Кривична пријава за жител од Лабуништа кај кого било пронајдено нелегално оружје

ПС Струга поднесе кривична пријава против А.Ш. (25) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.12.2016 година извршен е претрес во дом и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени 17 парчиња муниција различен калибар: два куршуми со калибар 9 мм од чешко производство, еден куршум со калибар 9 мм од германско производство и 14 куршуми со калибар 7,62 мм од кинеско производство. Пронајдената муниција е наменета за испалување од огнено оружје –…

повеќе...

Сопругот осомничен за убиство на жена во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против лицето И.Д (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ убиство“ по чл.123 ст.1 и ст.2 од Кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот делото го направил на крајно свиреп начин и тоа со повеќе удари со тап тврд предмет, најверојатно сукало, кое го имал дома, и на жртвата и нанел смртоносни повреди во пределот на главата. Пријавениот, на 13.03.2017 околу 09.52 часот во СВР Битола, пријави дека во нивниот семеен дом околу 09.50 часот ја пронашол…

повеќе...

Жителка на охридско пуштила во оптек фалсификувана банкнота во продавница во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Р. (27) од с.Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 17.01.2017 година во продавница во Битола пријавената платила со фалсификувана банкнота во апоен од 1.000 денари. Од извршената анализа од страна на НБРМ со акт од 22.02.2017 година е потврдено дека предметната банкнота е фалсификат.

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Дебар поради нанесување тешка телесена повреда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.К. (29) и Б.К. (26), двајцата од Дебар. Пријавените, казненото дело го сториле на втори минатиот месец во 19 часот и 45 минути на улицата „Таса Мартиновска“ во Дебар. Тие започнале со нарушување на јавниот ред и мир и вербална расправија со Р.М. (40) од Дебар која набрзо прераснала во тепачка. Од здобиените удари, Р.М. се здобил со повреди на главата, потрес на мозокот и фрактура на левата надклактица од…

повеќе...

Охриѓанец измамен при купопродажба на 55 тони јаболка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Б. (44) од ресенското село Царев Двор. Пријавениот, кон крајот на минатата година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, договорил средба со Ќ.И. од Охрид и во неговиот дом, со лажно прикажување, успеал да го наведе да направат договор за купопродажба на 55.000 килограми јаболка од сортата „Ајдарет“ за сума од 621.000 денари. Бидејќи до крајот на јануари оваа година, на Ќ.И. не му била извршена исплата од договорената купопродажба на…

повеќе...

Кривична пријава за пет лица од Охрид кои учествувале во тепачка кај градскиот пазар

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „учество во тепачка“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(27), А.К. (24), Ј.М. (23), И.У. (19) и И.У.45) сите од Охрид. Казнените дела се сторени на 17-ти јануари оваа година околу 23 часот на булеварот „Туристичка“ во близина на градскиот пазар во Охрид. Тука, дошло до тепачка помеѓу прво, второ и трето пријавените од една, со четврто и петто пријавените, од друга страна. Најнапред настанала меѓусебна вербална расправија која набрзо прераснала во…

повеќе...

Уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје

Преостанува уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје. Рокот истекува на 12 април, a дотогаш граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена. Барањето треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице. WebOhrid

повеќе...

Кражба во продавница во Октиси

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Ш. (41) од струшкото село Октиси. Тој, казненото дело го сторил на 26-ти минатиот месец во 23 часот и 45 минути, кога, со намера да се стекне со противправна имотна корист, насилно влегол во продавница-железарија „Етко 2015“ во струшкото село Октиси. Пријавениот, со употреба на подесен алат извршил обивање на бравата од влезната врата на продавницата а потоа со физичка сила успеал да ја отвори вратата. Одкако влегол во продавницата, И.Ш.…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Косел поради кражба на дрва и пустошење шуми

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење шуми“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (37) од охридското село Косел. Пријавениот, во изминатиов периодот од годинава, во атарот на ресенското село Лева Река, без одобрение за сеча, нелегално извршил сеча и одзел 2,5 метри просторни дабови дрва сопственост на Република Македонија. Дополнително, пријавениот З.М. противправно извршил сеча и присвоил уште 0,4 метри просторно дабово дрво. Пријавениот, спротивно на одредбите на Законот за шуми, без одобрение, со моторна пила и секира извршил сеча на…

повеќе...

Едукативно предавање „Реонскиот полицаец ве советува“ во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ во соработка со Отсек за превенција и ПСВ при СВР Охрид е одржано едукативно предавање на Тема: „Реонскиот полицаец ве советува“. Целта на едукативното предавање беше да се подигне свеста на учениците за нивната лична одговорност за безбедноста, при што беа истакнати точките и беа застапени темите: во делот на сообракајот, јавниот ред и мир, криминалитетот.

повеќе...