На градскиот пазар утре ќе се продаваат оригами и цреши направени од хартија за спас на 11 годишното болно охриѓанче

Црвениот крст и децата од Бреинобреин школата од Охрид утре со почеток од 10 часот на Градскиот пазар, ќе продаваат оригами и цреши направени од хартија, со што ќе помогнат во прибирањето средства за болното охриѓанче. На денешната прошетка во селото Велестово дечињата ја покажаа својата креативност, но и хуманост сакајќи да направат што повеќе предмети за да, како што рекоа, соберат што повеќе пари. Инаку изминатиов месец Охрид живее во духот на хуманоста. Бројни акции се прават за да се соберат потребните средства за спас на 11 годишно момче…

повеќе...

Хуманитарен концерт за помош на момчето кое боледува од ретка болест

Во организација на Фестивалот „Охрид те сакам“, ЛК „Лихнидос“ и медиумската заедница од Охрид, утре, среда, со почеток во 19 часот, во големата сала на општина Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт. На концертот ќе настапат младите музички таленти: Христијан Јовановски – кларинет и Даниел Мојсоски – виолина. На програмата ќе бидат дела од Е. Илиевска. Бара, Вон Вебер, Монти, Вивалди, Черкин и други. Влезот чини 100 ден. Дел од собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид кое боледува од ретка болест, на кое му…

повеќе...

СВР Охрид ќе се вклучи во хуманата акција за помош на единаесет годишното момче од Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид, по иницијатива на здружението на новинарите од Охрид, активно ќе се вклучи во хуманата акција за помош на единаесет годишното момче од Охрид. Сакајќи, нашиот млад сограѓанин да ја победи болеста, да има безгрижно  детство и среќен живот, сите вработените во СВР Охрид, својата хуманост ќе ја искажат со доброволно донирање на парични средства кои ќе бидат уплатени на жиро сметка, но и со телефонско јавување од своите приватни мобилни телефони на посебните телефонски линии наменети за таа цел. Искрено сакаме да го дадеме својот…

повеќе...

Неделен хуманитарен хепенинг на градскиот плоштад „Заедно за еден детски живот“

Под мотото “Заедно за еден детски живот”, охридските новинари и Црвениот крст заедно со општина Охрид,  организираат неделен хуманитарен хепенинг. Во недела точно на пладне сите заедно да ја покажеме нашата хуманост со тоа што ќе бидеме дел од еден богат хуманитарен настан. Динамичен  перформанс исполнет со  песна, музика, балет,  театар. На сцената ќе настапат  и  најмладите и  најстарите. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на  11 годишно момче од Охрид кое боледува од многу тешка  болест . Потребна е итна операција на клиниката “BY” во Пекинг,  која чини 35…

повеќе...

Хуманитарен концерт за помош за настраданите во поплавите во Србија, БиХ и Хрватска

Вчера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа хуманитарен концерт за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. На концертот, кој беше во организација на Владата на Република Македонија, настапија голем број македонски естрадни ѕвезди, меѓу кои: Влатко Стефановски, Есма Реџепова, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски…    Влезниците беа по цена од 150 денари, а до пред почетокот на концертот, според изјавата на  министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, беа продадени околу 11.000 билети.   Отворени беа телефонските броеви за донации 070143400, 075143400 и 078143400, на…

повеќе...

Црвен крст Охрид испрати уште еден шлепер помош за населението погодено од поплавите во Србија и БиХ

Црвен крст Охрид, вчера 25.05.2014 година, согласно стандардите на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина, подготви и испрати уште еден шлепер со 25 тони помош за населението погодено од поплавите во Србија. Помошта се состоеше од најнеопходните производи за нив: вода, конзервирани и трајни прехрамбени производи, храна за бебиња, средства за хигиена, дезинфекциони средства, детска нова облека и чорапи. Помошта, која ја донираа хуманите охриѓани-поединци, голем број фирми и институции, општина Охрид и др., денес ќе биде предадена во собирните центри на Црвен крст на Србија во Белград,…

повеќе...

Хуманитарна акција во ОУТУ „Ванчо Питошески“ – „Охрид од срце за Србија и Босна“!

Охрид деновиве живее со хуманоста, степенот на солидарност е огромен, но не само во Охрид, туку и секаде во Македонија. Денес во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа хуманитарна акција за помош на населението од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.  Најмногу се донираа средства за лична хигиена, нерасиплива конзервирана храна, училишен прибор, храна за деца, тестенини, големи количества вода, облека и постелнина, млеко во прав, пелени, како и парични средства кои ќе бидат донирани на сметките за помагање на луѓето.  Горди сме што сме Македонци, горди сме на…

повеќе...

ГРОМ Охрид со помош за Србија и БиХ

Во рамките на хуманитарната акција за помош на Србија и Босна и Херцеговина, погодени од катастрофалните поплави, и Општинската организација на ГРОМ од Охрид, предводена од претседателот Љупчо Настоски организираше собирање на храна, облека, средства за хигиена и вода. Собраните средства членовите на ГРОМ Охрид ги доставија до најблискиот пункт за од таму да бидат препратени во загрозените подрачја. Раководството на ГРОМ Охрид  повикува на хуманост од сите граѓани и ќе продолжи и понатаму со вакви акции.

повеќе...

ФФМ ќе ги донира приходите од натпреварот Македонија – Португалија У21 за погодените од поплавите во Србија, БиХ и Хрватска

Фудбалската Федерација на Македонија ќе ги донира сите приходи од претстојниот натпревар на репрезентациите до 21 година помеѓу Македонија и Португалија за погодените од катастрофалните поплави во Србија, БиХ и Хрватска. Натпреварот ќе биде одигран на 23.05.2014 година на Националната Арена Филип Втори во Скопје со почеток во 18:00 часот, а билетите по симболична цена од 50 денари се веќе пуштени во продажба. Од ФФМ истакнуваат дека со секој купен билет им даваме поддршка на луѓето на кои оваа природна катастрофа од корен им го смени животот! Уште еднаш да…

повеќе...

Хуманитарниот концерт за Србија и БиХ презакажан за понеделник

Министерството за култура информира дека поради организациони причини и потреби, хуманитарниот концерт за помош на погодените региони од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина кој беше закажан за четврток, ќе се одржи в понеделник, на 26 мај. Македонија вчера најави дека ќе организира голем хуманитарен концерт под мотото „Да се обединиме во хуманоста“ за помош на погодените од поплавите.

повеќе...