Конституиран новиот состав на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебарца

На синоќешниот состанок  во  просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Дебарца беше одржана Првата Конститутивна седница, со седницата раководеше новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ  Дебарца Ѓорѓи Скепароски  Професор по спорт и спортски активности кој воедно и го соопшти  новиот состав на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Дебарца. Потпретседал: Василески Стојан –Угостителски техничар и Целески Александар-Машински техничар Секретар: Билјана Суклоска м-р по Правни науки Членови на ОК Дебарца: Игор Трајкоски – Биотехнолог Илија Бутески – Дипломиран цариник Мајстороска Јагода – Текстилен техничар Јолакоски Богоја – Пензионер Николоски Сашо – Електротехничар Кожески Маријан…

повеќе...

Општинската организација на СДСМ Дебарца со нов Извршен одбор

Општинската организација на СДСМ –Дебарца, синоќа на изборна Конференција, по предлог на Претседателот на ОО на СДСМ, Зоран Ногачески, избра нов Извршен и Надзорен Одбор на општинската организација. Како гостин на Конференцијата беше присутен членот на Извршниот одбор на СДСМ,  Ѓоко Танаскоски. Во своето обраќање до присутните Претседателот  на ОО на СДСМ Дебарца  во кратки црти ја презентира програмата на ОО СДСМ Дебарца, чија основна цел ќе биде  Општинската организација  да се врати на победничките патеки, со што ќе се даде придонес во создавањето на новиот победнички СДСМ. Тимот со…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Личностите кои ги изгласаа сите можни штетни урбанистички решенија во Охрид, од што и профитираа, обвинуваат за недоследност и непринципиелност

Во врска со вчерашната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, ОК на ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција, во која стои: „СДСМ дефинитивно се наоѓа во офсајд-позиција. Нивниот вчерашен несериозен настап, насловен како пресс на ОО на СДСМ, предизвикува чувство на нелогичност и тотално испревртени констатации, кои се збунувачки за граѓаните на Охрид.  Вчера СДСМ од Охрид беа фатени во сопствена замка. Личностите кои ги изгласаа сите можни штетни урбанистички решенија во Охрид, од што и  профитираа, обвинуваат за недоследност и непринципиелност.  ВМРО-ДПМНЕ стои на своите ставови за кои се бореше и…

повеќе...

СДСМ на прес-конференција се осврна на повлечените две точки од урбанистичката сфера

На денешната прес-конференција, ОО на СДСМ Охрид се осврна на точките од дневниот ред на седницата на Советот на Општина Охрид, која се одржа на 29 октомври. Во прилог ви ја пренесуваме денешната прес-конференција во целост: „При утврдувањето на Дневниот ред за 12-тата седница на Советот на Општина Охрид, што се одржа во вторникот, на 29 октомври, претставникот од Локалната самоуправа повлече две точки од предложениот Дневен ред, што беа од урбанистичката сфера. Притоа, образложението што го чувме од надлежните беше дека деталните урбанистички планови, за урбаната заедница 2, опфат 4 и опфат 5,…

повеќе...

ВМРО-НП: Да се избере директор на ЈП „Билјанини Извори“

Во врска со  директорското место на  ЈП „Билјанини Извори“, ВМРО – Народна партија испрати соопшетение, во кое стои: „Помина скоро цел еден месец откако поранешниот в.д. директор на ЈП „Билјанини Извори“, Иван Цветкоски поднесе оставка од функцијата. Од тогаш, па до денес претпријатието нема директор. Сметаме дека со непоставувањето директор на ова јавно претпријатие се прави штета на градот. Најмногу засегнати во таа штета се вработените во ЈП „Билјанини Извори“, но и сите оние кои добиваат услуги од него. Законот за јавни претпријатија вели дека до изборот на нов директор, управниот…

повеќе...

ЛДП: Дали денес на седницата на Советот ќе бидат ставени двете точки кои беа повлечени на претходната седница?

„ЛДП е задоволна од контрареакцијата на реакцијата од Сојузот за иднината, имајќи предвид дека се подигнало барем нивото на писменост за разлика од минатото соопштение од партијата на власт, истовремено и повикана како политички субјект да одговори на прозивките. Од друга страна, повторно депримира несфаќањето на основната поента на реакцијата од Сојузот за иднината, односно, очигледната неподготвеност на ДПМНЕ да биде на ниво на задачата. За жал, се решиле да пишуваат за нечија маргиналност несфаќајќи ја првенствено својата неважност и необразованост. За волја на вистината пак, Жерновски (кој не знаеме…

повеќе...

СДСМ Дебарца: Скандалозни вработувања во Македонски шуми на „социјалци“ и од општина Дебарца

ОО на СДСМ Дебарца реагира на 1600-те вработувања во „Македонски шуми“: „И општина Дебарца не е исклучок од скандалите што ги приреди власта со вработувањето на 1.600-те социјалци во “Македонски шуми”. Според податоците со кои располагаме  пет лица со живеалиште во општина Дебарца се вработени во “Македонски шуми”. Останува нејасно како барабанот на Министерството за информатичко општество и Македонската телевизија “случајно’’ додели социјални вработувања исклучиво на лица кои се членови или партиски активисти на власта. Притоа, најскандалозна е вработувањето на ќерката на претседателот на Месниот комитет ВМРО ДПМНЕ с.Лешани, која…

повеќе...

Ѓорѓи Скепароски наименуван за нов претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Дебарца

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од општина Дебрца, соопштуваат дека извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го наименува Ѓорѓи Скепароски од с.Волино вработен во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ како професор по спорт и спортски активности, за нов Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за општина Дебрца. Со овој избор се најавува продолжување на успешното функционирање на овој Општински комитет.

повеќе...

СДСМ: За новите партиски вработувања во „прегломазната и преобемната“ администрација

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Изработката на новите акти за внатрешна организација и систематизација на работните места во локалната самоуправа и општинските јавни претпријатија е заснована единствено врз партиски желби и самоволие на ВМРО-ДПМНЕ и е мотивирана исклучиво од осветољубиви причини. Новата локална власт, обидувајќи се да ги задоволи големите апетити на одредени членови и симпатизери на партијата на власт, кои се роднини, пријатели или блиски соработници на најтесното раководство на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, својски се труди да ги избрка од…

повеќе...

Реакција: ОО СДСМ Дебарца секогаш работи во интерес на граѓаните на Дебарца

Во врска со интервјуто на градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски за порталот WebOhrid и од негова страна изнесените квалификации за неконструктивниот однос на ОО СДСМ Дебарца и советничката група на СДСМ во советот на општината Дебарца, кој се манифестирал со „неосновани критики во функција на здобивање ситни политички поени“ сакаме да укажеме на следното : ОО СДСМ Дебарца и советничката група на СДСМ секогаш биле конструктивни и работат во интерес на граѓаните на Дебарца. Така беше и кога ја имавме локалната власт, така е и сега кога сме опозиција.…

повеќе...