Денес во Домот на Културата во Белчишта се одржа завршниот митинг на Коалицијата „Живот во Македонија” предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Свои обраќања имаа кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. „На 15ти октомври ќе си ја вратиме нашата Дебрца, слободарска Дебрца. Дебрца е наш заеднички дом. Во Дебрца сите треба да си ја гледаме својата шанса и својата иднина. Затоа со мојот тим, со кандидатите за советници имаме визија, имаме план да ја развиваме Дебрца, да ги искористиме нејзините силни…
повеќе...Tag: премиер
Димитриев: Владата ќе покаже лидерство, со изборите треба да заврши политичката криза
Во Собранието започна расправата за избор на новите министри согласно договорот од Пржино. Во Владата ќе седнат истите министри и заменици-министри што седнаа за изборите што требаше да се одржат на 24 април. Премиерот Емил Димитриев посочи дека за кус период се формира Влада за спроведување на изборите и дека по двата неуспешни обиди очекува да бидат организирани фер и демократски избори. Тој очекува посветена работа од министрите и од замениците, што не беше случај минатиот пат. „Очекувам да покажеме лидерство во сите институции и крајно време е Македонија да…
повеќе...Обраќање на премиерот Емил Димитриев по повод 2 Август – Илинден
Обраќање на премиерот Емил Димитриев по повод 2 Август – Илинден Почитувани присутни, Почитувани претставници на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, Почитувани претставници на верските заедници, Почитувани претставници на Собранието, на Владата, на општините, Почитувани претставници на дипломатскиот кор, Почитувани граѓани, Денес сме овде на ова легендарно место “Мечкин камен“, заеднички да го одбележиме големиот празник 2 август – Илинден, кој е симбол на непокорот, симбол на жртвата, симбол на преданоста на цела една генерација наши предци, кои тогаш кога било потребно се жртвувале себеси за денес ние да живееме слободно…
повеќе...Премиерот Димитриев се сретна со евроамбасадорот Орав
Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денес оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Аиво Орав, по повод завршувањето на мандатот на евроамбасадорот во нашата земја. Двете страни ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Европската Унија. Соговорниците изразија задоволство од меѓусебната соработка на секое ниво од взаемен интерес. Премиерот Димитриев се заблагодари за постојаната поддршка која Република Македонија ја добива од Европската Унија во реализацијата на реформите и проектите за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, и за личниот ангажман на амбасадорот…
повеќе...Димитриев: Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите партии
Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од договорот од Пржино. Ова денеска го истакна премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев во Владата одговарајќи на новинарско прашање. „И сметам дека треба да се држиме до она што веќе го имаме договорено и изгласано во Собранието на Република Македонија“, рече Димитриев. Тој не гледа ниту една причина 24-ти април да биде дискутабилен како датум за предвремени избори.
повеќе...Димитриев на средба со членовите на ДИК
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев вчера попладне имаше средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) во функција на одржување на парламентарните избори на 24 април годинава. Димитриев средбата ја оцени како позитивна и конструктивна, посочувајќи дека од претходната средба се решени сите барања на ДИК, а барањата од оваа средба ќе бидат решени на следната владина седница. „Дискутиравме за заклучоците кои Владата ги донесе на една од претходните седници, но нотиравме и доста нови предлог-заклучоци кои ќе бидат предмет на дискусија на…
повеќе...Заврши градбата на ПЕТ-Центарот, првите пациенти за девет месеци
Завршија градежните работи на објектот на Јавната здравствена установа Универзитетски институт ПЕТ-Центар, кој се наоѓа во близина на ГОБ „8 Септември“. Инвестицијата чини 16 милиони евра. Сите процеси во Центарот се одобрени од Меѓународната агенција за атомска енергија и целото производство треба да биде валидирано и сертифицирано од неа. Овој процес на валидација веќе почна со првото производство на изотоп кое се случи на 11 декември 2015 година и ќе трае најмалку девет месеци по што ќе следи финална проверка од Агенцијата закажана за последниот квартал од годинава, која ќе…
повеќе...Собранието ја констатираше оставката на Груевски, СДСМ ја напушти седницата
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја констатираше оставката на премиерот Никола Груевски и престанок на мандатот на владата. Сега веќе поранешниот премиер Груевски, не ја искористи законската можност да ја образложи оставката. По говорот на Вељаноски, процедурално збор побара координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски. „Македонските граѓани цели 10 години чекаа да падне главата на режимот и тоа е крајот на една криминална и расипничка власт. Никола Груевски одлучуваше кој може слободно да живее во Македонија, но сега јасно му е дека е крајот. Никола, тебе Македонија сега…
повеќе...Нова странска инвестиција, ИКС Трејд влегува во Скопје, стотина вработувања
Меѓународна компанија која работи во делот на он-лајн тргување на светскиот девизен пазар од денеска е присутна во Македонија. Компанијата, која почнува со работа во Скопје, ќе ангажира стотина високообразовани млади лица. Официјалниот старт на активностите во Македонија денеска ги означија премиерот Никола Груевски, министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф и Шејла Кампањано, претставник на меѓународната компанија. „Веќе четврти ден по ред свечено одбележуваме нова инвестиција во Република Македонија. Ако во претходните три дена беа инвестицијата во велешка Порцеланка, германската Електро мехатроник систем со инвестиција во Скопје, германската Акомпласт…
повеќе...Груевски: Рано е за изјави, сега одам да отворам фабрика
Премиерот Никола Груевски, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Пржино, не даде изјава за медиумите. Тој кусо рече: „Рано е за изјави од Пржино, сега одам да отворам нова фабрика“. Тој на средбата беше придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, и од шефот на кабинет, Мартин Протоѓер. Средбата траеше околу еден час, а Хан претходно се сретна и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Лидерот на…
повеќе...