Над 40 поети од повеќе земји во светот ќе учествуваат на 54-то издание на СВП

Над 40 поети од повеќе од 25 земји во светот ќе учествуваат на 54. Струшки вечери на поезијата што од 26 до 31 август ќе се одржуваат во Струга, но поeзија ќе се чита и во други градови низ Македонија. Директорот на фестивалот Мите Стефоски на денешната средба со новинарите истакна дека покрај традиционалното отворање на Фестивалот со читање на Константиновата Т`га за југ поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис. „СВП ќе ги отвори Адонис со поетско послание. Ден претходно неговата поезија ќе биде претставена…

повеќе...

Позната програмата за Струшките вечери на поезијата 2015

ПРОГРАМА НА СВП 2015 ГОДИНА Недела, 23 08. 2015 11:00 Работилница за деца „Како настанува книга“ – Летна сцена на „Домот на поезијата“ и други локации во Паркот на поезијата. 20:00 Отворање на саемот на книгата во рамките на СВП – поетски маркет – Летна сцена на „Домот на поезијата“ и други локации во Паркот на поезијата. 20:30 Отворање на неделата на поетски и документарни филмови посветени на поезијата – секој ден во 21 на летната сцена на „Домот на поезијата“. – „Летна сцена“ на „Дом на поезијата“ 21:00 Проекции…

повеќе...

Започна „Поетската ноќ во Велестово“

Синоќа во селото Велестово по 27 пат започна манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, што годинава е посветена на делото на македонскиот поет, прозаист и критичар Веле Смилески и на ликовното творештво на уметникот Литов Намдагјанчивин, кој е почесен конзул на Монголија во Македонија. Општина Охрид и годинава финансиски и логистички го помогна одржувањето на ова културно случување . Љубителите на поетската реч во име на градоначалникот Никола Бакрачески ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Несомнено дека оваа дводневна церемонија е од огромно значење затоа што преку поезијата и…

повеќе...

Утре ќе биде промовирана антологијата на балканската поезија „Светиот пат“ од Раде Силјан

Во рамките на програмските активности на меѓународниот Семинар за македонски јазик и литература, во Охрид на утре во 18 часот ќе биде промовирана антологијата на балканската поезија „Светиот пат“, што ја подготви македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан. Во ова дело се застапени двесте и шест поети од дванаесетте балкански држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора. Изданието ќе го промовира проф. д-р Кристина Николовска, а стихови ќе читаат познати македонисти од балканските држави, учесници на меѓународниот Семинар за македонси…

повеќе...

Наградата „Гравитација 2015“ за поезијата на Пере Ристески

На конкурсот од Здружението за наука и култура НОВА, Битола, за необјавен роман, книга раскази и книга поезија, во категоријата необјавена книга поезија „Еден вечен неделен ден“ од Пере Ристески ја освои наградата „Гравитација 2015“. За стихозбирката рецензентот на книгата д-р Васил Дрвошанов вели: „Поетот Пере Ристески вешто го користи јазикот за изнесување на своите емоции, и тој не е само нем набљудувач на појавите во и околу себе си, туку, како што видовме досега, тој изделува одделни негативности и мајсторски, со неколку потези ги слика човековите војни, падови и искачувања на микроплан, овде и сега.…

повеќе...

Хаику поезијата од Пере Ристески објавена во австралиско списание

Неколку хаику песни од охридскиот поет Пере Ристески се објавени во списанието FreeXpression, што излегува во Сиднеј, Австралија. Ова реномирано списание излегува два пати годишно, во печатена верзија. Основано е во 1993 година, од Синтија Роу, која исто така е и претседател на Хаику Асоцијацијата од Австралија. Ристески е објавуван во повеќе светски хаику списанија, антологии на повеќе светски јазици.

повеќе...

ОУ „Братство Единство“ распиша конкурс за поезија за ученици и за сите повозрасни творци

По повод 24-ти мај, Денот на македонските просветители Светите „Кирил и Методиј“ и 25-ти мај патрониот празник на ОУ „Братство Единство“, Охрид,  училиштето распишува конкурс (отворен од денот на објавувањето до 12-ти мај) за поезија во две категории: за ученици од основно образование и за ученици од средно и високо образование, воедно и за сите повозрасни творци. За секоја категорија ќе се доделат прва, втора и трета награда. „Наградите ќе бидат книги – подарок на ОУ – „Братство Единство“, заради одличната соработка што ја имаме со издавачката куќа МАКАВЕЈ – Скопје.…

повеќе...

Литературниот клуб „Григор Прличев“ го одбележа Светскиот ден на поезијата

Членовите на литературниот клуб „Григор Прличев“, кој функционира во рамките на библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид, редовната средба ја посветија на поезијата. Членовите на клубот, во пресрет на Светскиот ден на поезијата, читаа творби и разговараа за литературните списанија и проблемите со кои се соочувала поезијата во изминатите декади и сега. Дел од средбата беше збогатен со читање на извадоци од литературна критика на поетски дела, објавени своевремено во списанието за литература, уметност и култура „Далги“, кое повеќе не се издава во Македонија. Помладите членови беа запознаени со ова списание,…

повеќе...

Утре ќе биде соопштено името на лауреатот на годинешното издание на „Струшки вечери на поезијата“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре, во 11:00 часот во Македонската академија на науките и уметностите ќе се обрати на прес-конференција на која ќе биде соопштен лауреатот на годинашното 54-то по ред издание на престижната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

повеќе...

Програма за „Прличеви беседи“ 2015

Утре започнуваат свеченостите по повод овогодинешните Прличеви беседи. Во целост ја пренесуваме програмата: (Четврток) 05.02.2015 11:45 часот Изложба на фотографии од колекцијата на НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид 12:00 часот Свеченост посветена на лауреатот награда ГРИГОР ПРЛИЧЕВ -Настап на хорот при НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид *1762 лето -Обраќање на Директорот на НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид Горан Стојаноски -Обраќање на претставник од Општина Охрид -Претставување на наградената поема за 2014 година “Амбар” од Славе Банар -Артистичка изведба на поемата “Амбар” Билјана Билаловиќ и…

повеќе...