Прв студентски филмски фестивал во Охрид

Во периодот од 9ти до 12 март во најголемиот туристички центар во земјата – градот Охрид, се одржа првиот интернационален студентски филмски фестивал “Филмоција“. Фестивалот го организираше Институтот за филм – Филмска академија во Охрид, а со цел поврзување и размена на искуства помеѓу младите од регионот кои студираат во областа на филмот и продукцијата, како и промоција на студиските програми и образовни можности, со цел привлекување на заинтересирани кандидати за надградба на своето знаење, преку продолжување на постипломските студии на оваа високо образовна установа. Четиридневната програма понуди бројни проекции…

повеќе...

Утре ќе се одржи проекција на филмот „Триото од Белвил“

Во рамките на фестивалот Feelmotion, на филмската академија ФИОФА во Охрид, за прв пат ќе се одржи проекција на филмот „Триото од Белвил“ со музичка изведба во живо на музичарот и композитор Дејан Петровиќ. „Триото од Белвил“ е анимиран филм од 2003 година на познатиот режисер Силвиан Комет, номиниран за два оскари. Невообичаено и интересно за овој настан е што Дејан Петровиќ подготви специјален музички перформанс кој ќе оди паралелно со проекцијата на филмот. Ова е веројатно прв ваков настан во нашиот град и претставува убава можност за публиката да…

повеќе...

„Охридска вечер и Охридски денови“ во Белград

Практикувајќи го новиот пристап на афирмација, промовирање и презентирање на Охрид како најпосакувана туристичка дестинација во регионот, и оваа година Општина Охрид учествуваше на најголемата туристичка смотра на Балканот, Белградскиот саем на туризмот кој се одржа од 23 до 26 ти февруари а на кој се претставија преку 1200 излагачи од целиот свет. Се со цел успешна интегрирана туристичка промоција,преку штандот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, општина Охрид ги промовираше природните, културни и историски знаменитости на градот. Во текот на четирите саемски денови претставниците…

повеќе...

Македонскиот туристички производ промовиран за прв пат на саем за туризам во Данска

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, после саемот Vagabond во Копенхаген, за првпат ја претставува туристичката понуда на најголемиот интернационален саем за туризам на Скандинавија во Хернинг, Данска (24-26.02.2017). Саемот за туризам во Хернинг е организиран во 13 хали, а туристичката понуда на 1100 изложувачи е претставена пред 61 885 посетители на саемот. Агенцијата за промоција и поддшка на туризмот ги претстави природните убавини, и можностите за активен туризам, привлечувајки огромен интерес кај скандинавскиот туристичкиот сектор и посетителите. Во конкуренција од 51 земја која насаемот ја…

повеќе...

Осум години во континуитет македонскиот туристички производ промовиран на саемот за туризам во Белград

Во организација на АППТРМ, македонскиот туристички производ по осми пат е промовирам на меѓународниот саем за туризам “ITF”-Србија, што се одржа во Белград од 23ти до 26ти февруари, 2017 година. Континуирано остваруваме средби со нашите долгогодишни партнери со кои ја одржуваме меѓусебната соработка, како и остварени нови контакти со Asteria travel и Balkan Break кои сакаат да ја вметнат Македонија во нивната туристичка понуда. На македонскиот штанд беа присутни претставници од приватниот туристички сектор, а се промовираамакедонските дестинации кои се доволно атрактивни и богати со понуда за да го привлечат…

повеќе...

Во Охрид промовиран стрипот „Витези од соседството“

Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше промовирана графичката новела „Витези од соседството“ на сценаристот Јордан Коцевски и илустраторот Дарко Богданов. „Витези од соседството“ е стрип со урбана содржина, кој главните личности ги става во неочекувани ситуации. „Витезите“ се обични млади луѓе кои се обидуваат да го донесат соседството во стариот сјај, исчистен од проституција и дилери. „Стрипот „Витези од соседството“ е една урбана приказна за млади луѓе коишто се наоѓаат од една обична ситуација во сосема несекојдневна, и мора да се соочат со последиците од одлуките кои што…

повеќе...

Вечерва ќе се промовира стрипот „Витези од соседството“

Вечерва ќе биде промовирана графичката новела „Витези од соседството“ на сценаристот Јордан Коцевски и илустраторот Дарко Богданов. Промоцијата ќе се одржи во изложбениот салон на Центарот за клутура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 19:00 часот. „Витези од соседството“ е стрип со урбана содржина, кој главните личности ги става во неочекувани ситуации. „Витезите“ се обични млади луѓе кои се обидуваат да го донесат соседството во стариот сјај, исчистен од проституција и дилери. Покрај во Охрид, промоции на стрипот ќе бидат одржани и во домот на култура во Виница на 24.02.2017…

повеќе...

Промовирана поштенската марка со мотиви од Охрид што се издава во Русија

Со пригодна свеченост, денес, во Куќата на Уранија, беше промовирана поштенската марка што започна да се издава во Руската Федерација. Мотивот на марката е охридската црква Св. Јован Канео, која што е една од најпознатите цркви во Македонија и странство и е една од најфотографираните цркви во Европа. Во знакот на пријателските односи, проследени со добра соработка, денес, имаме особена чест токму од Охрид – градот на словенската писменост, од лулката на Христијанството, да ја промовираме поштенската марка што започна да се издава во Руската Федерација, а чиј мотив е…

повеќе...

Промовирани дела од антологиите на светската поезија и на македонската литература за млади и деца

Промоција на последните два тома од „Антологијата на светската поезија“ на македонски јазик и „Антологијата на македонската литература за млади и деца“ се одржа вечерва во новиот објект на Македонскиот народен театар. Со ова се целосно завршени овие две капитални едиции од областа на издавачката дејност. Овие едиции се надоврзуваат на низата капитални проекти од областа на литературата и издаваштвото кои ги реализиравме во изминатите години и со кои јасно ги демонстриравме заложбите на Владата на Република Македонија и Министерството за култура, да го подигнеме нивото на општата интелектуална култура…

повеќе...

Промовирано ДВД-изданието „Охрид во моите спомени“ од Илче Стојаноски

Во рамки на одбележувањето на 8 Декември-Денот на заштитникот на Охрид, Св.Климент Охридски, денеска напладне во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше промовирано ДВД изданието „Охрид во моите спомени“ од Илче Стојаноски. На промоцијата за ДВД изданието, во кое во аудио формат се поставени 80 получасовни документарни емисии, зборуваше Симон Илиевски, а паралела за неговите и аудио записите на неговиот татко направи Проф. Д-р. Драги Стефанија. -Новинар по професија, охридољубец по душа, врвен документарист и истражувач, Стојаноски во својот работен век, на минатото на Охрид, ќе му даде висок приоритет…

повеќе...