Следната година 21 милијарда денари ќе се издвојат за изградба на патишта, како изградба на трите автопати Скопје – Штип, Кичево – Охрид и Демир Капија – Смоквица, како и бројни регионални патишта меѓу кои патот од Радовиш до Штип и од Штип кон Кочани кој ќе почне да се гради следната година и ќе овозможи подобрување на конкурентноста на македонската економија. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансиии Зоран Ставрески, кој денес е во посета на општина Босилово. Вицепремиерот истакна дека буџетот за 2016 има силна развојна компонента…
повеќе...Tag: патишта
Нивелирани шахтите на улицата „АСНОМ“
Денес беше извршено нивелирање на шахтите на улицата „АСНОМ“ во Охрид. Повеќе улици низ Охрид имаат потреба од нивелирање на шахтите, но и крпење и асфалтирање на ударни дупки и прекопи. По претходно направена проценка, надлежните најпрво ќе санираат онаму каде што е најпотребно. WebOhrid
повеќе...Груевски: За изградба на локални патишта годинава ќе се инвестираат 7,2 милиони евра
Владата за изградба на локални патишта ширум Македонија годинава издвои 7,2 милиони евра, а досега за таа намена има инвестирано 57 милиони евра секаде каде што било приоритетно и најпотребно. Така ќе продолжиме и во иднина затоа што се значајни за граѓаните, за економијата и за се што е поврзано со локалните патувања, изјави премиерот Никола Груевски. „По преземањето на власта многу интензивно почнавме со градба на локални патишта и не застанавме од 2006, иако во еден период не критикуваа дека многу обрнуваме внимание на локалните патишта, а малку на…
повеќе...Утре прекин во сообраќајот на патот Охрид – Кичево
На патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински превој Пресека – с.Врбјани) поради изведување градежни работи на пат (минирање) утре (четврток) помеѓу 14.00 ч и 16.00 часот, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути, информираат од АМСМ.
повеќе...Кампања „Вози трезен-стигни жив“
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, утре ќе ја реализира кампањата „Вози трезен-стигни жив“. На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, во 11 часот, предвидентите активност ќе се спроведат во соработка со општинската организација на Црвениот крст и со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид. Тука, но и на неколку други локации во градот, предвидени се сообраќајни пунктови составени од полициски службеници и волонтери на Црвениот крст каде ќе се врши доброволно алкотестирање и делење на пригоден едукативен материјал. Целта…
повеќе...Груевски: Од октомври нови регионални и магистрални патишта, вредни над 10 милиони евра
Веќе се започнати подготвителни активности и за многу краток период почнуваме со рехабилитација на магистралниот пат Битола – Ресен – Буково во должина од 27 километри, во вредност од околу шест милиони евра, а наскоро и на патот Неготино – Радовиш, најави денеска премиертот Никола Груевски, одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Младо Нагоричане. „Во октомври ќе почнат градежните работи и на нови четири регионални и магистрални патни правци.„„Станува збор за Делчево – Голак, 11,5 километри, Мелнички мост – Центар Жупа, осум километри заедно со претходниот вредни 1,2 милиони…
повеќе...Семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“ се тип-топ
По објавата на WebOhrid: Дали ќе издржат семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“!? надлежните ја санираа информативната табла. Се очекува наскоро семафорите да бидат ставени во официјална употреба. WebOhrid
повеќе...Зголемен интензитетот на сообраќајот на патиштата низ државава
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица има задржување од 30 мин,а на граничниот премин Дојран има задржување од 15тина минути за излез од државата. Подолги задржувања има на грчкиот дел, при влез во Грција. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
повеќе...Дали ќе издржат семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“!?
Новите семафори на булеварот „Св.Наум Охридски“ ја издржаа летната туристичка сезона, но дали ќе издржат до нивното официјално пуштање во употреба!? На делницата кај Инекс Горица веќе е свиткана една сообраќајна информативна табла. WebOhrid
повеќе...Груевски: Продолжува изградбата на 126 километри експресни патишта вредни 276 милиони евра
Проектот за експресните патишта се одвива одлично. На дел од патиштата во тек се градежни активности, а за оние што не се почнати, подготовките се во завршна фаза, изјави во Дојран премиерот Никола Груевски, одговарајки на новинарско прашање. Тој најави дека следниот месец започнува темелната реконструкција на патот Гевгелија – Смоквица во должина од 10,5 километри за кој ќе бидат инвестирани седум милиони евра, а кон ноември – декември се очекува да почне и градбата на експресниот пат Градско – Прилеп со четири ленти, како и на патот од Ранковце…
повеќе...