Вчера околу 20:00 часот на телефонскиот број за итни повици 195 Центарот за управување со кризи добил известување од две лица дека се изгубиле на планината Пелистер и дека се во добра здравствена состојба. Од нив биле добиени координатите за локацијата на која се наоѓаат по што веднаш биле известени во Дирекцијата за заштита и спасување – Битола од каде биле испратени тројца планинари. Лицата се пронајдени утрово во 02:40 часот.
повеќе...Tag: планина
НП Галичица воведува ограничено движење во шумите и шумските појаси
Како превентивна мерка за заштита од пожари Национален Парк Галичица воведе ограничено движење на сите лица во шумите и шумските појаси, освен за лицата со дозвола од дирекцијата на паркот. Исто така е воведена и забрана за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во во границите на паркот. Ограничувањето за движење во шумите и шумските појаси е за периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне, а ќе трае до 15 август годинава. Од Паркот информираат дека од 17 часот попладне до 7 часот наутро дозволено е движење…
повеќе...Воведено ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси
Се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 06.07.2016 година до 15.08.2016 година во термин од 7,00 часот наутро до 17,00 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја). Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е…
повеќе...Да го почувствуваме Охрид од планинска перспектива
Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ на 12ти јуни (недела) организира планинарска тура. Почетна точка с.Велестово 1100 мнв, крајна точка Врв Три Мажи 1630 мнв. Се искачува околу 550 до 600 метри денивелација и се изминува околу 4 км. во еден правец. Просечно време на минување на турата во двата правци е околу 4 до 5 часа. Тргнување во 7:30 од паркингот пред ЈП Билјанини Извори (Спортска сала Билјанини Извори) со организиран превоз до с.Велестово, а враќање во 15:00 часот повторно со организиран превоз од с.Велестово.…
повеќе...Отишол да собира печурки и не се вратил
Денес во СВР-Охрид А.А.(19) пријавила дека вчера (3ти јуни) од домот излегол нејзиниот татко Р.А.(48) упатувајќи се кон с.Ботун за да собира печурки и истиот не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...Охридските извидници организираа извиднички камп „Камп Дебрца 2016“
Од 27ми до 29ти мај во прекрасните предели на Општина Дебрца, на просторот од еколошката атракција Белчишко Блато во месноста „Сини Вирој“, Извидничкиот одред Пионер од Охрид организираше извиднички камп насловен како „Камп Дебрца 2016“. На кампот учествуваа извидниците од ИО „Пионер“ од Охрид, извидниците од ИО „Феникс“ од Прилеп и ученици од ОУ „Дебрца“ од Белчишта. Настанот претставува овогодишно заокружување на одлична соработка помеѓу извидничкиот одред „Пионер“ како здружение за неформално образование на децата, и ОУ „Дебрца“, институција за формално образование при Општина Дебрца. Целта на кампот беше обединување…
повеќе...Љубителите на природата го исполнија излетничкото место Корита
Убавото време овој викенд ги натера љубителите на природата да ја посетат секогаш атрактивната Галичица и да застанат на излетничкото место Корита. WebOhrid
повеќе...Снежна покривка на Галичица
Синоќа беше формирана снежна покривка на Галичица, на која охриѓани можеа да и се восхитуваат ова утро. Денес ќе имаме променливо облачно и посвежо време со подолги сончеви периоди. Метеоролозите најавуваат дека од утре следува период на стабилно време со утрински температури околу нулата, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст. WebOhrid
повеќе...Над 50 охриѓани се гушкаа на Галичица
Храбрите, хумани охриѓани, љубители на планината и природата ја искористија денешната единствена можност да се ГУШКААТ НА ГАЛИЧИЦА на 2255 мнв и да потсетат на лицата со ретки болести. Во беспрекорна организација на Црвен крст Охрид и Здржението за велосипедизам, планинарење и еко култура З’Ш, предводени од членовите на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, во прекрасни временски услови, преку 50 Охриѓани од најразлична возраст, ги хранеа сите свои сетила со чист планински воздух и воодушевувачки глетки на Охридското и Преспанското езеро и околните…
повеќе...Еднодневна планинарска тура „Гушкање на Галичица“
Црвен крст Охрид и Здржението за велосипедизам, планинарење и еко култура З’Ш ги покануваат охриѓани на „ГУШКАЊЕ НА ГАЛИЧИЦА“, еднодневна планинарска тура на планината Галичица, која се организира во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести (29 февруари), а како поддршка на интернационалната кампања под мотото ПРЕГРНИ ЈА РЕТКОСТА! ПРЕГРНИ ЗА ГИНИС! „Со овој настан, во името на сите лица со ретки болести, кои во потрага по лек пропуштиле многу прегратки и насмевки, сакаме да ја подигнеме свеста во јавноста за предизвиците со кои се соочуваат луѓето со…
повеќе...