Претседателот Иванов одржа предавање на Универзитетот „Јеил“ во САД

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, вчера одржа предавање за студентите на еден од водечките американски универзитети „Јеил”, за развојот на мултиетничкото општество во минатото на Балканот, во Византија и Отоманската Империја, и како тоа влијае врз денешниот модел на демократијата во Македонија. Претседателот Иванов пред студентите на вториот најголем универзитет во САД исцрта силен контраст меѓу, како што кажа, македонскиот модел на инклузија на сите ентички и верски заедници, и грчкиот модел. „Прашањето е комплексно, но суштината е во различните светови кои се создаваат во умовите на луѓето.…

повеќе...

Големи успеси на нашата македонска пливачка Анатасија Богдановски во САД

Американците ѝ се восхитуваат: „Анастасија (Велика) од Македон“! Најдобрата македонска пливачка Анастасија Богдановски доби многу комплименти од специјализираната веб-страница за пливање „Свимсвам“ во текстот со наслов „Анастасија од Македон“ за изминатата мошне успешна сезона, во која таа освои две НЦАА-титули – на 50 и 200 слободно, како и уште четири титули со штафетата на нејзиниот Универзитет Џон Хопкинс. Поради овие успеси беше прогласена за пливачка на годината на НЦАА-студентското национално првенство на САД. Доби уште две слични студентски признанија за пливачка на годината. Авторот на текстот, Хана Салц, ја раскажува…

повеќе...

Учество на СДСМ во хуманитарната акција на САД

СДСМ се вклучи во крводарителната акција и акцијата за донирање на храна што ја организираа Американската амбасада во Скопје и Црвениот крст на Република Македонија, за одбележување на 11 септември – Денот кога се случија трагичните настани во 2001 година во САД.

повеќе...

Потврдeна соработката во одбраната меѓу САД и Македонија

Македонија е подготвена да биде дел од следната мисија во Авганистан „Одлучна поддршка“, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски на средбата со секретарот на морнарицата на САД, Реј Мабус, кој денеска раговараше и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. „Имавме мошне продуктивни средби со секретарот Мабус. Соработката во областа на одбраната е одлична и изразивме заемна подготвеност таа и понатаму да се развива. Разменивме мислења за натамошниот ангажман на АРМ и за успешното завршување на мисијата на ИСАФ. Исто така ја изразивме нашата спремност да продолжиме да…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и претставникот на НАТО

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги прими Н.Е. г. Пол Волерс, амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. г. Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија, Н.Е. Мариан Берц, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ и претставникот на Канцеларијата за врски на НАТО, потполковник Маријан Ивануша. На средбата беа разменети мислења и информации околу состојбите и очекувањата во врска со членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО, добрососедските односи и регионалните прашања, како и за актуелните внатрешно политички случувања во државата. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија високо го…

повеќе...

Нуланд: САД силно ja поддржуваат Македонија во евроатланските процеси

САД силно ќе продолжат да го поддржуваат процесот во ОН за решавање на проблемот со името со цел Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и Европската унија. Ова го истакна американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд во изјава по средбата со премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на прашање дали проширувањето се уште останува приоритет за НАТО, Нуланд рече секако, нагласувајќи дека тоа особено се однесува за Македонија. „САД силно ја поддржуваат Македонија и бев многу задоволна денеска да чујам за реформите кои ги презема и…

повеќе...

Македонија е посветена на стратешкото партнерство со САД

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и членовите на неговата делегација на вториот ден од работната посета на САД остварија повеќе средби, меѓу кои и со помошникот секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања, Дерек Колет. На средбата со помошникот секретар Колет, која се одржа во Пентагон, министерот Јолевски ги пренесе стратешките определби на Република Македонија, односно укажа на тоа дека нашата држава останува на патот чија цел е целосно интегрирање во Алијансата. Јолевски, како што соопшти Министерството за одбрана, информираше дека Владата на Република Македонија ја разгледува можноста за идно…

повеќе...

Врвните специјалисти од САД помагаат за развој на македонското здравство

Успешно се одвива и втората година од Проектот за престој и работа на врвни специјалисти од САД во Македонија. Голем број американски доктори кои престојуваа во Македонија дадоа придонес за подигнување на нивото на знаења и вештини на македонските доктори и тоа што беше донесено како нова метода и техника веќе се применува. Годинава престојуваа 17 доктори од САД, оваа пролет ќе дојдат дополнителни 12, а по летните одмори уште 40 американски специјалисти. Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, по средбата со доктори специјалисти од САД. Тој…

повеќе...

Плодна и успешна работна посета на градоначалникот Бакрачески во САД

Повеќестрана беше  неодамнешната работната посета на  охридскиот градоначалник Никола Бакрачески во Соединетите Американски  Држави. Со свои презентации градоначалникот  учествуваше  на светскиот симпозиум  по интервентна кардиологија што се одржа во Њујорк . „Беа претставени наши доктори од клиниката  за кардиологија а беше и успешно претставен и програмот за кој што можам да кажам дека Македонија е  лидер и во регионов и пошироко по застапеност на бројот на процедури кои се изведуваат  по  транс радијален пат. Во минатото како што и знаете сите процедури во интервентна кардиологија   се изведуваа  транс венерално  односно…

повеќе...

Договорена соработка со реномирани медицински центри во Чикаго

Владина делегација преводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски во присуство на министерот за здравство Никола Тодоров, вчера (среда, 25.09.2013 година) оствари посета на три реномирани медицински центри во Чикаго, Соединетите Американски Држави, Универзитетскиот медицински центар РУСХ, Медицинскиот центар на Универзитетот Илиноис и Северо-западниот медицински центар во Чикаго. Во рамки на посетата, владината делегација оствари средба со менаџерските тимови на медицинските центри, при што беа потпишани меморандуми за соработка со Универзитетскиот медицински центар РУСХ и Медицинскиот центар на Универзитетот Илиноис, а со Северо-западниот медицински центар во Чикаго…

повеќе...