хаос во…
повеќе...СДСМ: Она што се случува во манастирскиот комплекс Св.Наум е само резултат на незаконското работење на државните институции на ДПМНЕ
Последниве неколку месеци сведоци сме на уште едно еклатантно непочитување на пра вата на одредени жители во Општина Охрид и нивно обесправување, како последица на незаконското делување на одредени државни институции од власта на ДПМНЕ. Она што се случува во манастирскиот комплекс Св. Наум, со насилното отстранување на времените објекти, со едностраното укинување на стекнатите права на жителите од с. Љубаништа, со бесправната сеча на дрвјата и со незаконската изградба и поставување на нови градежни и времени објекти, е само резултат на несовесното, недомаќинско и, пред се‘, незаконско работење на…
повеќе...Формиран Форумот на млади на ГРОМ
Над 150 млади членови на Општинската организација на ГРОМ – Охрид, вчера, 26.01.2014, отпатуваа во Скопје, предводени од претседателот на ФОМ ГРОМ – Охрид, Ристе Танкоски, за да присуствуваат на Основачкото собрание на Форумот на млади на ГРОМ кое се одржа во Универзалната сала. Веднаш по пристигнувањето во Скопје, членовите од Охрид заедно со останатото членство од другите општини, се придружија на Маршот на храброста, со кој го оправдаа слоганот на својата партија. Во работниот дел, ФОМ ГРОМ за свој претседател го избра актерот Бојан Велески, како и членовите…
повеќе...ВМРО-НП: ДПМНЕ ќе биде запаметена како најнепатриотска партија
ВМРО – Народна партија испрати соопштение до медиумите во кое што стои: „Во последниот период многу прашина се крена околу ректорот на државниот универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид, Нинослав Марина. Поради конфликтот со ректорот на дел од вработените на овој универзитет, од работа беше отпуштен дел од наставниот кадар. Во јавноста протекоа документи од кои јасно се гледа незаконската постапка за избор на ректор на овој универзитет, но овојпат ВМРО – Народна партија нема да навлегува во законската регулатива туку ќе ја гледаме идеолошката страна. Имено, Нинослав Марина е…
повеќе...СДСМ: До кога учениците и родителите ќе бидат жртви на самоволието на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид?
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Деновиве во образовниот систем на Општина Охрид се случи уште една тешка манипулација од страна на надлежните лица, само уште една во низата од многуте во последните 9 месеци, со која уште еднаш се покажа безидејноста, неподготвеноста и неспособноста на локалната власт од ВМРО- ДПМНЕ да ги менаџира потребите на учениците во училиштата. За да биде прекинат по секоја цена оправданиот бојкот на наставата во нас. Рача, што настана како последица на „генијалната“ идеја во еден клас заедно да…
повеќе...Сојуз за иднината: Ќе ги искористиме сите демократски средства за борба доколку не им се обезбедат соодветни услови за работа на службениците во Косел
Советничката група на Сојузот за иднината остро реагира на последното изживување и притискање на десетина вработени во Локалната самоуправа. Најавите во предизборната кампања дека нема да има никаков политички реваншизам паднаа во вода. Напротив, ваков реваншизам не е забележан откако Република Македонија е независна држава. Откако тие државни службеници беа префрлени без никаков основ во општинаската зграда во с. Косел таму се соочија со мизерни услови. Во зградата во која треба ги извршуваат работните обврски нема вода, нема греење, ѕидовите на канцелариите се со влага што сериозно може да влијае…
повеќе...СДСМ: ОК на ДПМНЕ од Охрид уште еднаш покажа крајно недостоинствен однос кон дел од нашите сограѓани
„Во предвечерјето на големиот христијански празник Василица, општинскиот комитет на ДПМНЕ од Охрид уште еднаш покажа крајно недостоинствен однос кон дел од нашите сограѓани. Таквиот однос е целосно во спротивност со сите христијански начела, критериуми и вредности. ДПМНЕ од Охрид вчера уште еднаш безмилосно и немилосрдно згазна на човечкото достоинство на голем број наши сограѓани, кои се изложени на милост и немилост на самоволието на раководните структури од партијата на власт. Во општинските простории во с. Косел беа испратени десетина државни службеници од Локалната самоуправа, кои не се ни членови,…
повеќе...ВМРО-НП: За што служат просториите на Охридско Лето?
ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите, по повод партиските состаноци во просториите на „Охридско Лето“. „Пред два дена во просториите на реномираниот и светски познат фестивал „Охридско Лето“, Унијата на жени на ДПМНЕ од Охрид одржа состанок. Фотографиите кои ги добивме укажуваат на непрофесионализмот во водењето на овој фестивал и злоупотреба на државни простории за партиски цели. Ја прашуваме директорката на фестивалот „Охридско Лето“ за што служат просториите на дирекцијата. Дали во просториите на фестивалот кој функционира од парите на граѓаните, владеачката партија треба да одржува состаноци.…
повеќе...