Вардар го победи Фленсбург, но недоволно за пласман понатаму

Иако Вардар победи со 27:25, тоа не беше доволно за пласман понатаму на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн. Фленсбург постигна повеќе голови во гости отколку што Вардар постигна на првиот дуел. И покрај слабиот старт на Вардар во првото полувреме, а особено на полувремето кога Фленсбург замина со 5 голови предност со резултат 10:15, нашите успеаа да се вратат во игра во второто полувреме и да изедначат на 19:19. Потоа следуваше целосна доминација на нашите ракометари и жестока битка до самиот крај во која Вардар беше на чекор…

повеќе...

Минимален пораз за Вардар на гостувањето против Фленсбург

Екипата на Вардар забележа минимален пораз на гостувањето против Фленсбург. Иако нашите ракометари имаа предност од еден гол на полувремето, 13-14, сепак Фленсбург успеа да ја анулира предноста на нашиот тим и на крајот победи со 24-22. Вардар во реванш натпреварот влегува со негатива од само 2 голови, што влева оптимизам во редовите на нашиот клуб. Реваншот ќе се игра на 26-ти април. WebOhrid

повеќе...

Кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ Охрид го проследија ракометот помеѓу Фленсбург и Вардар

Кандидатите за пратеници на ВМРО ДПМНЕ Охрид Александар Николоски, д-р Сашо Василевски и д-р Љубен Арнаудов, денес заедно со дел од ракометарите на ракометниот клуб Охрид 2013 како и со младите на градот Охрид го проследија ракометниот натпревар помеѓу Фленсбург и Вардар. Ваквата активност на кандидатите за пратеници го покажува нивниот интерес кон македонскиот спорт како и нивната почит кон ракометниот клуб Охрид и воопшто поддршката на младите за спорт.

повеќе...

Спортската арена „Билјанини Извори“ домаќин на завршниот куп турнир во ракомет

Челниците на Ракометна федерација на Македонија го потврдија тоа што се најавуваше дека Охрид ќе биде домаќин на четирите најдобри екипи во Купот. „Охрид предводен од новиот градоначалник искажува сериозен интерес за помагање на спортот, па така покрена иницијатива да биде домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија. Тие се покажаа како добри организатори и на кошаркарскиот турнир, па не се сомневаме дека ќе одговорат на предизвикот на организациски план и кога станува збор за фајналфор турнирот од ракометниот Куп на Македонија“- истакнаа од РФМ на пресконференцијата. Охриѓани за…

повеќе...

По 10 години Македонија повторно на младинско ЕП во ракомет

По десет години пауза Македонија повторно ќе игра на младинско ЕП. Со три победи на квалификацискиот турнир во Скопје, нашите младинци го освоија првото место, и убедливо зад себе ги оставија врсниците од Италија, Исланд и Грција. Триумфот над Исланд од 21-15 беше само потврда на квалитетот на Македонија, зрелоста на ракометарите да играат и со фаворизирани ривали, да го носат притисокот на настап пред домашна публика, но и да одиграат маестрално и да порачаат дека нивното време допрва доаѓа. Последен пат младинска репрезентација играше на ЕП во 2004 година,…

повеќе...

Македонските ракометни репрезентативци го посетија ОУ „Христо Узунов“

Македонските ракометни репрезентативци вчера го посетија ОУ „Христо Узунов“. Основнците од ова училиште кои беа во голем број, воодушевени од нив, додека ракометарите со коментар дека не очекувале ваков прекрасен пречек. „Па пријатно искуство, не очекувавме ваква посетеност од деца и ваков пречек, благодарност до целото раководство на школото. Нас ни е мило што сме тука, се надевам дека и во друга прилика би прифатиле да ги угостиме дечињава со наша посета.“– изјави македонскиот ракометар, Златко Мојсовски. Македонскиот ракометар Гоце Ојлески пак рече дека се надева, дека овие дечиња ќе…

повеќе...

Ракометната ѕвезда Наумче Мојсоски на прием кај градоначалникот Бакрачески

Македонската ракометна звезда Наумче Мојсоски, денес беше примен од градоначалникот Бакрачески. Градоначалникот Бакрачески во име на градот домаќин на македонскиот репрезентативец му врачи пригоден подарок и признание за официјален амбасадор на Гимназијадата 2014, која во Охрид ќе се одржи од 8 – 10 мај. Мојсоски истакна дека, ова титула му причинува огромна радост и се надева дека со неговото присуство ќе придонесе за популаризација на спортот кај средношколската младина. Градоначалникот Бакрачески подвлече дека Охрид како домаќин ќе направи се, манифестација да помине на највисоко ниво, а младите спортисти да понесат…

повеќе...

Започнаа мини подготовките на ракометарите

Македонската сениорска репрезентација во ракомет од вчера е на мини припреми во Охрид.   „Нашите ракометни спортски идоли своите подготвителни тренинзи ги одржуваат во Спортската арена Билјанини Извори.“– велат од ЈП „Билјанини извори“.

повеќе...

Вардар и Металург одат во четвртфинале на ЕХФ Лигата на шампиони

Ракометните клубови Вардар и Металург направија огромен успех на европска сцена. И двата наши најдобри ракометни клубови се пласираа во следната фаза – четвртфинале од ЕХФ Лигата на шампионите. РК Вардар, во Хамбург го победи актуелниот европски шампион Хамбург со 30:29 со што се наметна како еден од најсериозните фаворити за освојување на оваа титула. РК Металург и во Данска, во Копенхаген успеа да победи против Колдинг со 30:26. Металург имаше предност од 6 голови од првиот дуел во Скопје, а беше подобар противник во текот на целиот натпревар. WebOhrid

повеќе...

Гимназијалците – победници на турнирот во ракомет во Велгошти

Денес во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти екипи од средните училишта од Охрид играа турнир во ракомет. Гимназијалците победија и во машка и во женска конкуренција. Во двете финалиња беа постигнати следните резултати: ·ж·  ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски 2:8 ОСУ „Св.Климент Охридски“ ·м·  ОСУ „Св.Климент Охридски“ 9:6 ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Настанот беше организиран од Сојузот на училишен спорт – Охрид. Ангелче Андриоски

повеќе...