Календарски започнува пролетта

Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува денес во 23 часот и 45 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и пет минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17:44. Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 28 и 29 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред. За првиот пролетен ден метеоролозите најавуваат сончево…

повеќе...

Не очекува дождлива пролет и нова опасност од поплави

Еден од најпопуларните метеоролошки сервиси на светот, „Aкjуведер“ објави сезонска прогноза за оваа пролет во Европа. Според овој портал за временска прогноза, пролетта на Балканот ќе биде постудена од вообичаено, односно температурата во просек ќе биде пониска. Циклонската активност ќе биде поизразена на југ на Европа, односно каква што беше зимава, ќе продолжи и во почетокот на пролетта. Исто така, според прогнозите на порталот се очекува Балканот да биде погоден од поплави. Ова е сезонска прогноза која се однесува на март, април и на мај и, сепак, има свои ограничувања.…

повеќе...

Охридската гимназија со низа активности за Денот на пролетта

Денеска со низа на активности по повод доаѓањето на пролетта, како и  другите важни датуми кои се одбележуваат на овој ден, гимназијалците од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ се приклучија во акција на разубавување на градот и својот училишен двор. Се одржа еко акција со садење цвеќиња, како и делење на едукативни еко флаери на учениците и минувачите пред училишната зграда. Во рамките на проектот Имплементација на конвенцијата за правата на детето во РМ, во соработка со Младински совет и подржан од Локалната самоуправа, беше организиран отворен – инфо ден,…

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ спроведе низа активности по повод Денот на пролетта

По повод 21 март – „Денот на еколошката акција на младите Р.М.“ и Денот на поезијата, ОУТУ „Ванчо Питошески“, организира низа активности за учениците и вработените: расчистување на дворот околу училиштето, уредување на училниците и кабинетите, засадување садници – рози, со што ја поддржа националната еколошка акција организирана од страна на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“, Локалната самоуправа и основните училишта во градот, читање ученички трудови на учениците од новинарската секција во училиштето на теми поврзани со екологијата, со што симболично беше  означен стартот на…

повеќе...

Спроведена пролетна акција и во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

По повод  Денот на пролетта, денеска  и во Општинскиот Електромашински Училишен Центар „Свети Наум Охридски “се спроведе пролетна акција за чистење и уредување на училишниот двор. Во акцијата  беа вклучени сите ученици, професори и вработени во училишето. „Беше организирано чистење и уредување на училишниот двор, беа засадени цвеќиња, се фарбаше оградата околу училиштето. Исто така се исфарба игралиштето, стативите, кошовите, се промени и заштитната ограда на игралиштето“- изјави за WebOhrid, директорот на  ОЕМУЦ  „Св. Наум Охридски“, – Јане Цаноски . Ангелче Андриоски  

повеќе...

Дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ја дочекаа пролетта

На градскиот плоштад денеска се реализираше манфестацијата „Да ја дочекаме пролетта“. На манифестацијата учество зедоа дечиња од 5-10 годишна возраст од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, кои  со дефиле под пролетни маски настапија со неколку музичко – ритмички точки со содржина за пролетта. Се реализра и активноста „Да го прегрнеме Езерскиот бисер“, а се со цел да се упати порака дека треба да го чуваме и заштитуваме. Дел од манифестацијата се одвиваше во рамките на детската градинка каде се собираше хартија и пластична амбалажа. WebOhrid

повеќе...

Утре ќе се реализира манифестацијата „Да ја дочекаме пролетта“

Утре, 21 март (петок) на градскиот плоштад ќе се реализира манфестацијата „Да ја дочекаме пролетта“. На манифестацијата ќе учествуваат дечињата од 5-10 годишна возраст со дефиле под пролетни маски и ќе настапат со неколку музичко – ритмички точки со содржина за пролетта. На манифестацијата може да се приклучат и деца од основните училишта по настапот на децата од градинка. Предвидена е и активност „Да го прегрнеме Езерскиот бисер“ со цел да се упати порака дека треба да го чуваме и заштитуваме. Дел од манифестацијата ќе се одвива во рамките на…

повеќе...

Денес календарски започнува пролетта

Денес, на северната полутопка на Земјата, во 17  часот и 57 минути календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата календарски ќе започне есента. Денот  ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Пролетта ќе трае 99 денови, 17 часа и 55 минути се до 21 јуни во 1:09 часот после полноќ, кога календарски почнува летото. Летното сметање на времето, пак,  ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март кога…

повеќе...