СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против М.С.(39) од Скопје, поради основи на сомнение дека неовластено набавил наркотична дрога марихуана која ја препакувал за улична продажба на уживатели од Скопје. За стореното кривично дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, Судија на претходна постапка на сега пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 денови. Пријавениот, кој досега петпати е пријавуван за недозволена трговија со марихуана, во текот на октомври…
повеќе...Tag: полиција
Прилепчанец повреден од багер во Охрид
Вчера во 21,00 часот во ПС – Охрид Ф.М.(1974) од Прилеп пријавил дека на 06.10.2016 година во 15,30 часот во близина на бензиска пумпа додека бил паркиран со ПМВ Лада Нива од спротивната страна имало работна машина – багер со која се изведувале градежни работи. Кога Ф.М. се приближил до работната машина со цел да земе жица, бил удрен со корпата од багерот во пределот на левата бочна страна од раката и градите по што паднал на земја, за што му била укажана лекарска помош во болницата Св.Еразмо. Од ударот…
повеќе...Ограбена аптека во Охрид
Вчера околу 12,00 часот во Охрид на ул.„Никола Карев“, во аптека „Унафарм“, непознат сторител држејќи нож во рака, извршил разбојништво над вработената при што одзел 3.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
повеќе...Мајка го пријавила синот за исчезнат
Вчера во 11,50 часот во ПС-Охрид, Ѓ.Ф.(1961) од Охрид, пријавила дека нејзиниот син Ѓ.В. (1983), на 20.10.2016 година во 19,00 часот, заминал од дома и не се вратил ниту пријавил во КПУ-затвор Струга, каде издржувал казна затвор. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...Непознат сторител извршил полов напад врз вработена во бутик во Кичево
Вчера во 19.30 часот во ПС Кичево, А.К. (39) од Кичево пријавила дека истиот ден околу 10.00 часот, додека била на работа во продавница, непознат сторител извршил полов напад врз неа. Сторителот влегол во продавницата и побарал да купи јакна. Кога го услужила, лицето и се доближило и почнало да ја допира по градите. Пријавителката успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија, но сторителот ја следел. Истата земала нож со намера да се одбрани, но тоа не отстапувало од намерата. Во моментот кога се појавила другата…
повеќе...Притворени две лица од струшко Франгово кај кои била пронајдена дрога
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори,“, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Л.Г.(22) и Е.М.(23), двајцата од струшкото село Франгово. Во поднесената пријава, Е.М. се сомничи и за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. Нив, одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена. На 18 овој месец, околу 23 часот, при акција на криминалистичката полиција при СВР Охрид и полициската станица од…
повеќе...Активниот состав на СВР Охрид денес врши вежбовна активност за боево гаѓање
Активниот состав на Секторот за внатрешни работи Охрид, денес врши вежбовна активност за боево гаѓање. Според планот, боевото гаѓање се реализира со огнено оружје-автоматска пушка, во просториите на стрелиштето „Бејбунар“ во времето од 10:00 до 13:00 часот. Денешната вежбовна активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Билјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на…
повеќе...Исчезна 30 годишна жена во Струга
На 17.10.2016 година во 08.40 часот во ПС Струга, К.В. (30) од Струга пријавил дека на 16.10.2016 година околу 08.00 часот, неговата сопруга А.М.К. (30) отишла на работа во нејзиниот салон и кога по час и половина ја побарал, истата не се јавувала на мобилниот телефон. Пријавителот отишол во салонот, но не ја нашол. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...Кривична пријава за стружанец поради бесправно градење
ПС Струга поднесе кривична пријава против Д.Т. (30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор на катастарска парцела во катастарска општина Струга, на ул. Кеј „8-ми Ноември“, без одобрение за градење, започнал градба на објект – индивидуална станбена зграда. Од страна на градежен инспектор составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот.
повеќе...Притворен кичевчанец поради сомнение за сторено казнено дело „силување“
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „силување“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Р.Х. (19) од кичевското село Осој. Него, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена и веднаш испратен во општинскиот затвор Битола. Пријавениот, на шести овој месец во Кичево, со употреба на сила и закана, ја присилил на обљуба А.С. (19) од Кичево. Настанот се случил околу 16 часот покрај железничката линија во близина на кичевската населба каде живеела оштетената девојка. Тука, пријавениот Р.Х. од зад грб, мошне брзо и…
повеќе...