Заменик-министерот за култура на Република Македонија, Драган Недељковиќ, во Македонската опера и балет се обрати на свеченото отворање на Републичката ревија на песни, музика и игри на пензионерите, манифестација која во континуеитет ги афирмира македонската традиција, македонскиот фолклор и изворното творештво. На манифестацијата, на која присуствуваа и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, заменик-министерот Недељковиќ истакна дека Републичката ревија на песни, музика и игри е плод на силната желба, посветеноста и длабоката почит на пензионерите во негувањето на трајните културни вредности…
повеќе...Tag: пензионери
Охрид домаќин на 13-та фолклорна ревија
Во Националната установа ЦК ,,Григор Прличев“, денес се одржа 13-та Фолклорна ревија на песни,музика и игри, од Осмиот регион на која покрај претставници од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца настапија и фолклорни групи, дуети и солисти од Здруженијата на пензионерите од Струга,Кичево,Дебар,Македонски Брод,Гостивар,Вевчани и Лабуништа. Повеќе од 120-те фолклористи се претставија со староградски рефрени и изворни песни и ора од руралните средини. Ревијата за отворена ја прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Велат дека активностите во третото доба, многу зависат од духот кој го носиме во себе,…
повеќе...Утре ќе се одржи 13-та Фолклорна ревија на песни, музика и игри на пензионерите
Утре, сабота со почеток во 10:00 часот, во Националната устаноца-Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се одржи 13-та Фолклорна ревија на песни, музика и игри, од Осмиот регион, на која ќе настапат Фолклорни групи, дуети и солисти од Здруженијата на пензионерите од Струга, Кичево, Дебар, Македонски Брод, Гостивар, Вевчани и Лабуништа, и домаќинот ЗП Охрид и Дебрца. На Фоклорната ревија ќе се престават над 120 фолклористи од осум градови од југо-западниот крај на Републикава, со староградски рефрени и изворни песни и ора од руралните средини. Учесниците и гостите на Ревијата,…
повеќе...Соопштение на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија
Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) со неизмерна тага ги прими вестите за загубените животи, повредувањето на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и за траумите кои ги преживеа локалното население во Куманово, како последица на кукавички и гнасен обид на мрачни сили, кои носени од само ним познати фрустрации и злоба посегнаа по безбедноста, слободата и соживотот на граѓаните на Македонија. ПОПГМ им изразува најискрено сочувство на семејствата на загинатите…
повеќе...Соопштение од Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија
Извршниот одбор на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), искажувајќи сериозна загриженост за длабоката државно-политичка и институционална криза во Република Македонија, раководејќи се од принципите на демократија, одговорност, граѓанско единство, мултиетничка солидарност и заложби за сеопшт просперитет на нашето општество, на седницата одржана на 28.04.2015 година донесе одлука, заради обединето делување и формално да им се придружи на политичките субјекти и невладините организации од Република Македонија кои недвосмислено се залагаат за следниве принципи и ставови: неодложна политичка одговорност на креаторите на кризата; итно и целосно политичко разрешување…
повеќе...Бањско климатска рекреација успешно се спроведува во 2015 година
Бањско климатска рекреација успешно се спроведува во 2015 година Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов денес ги посетија пензионерите кои ја користат услугата бањско-климатска рекреација во здравствена установа природно лекувалиште “Негорски бањи“ АД Негорци Гевгелија. Спасов посочи дека е задоволство кога ќе се видат на едно место толку среќни и насмеани луѓе, притоа нагласи дека токму тоа дава потик да се продолжи со реализација на проектите коишто се насочени кон…
повеќе...Спасов: Со измените на Законот за пензиско решен е проблемот на 645 пензионери
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во врска со прашањето од пратеникот Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ кое се однесува за враќање во примена на Законот за старосно осигурување на земјоделците којшто бил во примена од 1978 до 1988 година и за решавање на проблемот на неколку десетици земјоделци рече дека е со цел да се регулира стажот на осигурување на земјоделците кои биле осигурани по овој Закон кој траел од 1978 до 1988 година. „Вакви измени се направени во Законот за пензиско од 2012 година и практично одредбите…
повеќе...Пензионерите задоволни од проектот „Бесплатен туристички викенд“
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов, денес ги посетија пензионерите кои се наоѓаат на бесплатен туристички викенд во рамки на истоимениот владин проект во Дојран, хотел Полин. „Би сакал да истакнам дека грижата за пензионерите е наша обврска и должност, меѓутоа во исто време и наша заложба и задоволство едноставно достоинствениот живот на пензионерите, квалитетниот живот во третото доба е наша определба како Влада на Р.Македонија. Со реализација на низа проекти…
повеќе...Утре ЗП на Охрид и Дебрца ќе ја одржи 10-та отчетна седница
Утре (среда), Собранието на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца ќе ја одржи 10-та отчетна седница. Седницата ќе се одржи во Домот на пензионерите со почеток во 10 часот и 30 минути. На седницата ќе биде усвоен Извештајот за работа на ЗП во 2014 година, Завршната сметка и Информацијата за спроведените изборни активности во 21 Месни ограноци за нови раководства во ЗП од општините Охрид и Дебрца за мандатниот период 2015-2019 година. На седницата ќе присуствува претседателот на Сојузот на пензионерите на Македонија Драги Аргироски,кој на Собранието ќе зборува…
повеќе...Над 15.000 пензионери досега се пријавиле за бесплатен викенд и бања
Рокот за пријавување за бесплатен туристички викенд и климатско-бањска рекреација истекува в понеделник. Интересот за користењето на овие услоги е голем. Досега имаат аплицирано 15.260 пензионери, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на аудио-книги за слепи лица. Ова, рече Спасов, е навистина сериозна бројка и голем интерес за искористување на поволностите од овие два проекти коишто ќе започнат со реализација во март-април оваа година. „Уште еднаш би сакал да ги повикам сите корисници на пензија да ја искористат оваа можност…
повеќе...