Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески заедно со директорите на охридските јавни претпријатија синоќа присуствуваше на хуманитарниот концерт во ЦК „Григор Прличев“ што се организира со цел да се соберат парични средства за лекување на малиот Кирил Митрески кој боледува од редок вид на рак на примарниот мозок. Непосредно пред концертот, градоначалникот Бакрачески упати апел до сите охриѓани и општествени чинители во наредниве денови активно во рамки на своите можности да се вклучат во преостанатите хуманитарни активности со цел што поскоро да се соберат потребните средства за лекување на Кирил. „Детскиот живот…
повеќе...Tag: помош
Охриѓани покажаа хуманост за помош на малиот Кирил Митрески
На денешниот уличен хуманитарен концерт на охридските музичари, за помош на малиот Кирил Митрески кому итно му е потребна операција за лекување на тумор на главата во Израел, во собирните каси на Црвен крст Охрид, за неполни 2 часа беа собрани 65 184 денари. Прекрасните музички изведби на Јован Куциноски, Богдан Василески, групата „Билјана Јуниор“, басистот Јане Тодороски, гитаристот Јован Бочвароски и други членови на охридски музички бендови привлекоа многу посетители кои ја покажаа својата хуманост донирајќи за лечењето на малиот Кирил. Изразувајќи благодарност до оние кои денес беа хумани,…
повеќе...Доделени хуманитарни пакети на семејства од социјален ризик
Во пресрет на Богојавленските празници, како изминатите две така и оваа година Општина Охрид во соработка со Црвен Крст денеска додели пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена на 50 социјално најзагрозени семејства од Охрид. На хуманитарниот настан присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој рече дека вакви акции и во иднина ќе организира или кон нив ќе се приклучува Општина Охрид. „Ние се трудиме во текот на целата година низ различни акции да има вакви настани, а оваа во пресрет на празникот Богојавление веќе прераснува во традиција. Со…
повеќе...Груевски: Годинава уште едно зголемување на социјалната помош
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска најави зголемување за пет отсто на социјалната помош. „Зголемувањето ќе биде со исплатата во јули 2016 година. Досега откако сме во Владата имаме зголемување за околу 62 отсто на социјалната помош зголемувајќи ја секоја година постепено. Со исплатата во јули 2016 зголемувањето ќе надмине над 65 отсто,“ рече премиерот Груевски, кој денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи на нов фекален колектор во Ново Лисиче.
повеќе...Потпишана Административна спогодба за спроведување на Договорот меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и Амбасадорот на Словачка Република, Н.Е Мартин Безак денес ја потпишаа Административната спогодба за спроведување на Договорот меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување. Со Административната спогодба се уредува начинот и постапката на остварувањето на правата од социјално осигурување, надлежните институции и органите за врска за спроведување на Договорот. Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Словачката Република се потпиша минатата година во Братислава. Договорот е ратификуван од парламентите на Република Македонија и Словачка Република и стапува на сила…
повеќе...Спасов: Дополнителни 78 милиони денари за примателите на социјална помош
Проектот за условен паричен надомест за семејствата корисници на социјална парична помош ќе продолжи и следната година. За учебната 2015-2016 за таа намена се предвидени 78 милиони денари, информира денеска министерот за труди социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Сарај. Семејствата корисници на социјална парична помош чии деца се редовни ученици во средно образование со проектот добиваат дополнителна помош од 12.000 денари. „Овој проект го реализираме од 2010 година и досега се инвестирани 358 милиони денари за овој надомест кој што значи дополнителна финансиска…
повеќе...Доделени хуманитарните пакети за социјално најзагрозените граѓани
По повод 16-ти Октомври, Светскиот ден за борба против гладта, кој годинава се одбележува под мотото „Помислете и на нас“, денеска во општинската организација на Црвен Крст , заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев, подели 60 хуманитарни пакети за социјално најзагрозените граѓани. Во хуманитарната акција, што ја спроведува Црвен Крст со подршка на Локалната самоуправа, вчера се вклучи градоначалникот Никола Бакрачески, кој заедно со најблиските соработници во маркетот „Тамаро“ , купи прехрамбени и производи за одржување хигиена, кои се дел од хуманитарните пакети. Во рамките на Неделата за борба…
повеќе...Ставрески: Историски највисоки инвестиции и најнизок дефицит, зголемени пензии и социјална помош
Со предлог буџетот за 2016 година ќе се овозможи историски највисоко ниво на инвестиции, ќе се зголемат пензиите и надоместоците за социјална помош, а буџетскиот дефицит ќе се намали од 3,6 на 3,2 проценти од БДП, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Во образложението за Предлог-буџетот за 2016 година пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет Ставрески рече дека капиталните инвестиции се планирани на износ од 25.092 милиони денари, како развојна компонента на буџетот што директно ќе помогне за динамизирање на економската активност во следната година. Капиталните…
повеќе...Со зголемување на пензиите и социјалната помош бенефит ќе имаат 335 илјади граѓани
На 5 октомври годинава ќе биде исплатена септемвриската пензија која е зголемена за 621 денар за секој пензионер во Република Македонија. Од следната година предвидено е за уште пет проценти да биде зголемена социјалната и постојаната парична помош. Со овие зголемувања бенефит ќе имаат вкупно 335 илјади граѓани, од кои 300 илјади пензионери, 30 илјади корисници на социјална парична помош и пет илјади корисници на постојана парична помош. Зголемувањето на пензиите и на социјалната помош е целосно буџетирано за 2016 година. Средствата за овие зголемувања се обезбедени и ќе бидат…
повеќе...Груевски: Ново покачување на пензиите и социјалната помош и во 2016-та
Премиерот Никола Груевски денеска најави зголемување на пензиите и социјалната помош од пет отсто и во 2016 година. „На последната седница Владата одлучи да поминат законските измени со кои за социјално најзагрозените граѓани, примателите на социјална и постојана парична помош, покрај тоа што оваа година помошта која ја добиваат ја зголемивме за 10 проценти, предвивуваме ново дополнително зголемување за наредната 2016-та година од нови 5 отсто. Истовремено, донесовме одлука и за ново зголемување на пензиите. Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија која ја покачивме за 5…
повеќе...