Колумна: Египќаните треба да се ребрендираат, политички и морално-етички

Драги мои, Египќаните како посебен и автохтон етникум, доколку сакаат да останат на принципите на нивната автентичност и автохтоност, треба експресно да се ребрендираат, политичко иделошки паралелно со враќање на моралниот вредносен систем, суштински елемент кои ги одржувало во „живот“ по природа лојалните, кротките и мирољубиви, работливи Египќани. Отсуството на желбата за дефинирање на базичната идеолошка матрица и ориентираност паралелно со дискурсот на елементарното познавање и борба за своите права и слободи, како причинско последичен еквивалент, ги позиционира Египќаните во граѓани, кои стануваа/т, предмет на еден модерен робовладетелски однос, и…

повеќе...

Колумна: Екстремно потценување на учителот

Почитувани мои, Ви пишувам на Денот на македонските и сесловенски просветители, светите браќа Кирил и Методија Солунски. Ви пишувам, радувајќи се на денот на македонската и сесловенска писменост, но во исто време Ви пишувам за да  си го отпуштам гневот, да си изнаречам она што ми тежи на срцево, да си ја олеснам и душата… А гневен сум  сосема, до  коска, до срж. Од чудни неправди и случувања во оваа моја чудесна Македонија! Некој како да сака да ми го убие учителот во мене, народниот учител, учителот со срце, учителот…

повеќе...

Простум кон учителот

Препочитуван и прескап мој учителу, светлозрачен прв буквару мој, трезору мој на немереното ми богатство, ковчегу мој позлатен на сите древнини и на сите древни и сегашни скапоцености, непресушен извору на лековита и на засладувачка вода на животот и живеењето македонско, првоплоден, роденомакедонски, кирилометодиевски, климентов и наумов, миладиновски и прличесердарски сејачу на мирољубивото и сладовкусно семе на зборот, на умот и на разумот, патоказу мој среде пространата недогледна рамница на постојбината и на сегашнината, крстоносецу и бајрактару мој среде крстопатот и распаќето, светлоказу мој за сите излези од сите тунели и…

повеќе...

Колумна: Европа денес – Македонија сега!

 Повеќе од 20тина години ние Македонците ја живееме својата понова историја, независност, духовна и политичка самоопределба.  Повеќе од 20тина години ја управувавме нашата непоколеблива мисија за пат кон Европа; нашата визија за патот до ѕвездите. Нашата цел да бидеме уште една ѕвезда на знамето на Европа затоа што и сонцето наше е ѕвезда која го заслужува европското небо.  Повеќе од 20 години одговараме на потребните европски закони и прашалници и успеавме безмалку целосно да се прилагодиме на евробарањата и европостулатите. Се откажавме од многу национални белези за да бидеме „државно-европски…

повеќе...

Принципот на „позитивна дискриминација“ модел за интеграција на Египќаните

Драги мои, во поновата историја на развојот на ДЕМОКРАТИЈАТА, една од попрактичните модалитети, кои овозможуваат интеграција на „малите, автохтони и ранливи“ категории во институциите на системот е т.н. модел на „позитивна дискриминација“. Тој модел, е применлив, во држави, кога врз одреден етникум, се вршело свесна изолација по хоризонтала и по вертикала и се позиционирала на маргините на севкупното живеење. Прилично, таквото недемократско и сума сумарум, некорекно однесување, во принцип потрајува подолг временски интервал. Во новите демократии, за да се „надомести нанесената штета и неправда“ кон тие категории се практикува принципот…

повеќе...

Египќанската интеграција треба да започне од Охрид

Драги мои, Египќаните во Охрид, Ресен и Битола, дадоа скромен, но пред се и над се, голем пријателски допринос, во убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ, без никакви договори, пазарења, или уценувања, едноставно му ја поклонија довербата на ВМРО-ДПМНЕ, како политички субјект, кој и тоа како помогна во основањето на десноцентристичката и едеинствена партија на Египќаните, Сојузот на Египќани на Македонија. Најголемата поддршка, очекувано ја добија во Охрид, каде Египќаните, неофицијално, но како одраз на објективната стварност се втори по бројност, веднаш зад доминантниот Македонски народ. Во таа подршка, голема улога одигра…

повеќе...

КОЛУМНА: Предизборна врева пред предизборен молк

Вреват сите. И врват. И едните и другите и десните и левите и либералите и лeвичарите и уличарите – сите врват и вреват, ама баш сите, па и оние доблесните – сите, дури и оние што не се со сите. Ме убиваат со децибелна и дебилна врева. Ми нудат во еден глас – спас за сè што досега не чинело, за сè што досега не врвело дека допрва ќе врви; она што не можело да се направи на први ќе било завршено до следниот први… И така, ден по ден,…

повеќе...

Предизборна фатаморгана „Куратица 2013“

Откако започна предизборната кампања за локалните избори, од кандидатите можеме да слушнеме и видиме разни идеи –програми (посебно од кандидатите за Градоначалник). Пред неколку дена до Куратица меѓу другите  стигна  и програмата од коалицијата „СОЈУЗ ЗА ИДНИНАТА СЕГА„  за што  бевме заинтересирани. Секако ја разгледавме, и се разбира застанавме каде и што е предвидено во програмата за Куратица и околните села. Еднаш прочитано, па уште еднаш, па уште еднаш…… – да не им веруваш на сопствените очи! Читаме …. Реконструкција на патот од Прентовмост до Куратица. Па господине, да не…

повеќе...

Зошто Египќаните треба да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески

Драги мои, Египќаните се наоѓаат во ситуација, кога со само еден потег, можат да ја променат својата социоекономска, политичка, културна и егзистенцијална егзистенција. Години наназад, бевме неми сведоци, како мораше да интервенирам по медиумите, највисоките државни инстанци, меѓународниот фактор, за фригидното кршење на човековите права на Египќаните. Секојдневно стануваш со страв, особено оние наши Египќани, кои го држат чист Охрид, се плашеа да не ги казни по плата, се плашеа за нивната егзистенција, сведоци бевме како на најмангупски недозволиво ниско ниво, се малтретираа неколку египќански семејства, кои на пазарот продаваа…

повеќе...

Пофалба кон жената-мајка

Денес, во овој осмомартовски ден, како и секој ден досега, како и секоја измината година, како и секој миг изминат од мојот живот, повторно и денес, како и  за секоја мајка – нејзиниот син, така и  јас мојата прекрасна и најдоблесна мајка, мојата, и со големи букви од моево срце преку моиве усни изговорена МАЈКА, мојата топла прва лулка, моето прво млекце и прво мое залаче, моето топло прво гнездо, моето  прво седело, мојот најтопол шал среде сите лути зими, мојата ѕвезда деница среде сите минати, сегашни и можни идни…

повеќе...