Премиерот Груевски во посета на Охрид

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска престојуваше во работна посета на Охрид. Заедно со министерот за здравство ги посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, чија целосна реконтрукција и проширување е во тек, како и Општата болница во Охрид која од неодамна доби нова опрема за рано дијагностицирање канцер на дојка. „Реконструкцијата на болницата „Свети Еразмо е инвестиција на Владата односно Министерството за здравство вредна 215 милиони денари. Се работи за темелна реконструкција на објектот, а во еден дел и доградба, односно ставање во употреба на нови пет…

повеќе...

Груевски: Откупот на тутун тече одлично со реална цена

Откупот на тутун тече одлично. Според информациите од терен постигната е реална цена околу 187 денари плус 60 денари субвенција по откупен килограм, истакна денеска премиерот Никола Груевски. По посетата на охридскиот регион одговарајќи на новинарски прашања тој информира дека досега се откупени околу 8,5 милиони килограми тутун. „Откупот тече релативно во најдобар ред. Сите октупни претпријатија што имаат лиценца вршат откуп, а инспекциите се на терен. Државата бурно ќе го следи процесот особено во делот на добивање реална цена за тутунот и реално вреднување на трудот на тутунопроизводителите. Засега…

повеќе...

Нови 30 книги од „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“

Нови 30 дела од проектот на Владата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ беа претставени денеска, со кои досега се преведени и промовирани сто од планираните 366 дела. На денешната, петта промоција од почетокот на овој проект, беа промовирани девет наслови од историографијата, 11 филозофски дела на познати светски мислители и 10 наслови од психологија и психоанализа, а најголем број од нив првпат добиваат превод на македонски јазик. Меѓу преведените книги од областа на историјата се наслови од Мајкл Енголд, Дејан Ѓокиќ, Оливер Шмит, Ева Ане Франц,…

повеќе...

Македонија ќе добие центар за трансплантација

Македонија наскоро ќе добие центар за трансплантација. Просториите ќе се наоѓаат во Градската општа болница „8 Септември“ и таму ќе се вршат најсложени трансплантации на органи и ткива и најсложени хируршки зафати. Клиниката за трансплантација ќе има хируршки оддел, оддел за анестезија, лабараторија, хоспитален дел и одел за радиологија, најави денеска премиерот Никола Груевски. Тој посочи дека на последната седница на Владата е прифатен Законот за формирање Центар за трансплантација и е испратен до Парламентот. Усвоена е и програмата за трансплантација на бубрег, срце и црн дроб. „Она што го…

повеќе...

Груевски: Растот на извозот покажува дека економијата се движи во добар правец

Премиерот Никола Груевски очекува годинава да продолжи растот на извозот со исто или поголемо темпо од минатогодишното кога беше забележан раст од 11 проценти. Според него, растот на извозот покажува дека економијата се движи во добар правец, а Владата, како што нагласи, продолжува со поддршка на стопанството. „Растот на извозот од 11 проценти за првите 11 месеци од минатата година е сериозен, а комбинирано со растот на индустриското производство говорат дека економијата задржува позитивен правец. Зголемениот извоз е резултат на зголемена економска активност на компаниите, а тука мошне значаен удел…

повеќе...

Божикна честитка од премиерот Груевски

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упатува божикна честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,  Архиепископ Охридски и Македонски Господин Господин Стефан. „Ваше Блаженство, Со голема радост и задоволство од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, би сакал да Ви го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божиќ. Божиќ е празник на семејството, празник на среќата, празник на желбите, празник кога…

повеќе...

Божикна честитка од премиерот Груевски до Евангелско-Методистичката црква во Македонија

Премиерот Никола Груевски упати честитка до верниците и до претседателот на Евангелско-Методистичката црква Емил Заев, по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ. „Почитуван г-дин Заев, Дозволете ми Вам лично, на Вашето ценето свештенство и на сите верници на Евангелско-Mетодистичката црква во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот Христијански празник – Божиќ. Божиќ е празник на Божјата љубов, празник кој треба да нè потсети дека Бог во својата намера да го доближи човекот до себе, одлучи…

повеќе...

Груевски: Годинава уште едно зголемување на социјалната помош

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска најави зголемување за пет отсто на социјалната помош. „Зголемувањето ќе биде со исплатата во јули 2016 година. Досега откако сме во Владата имаме зголемување за околу 62 отсто на социјалната помош зголемувајќи ја секоја година постепено. Со исплатата во јули 2016 зголемувањето ќе надмине над 65 отсто,“ рече премиерот Груевски, кој денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи на нов фекален колектор во Ново Лисиче.

повеќе...

Груевски:Најниската пензија од 2006 година зголемена за 94 отсто, просечната за 79 проценти

За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти со кое од доаѓањето на оваа Влада во 2006 година најниската пензија е зголемена за 94 проценти, а просечната за 79 отсто. Ова го истакна премиерот Никола Груевски денеска одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на нови дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Според премиерот, ова претставува огромно зголемување за пензиите. „За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти кое ќе биде со септемвриската пензија што се зема на почетокот на октомври кога…

повеќе...

Нови 8.700 вработувања со Оперативниот план за 2016 година

Околу 8.700 лица се очекува да се вработат со новиот Оперативен план за вработување за 2016 година, најави денеска премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски истакна дека со Оперативниот план ќе бидат опфатени 13.500 лица од кои за 8.700 се очекува да се вработат, а останатите ќе поминат низ обуки. „За оваа цел ќе бидат инвестирани 11 и пол милиони евра кои се предвидени во Буџетот на Република Македонија и се изгласани во Собранието. Ова ќе биде уште еден придонес кон намалување на невработеноста, односно зголемување на вработеноста.…

повеќе...