Кривична пријава за бугарки кои вршеле џепни кражби низ Скопје

СВР-Скопје-Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар до надлежното ОЈО, за два одделни случаи, поднесе кривична пријава против лицето Ѓ.С. (65) од Скопје, како и против лицата И.М.Е. (21) и М.Ј.Г. (57), бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело -“кражба“ (џепна) предвидено и казниво по чл.235 ст.1 од КЗ на РМ. Во првиот случај на пријавениот Ѓ.С. од страна на судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор во траење од осум дена, во вториот случај за двете бугарски државјанки Судија на претходна…

повеќе...

Малолетник од Дебар го загуби животот во сообраќајна незгода

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово во 01 часот и 15 минути се случи на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Дебар. Од здобиените повреди, на лице место починал Р.Р. (17) од Дебар. Со тешки телесни повреди се здобил Е.Ј. (17) од Дебар кој поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентен центар во Скопје. Во општата болница во Дебар е хоспитализиран Е.К. (18) кој има телесни повреди. Сообраќајната незгода се случила кога, сега тешко повредениот Е.Ј. по улицата „Вељко Влаховиќ“ кон излезот од градот, без…

повеќе...

Одржан состанок на надлежните за превенција од пожари

Зајакнати мерки и координирано превентивно делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари, поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти за координирано преземање на натамошни активности и навремено локализирање на пожарот, денеска договорија надлежните служби на координативен состанок што се одржа на иницијатива на СВР Охрид. Во пресрет на главната туристичка сезона и очекуваните високи температури, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови за зајакнати…

повеќе...

Притворен албански државјанин поради фалсификување исправа

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, Секторот за гранични работи-регионален центар Запад, поднесе кривична пријава против А.Л. (23) од Елбасан Република Албанија. Него му е одредена мерка притвор. Пријавениот, на 15-ти јуни оваа година, се обидел, неисправна лична карта да употреби како вистинска и да ја искористи за излез и непречено преминување на државната граница на аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид. Настанот се случил во 14 часот и 30 минути кога, пријавениот со авионот на комппанијата Виззер, сакал од Охрид да патува за Лутон–Англија приложувајќи…

повеќе...

Средба на Делегација од ПС на НАТО со министерот Чавков

Денес во просториите на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, се оствари средба на Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, м-р Митко Чавков со Делегација на Парламентарното собрание на НАТО од Поткомитетот за трансатланска одбрана и безбедносна соработка и од Поткомитетот за демократско владеење. Министерот за внатрешни работи м-р Чавков имаше можност со делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО да разговара и да размени информации во однос на нашите аспирации и напорите за членство во Алијансата, презентирајќи ги притоа последните состојби на интензивната и успешна меѓусебна соработка меѓу…

повеќе...

Во кратовско откриени насади со марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(43) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Пријавениот наводно заради изработка на магистерски труд на Замјоделски факултет Скопје доставил повеќе барања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се однесувале за впишување во регистерот за семе и саден материјал на коноп од сортата „Хелена“- Cannabis Sativa L (добиена од сорта на индустриско растение запишано во национална сортна листа „Новосадско Конопље“) како и согласност за отпочнување на…

повеќе...

Спречено криумчарење на цигари без бандерола

Регионалниот Центар за Гранични Работи Исток- ПС за ГН Пехчево спречи криумчарење на поголема количина цигари без бандерола, односно по претходно добиени сознанија за постоење на лица кои вршат шверц на акцизна стока преку државната граница превземени се мерки за обезбедување на лицата и документирање на кривичните дела. Имено на 24ти овој месец околу 05.20 часот во близина на м.в „Чемериков преслап“ атар на Пехчево од страна на полициски службеници било забележано теренско ПМВ „Jeep“ без регистерски ознаки кое се движи по земјен пат во правец од м.в „Бреза“ према…

повеќе...

Кривична пријава за неколку лица од Охрид поради изнуда

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, и против Б.П.М.(27), С.П.Д.(45) и К.Р. (41), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за помагање во извршувањето на кривичното дело „изнуда“. На 05.05.2016 година, околу 22.30 часот, пријавените отишле во база на такси компанија во Охрид поради нерасчистени имотно правни односи и со употреба на сила и со сериозни закани сакале да изнудат пари и материјални средства од оштетениот Т.М. од Охрид. Следниот ден околу 02.00 часот пријавените Г.Т.…

повеќе...

Исчезнатиот маж од Рача пронајден мртов кај Велестово

Во врска со настан „исчезнато лице“ опишан во билтен од 16/17.06.2016 година, на 21.06.2016 година во 12.30 часот на м.в.Селиште, атар на с.Велестово, од страна на волонтер од единицата за спасување при Црвен Крст-Охрид, пронајден бил машки леш, за кој по извршената идентификација од сопругата, констатирано е дека се работи за К. Ф. (64) од с.Рача, охридско. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Медицинскиот центар-Битола каде ќе се изврши обдукција.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кој бесправно градел

ПС Струга поднесе кривична пријава против И.Г.(31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во текот на јуни месец 2016 година, на катастарска парцела во Калишта – Струга на м.в. Еленско во сопственост на Р. Македонија, без одобрение за градба изградил објект од челична конструкција. Од страна на градежен инспектор на oпштина Струга составен е записник и донесено е решение со кое се наредува отстранување на градбата која се гради без одобрение.

повеќе...