Екипите на „Јавна хигиена“ при Охридски Комуналец со повеќе активности го подигнуваат степенот на јавна чистота на повеќе локации во градот и приградските населби. „Темелно се чисти и мети од наноси од песок, земја, ситен отпад, како и ситна вегетација ул.„Железничка“. Се коси и расчистува од расфрлан отпад дворот и околниот простор на подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во населба Даљан. Исто така се расчистува тротоарот покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум на потег Хидробиолошки завод – нас.Рача.“– велат од претпријатието. Оттаму додаваат дека во пресрет на планираниот состанок на министрите за надворешни работи на државите…
повеќе...Tag: пештани
Се доуредува и разубавува кејот во Пештани
Во рибарската населба Пештани во тек се активностите од втората фаза која се однесува на изградбата на пешачката патека по должината на езерскиот кеј од Рибниот ресторан кон Охрид. Во моментов завршени се 80 % од градежните активности . Во изминатиов период, просторот на патеката беше комплетно тампониран, а на површина од 450 метри квадратни поставени се бехатон елементи. По целата површина на патеката поставени се инсталации за ново улично осветлување како и инсталации за наводнување. Во моментов се уредуваат жардинјери и просторот се подготвува за хортикултурно разубавување. Втората фаза…
повеќе...Кражба во црквата „Св.Никола“ во Пештани
Засега непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св.Никола“ во Пештани. Настанот се случил вчера околу 09 часот кога сторителот низ отворените врати влегол во внатрешноста на црквата и во еден дел ја забележал металната каса. Тука употребил подесен алат, насилно ја отворил металната каса, противправно одзел околу 1000 денари и избегал. На местото на настанот, извршен е увид. СВР Охрид работи на расчистување на случајот и идентификација на сторителот.
повеќе...Утре прекин во водоснабдувањето во Пештани
Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ информираат дека утре(четврток), поради интервенција на водоводната линија ќе има прекин во водоснабдувањето с.Пештани во период од 09:00 до 12:00 часот. Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот.
повеќе...Продолжува доуредувањето на кејот во Пештани
Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со активности за дооформување на шеталиштето на кејот на Охридското езеро во Пештани. Со овај зафат предвидено е поставување на бехатон плочки во должина од 750 м². По завршувањето на зафатот, ќе следи хортикултурно уредување, како и поставување на соодветно осветлување, клупи и канти за отпадоци на самиот кеј. Инаку, во Пештани општина Охрид во изминатата година комплетно го изгради и уреди едниот дел од кејот, односно од рибниот ресторан до поранешната полициска станица, а со уредувањето на делот од рибниот ресторан кон Охрид пештанци…
повеќе...Кражба во црквата „Св.Никола“ во Пештани
На 11/12-ти мај во Пештани – охридско непознат сторител со употреба на физичка сила насилно ја отворил влезната врата и извршил тешка кражба во црквата „Св Никола“ од каде одзел 500 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
повеќе...Градоначалникот Бакрачески ги посети локациите каде се изведуваат крупни инфраструктурни проекти
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески во придружба на претставници од стручните служби на општината утрово беше на неколку локации во градов и неговата околина и направи увид на динамиката на започнатите градежни активности. „Наша цел беше заедно со надзорните и стручни служби и со изведувачите да направиме увид на таа динамика. Да видиме каков е интензитетот на одвивање на работите . Секако доколку стручните служби утврдат дека интензитетот односно динамиката на работа не задоволува, односно може да дојде до евентуално пробивање на роковите пред летната сезона, да се направи една…
повеќе...Експресниот пат Охрид – Пештани ќе биде согласно сите еколошки стандарди
Експресниот пат Охрид – Пештани, кој е значајна инвестиција за регионот, ќе биде согласно сите еколошки стандарди, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од Охрид. „Во моментов интензивно работиме на овој проект со цел да се спречат сите грижи околу еколошките стандарди со ЕБРД договоривме изработка на еколошка студија која ќе ги утврди точните параметри на патот. Сакам да најавам дека со таа еколошка студија ќе обезбедиме еколошка одржливост согласно сите процедури“, потенцира Груевски. Веќе наесен, како што додаде, се очекува распишување на постапка за избор на изведувач…
повеќе...Исчистени плажите во Лагадин, Пештани и Трпејца
ЈП „Охридски Комуналец“ минатата седмица ги реализира акциите за темелно расчистување на плажите кои не се дадени под концесија на охридското крајбрежје во населба Лагадин, с.Пештани и с.Трпејца. „Во туристичката населба Лагадин на потегот од пред хотел „Два Бисери“ до авто-камп Елешец беа подигнати 10 м3 трска и 20 вреќи отпад. Во с.Пештани беа подигнати 7 м3 трска и 10 вреќи отпад, додека во с.Трпејца 3 м3 трска и 5 вреќи отпад. Но секогаш останува горливиот проблем за тековно одржување на плажите и подигнување на еко-свеста кај граѓаните, со цел да не…
повеќе...Велигденски натпревар во ОУ „Св. Наум Охридски“ во организација на Р.Ш. Седмерец
Во очи на најголемиот Христијански празник Велигден во ОУ „Св. Наум Охридски“, Пештани, се одржа ревијален натпревар помеѓу екипите на Седмерец од Пештани и Седмерец од Велгошти. Пред почетокот на натпреварот, пред членовите на ракометната школа „Седмерец“ и родителите се одржа предавање на тема „Оралното здравје важен дел од целокупното здравје“ од страна на др. Кристина Стојаноска Алоска. „По повод вчерашниот интернационален ден на здравјето одлучивме да биде одржано предавање за важноста на оралното здравје во соработка со др. Кристина Стојаноска Алоска. Децата беа презадоволни од интерактивното предавање во кое…
повеќе...