Градоначалникот на општина Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната прес конференција апелираше да му се помогне на Скопје и населените места, да им се помогне на граѓаните кои се најзагрозени од невремето. „Граѓаните на општина Струмица и јас како Градоначалник на оваа општина сме силно потресени од синоќешното големо невреме што се случи во нашиот главен град, кое според последните информации однесе повеќе од 20, животи, неколкумина се исчезнати, седумдесеттина граѓани се повредени, а несомнено е дека водената стихија направила и огромна материјална штета. Нема ништо полошо…
повеќе...Tag: сдсм
Советничката група на СДСМ бара да се свика итна седница на Советот на Општина Охрид
Советничката група на СДСМ Охрид бара да се свика итна седница на Советот на Општина Охрид. „Сега е време за хуманост и солидарност кон семејствата на настраданите и кон сите други кои ги трпат последиците од невремето. За таа цел, Советничката група на СДСМ и’ предлага на Претседателката на Советот на Општина Охрид, г-ѓа Гордана Коњановска, да свика утре итна седница на Советот на Општина Охрид, на која би била донесена одлука за спроведување мерки и активности за собирање и испраќање помош до загрозените семејства и институции од Скопје и…
повеќе...Заев: Доаѓа ново време, парите ќе се насочат кон решавање на капиталните проблеми на граѓаните
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата во Охрид, во изјава за медиумите истакна: „Почитувани граѓани, Денеска сме во Охрид и во целиот овој охридски регион. Сабајлево се видовме со граѓаните на Пештани, одржавме веќе состаноци со неколку здруженија, продолжуваме по чаршијата, по градот, заедно со граѓаните. Целта е токму кога е сезоната туристичка да ги видиме сите проблеми коишто се случуваат во Охрид, да поразговараме за тие проблеми и да понудиме решенија. Граѓаните се многу прагматични, затоа што се паталци од она што значи нивна потреба како мештани овде…
повеќе...Заев во Охрид: Со промените доаѓа сигурна и подобра иднина за Македонија
Претседателот Зоран Заев денеска е меѓу граѓаните на Охрид. Тој утрово се сретна со жителите на Пештани кои срдечно го пречекаа. „Само притисоци и закани имаме затоа што отворено сме против оваа криминална власт. Мора да има владеење на правото. Мора да им се врати имотот на вистинските сопственици во Пештани“, побараа пештанци. Се краде имот, се крадат гласови. По сите основи сме дискриминирани и обесправени, едногласни се граѓаните. „Промените незапирливо доаѓаат. Ставаме крај на криминалот и корупцијата, во Македонија да има право и правда за сите. Сите ќе бидаме…
повеќе...Заев: Следува значајно време, промените ќе донесат просперитетна иднина за младите во Македонија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев при неговата посета во Струга, во изјава за медиумите истакна: „Денеска сме во посета на Струга и на стружани. Целта е да се видиме со граѓаните, да разговараме за проблемите со коишто се соочуваат, секојдневијата наши, маките и мачниот живот којшто се живее. Но, секако покрај тоа што ќе поразговараме и да понудиме решенија за тоа што се случува во Македонија. Струга е еден од регионите наши којшто е заборавен од оваа власт. Останаа основни работи на граѓаните, коишто се наше секојдневие, голем дел од…
повеќе...Делегација предводена од претседателот на СДСМ Заев оддаде почит во Крушево
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со потпретседателот Александар Кирацовски и претседателот на ОО на СДСМ Крушево Трајче Калески, во чест на 2 август – Денот на Републиката оддаде почит и положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, првиот претседател на Крушевска република, во споменичкиот комплекс Илинден, познат како Македониум, пред споменикот на Хероите на Слива, пред споменикот на Мечкин камен, како и на гробот на Тоше Проески.
повеќе...Заев: Републиката повторно ќе ја изградиме според илинденските идеали
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Веќе со години во Македонија е наметната една лажна привидна поделба на партизани и комити со цел едната партија да се поврзе со наследството на броците од првиот Илинден, а другата со востаниците од вториот Илинден. Не постои таква поделба. Нема поголем доказ од фактот дека партизанските одреди ги носеа имињата на илинденските дејци Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Никола Карев. Не постојат два различни идеала, две различни револуции. И во 1903 и за време на Народно ослободителната борба,…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев му посака успех на атлетичарот Ристе Пандев на Олимпијадата во Бразил
Успешен настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, денеска, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев му посака на атлетичарот Ристе Пандев. На средбата во кабинетот, градоначалникот Заев на Пандев му подари икона на Исус Христос изработена од монахињите во манастирот во Вељуса и му посака сила, верба и истрајност во големиот предизвик пред кој се наоѓа. На средбата на која присуствуваа и тренерот Ване Стојанов и директорот на клубот, се разговараше за реализираните подготовки и очекувањата од учеството на Олимписките игри и за континуираната поддршка која што општина Струмица…
повеќе...Тунтев: Груевски и Мијалков организирале шема за уништување и преземање на Макпетрол и Телма?!
Дел од обраќањето на пратеникот Томислав Тунтев во Собранието на Р.Македонија, на седницата на која што на дневен ред се пратенички прашања – Дали власта на ВМРО-ДПМНЕ преку молчење, игнорантски однос и целосна неактивност на надлежните државни институции, всушност го потпомага превземањето на Макпетрол од страна на сомнителна странска оф-шор компанија, со крајна цел да ја замолчи, преземе или уништи фирмата Макпетрол и телевизијата Телма во предизборниот период? – Дали сте информирани дека поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, неговиот братучед Сашо Мијалков направиле и организирале шема…
повеќе...Шекеринска: Ставаме крај на партиската држава, ги повикуваме професионалците!
Изјава, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ, Скопје, 27.07.2016 „Почитувани граѓани, На Македонија и треба и поинаква политичка култура. Македонија не се политичките партии, ниту една, ниту четири туку нејзините граѓани. И за нив, партиската држава во што се претвори Р.Македонија е лоша држава. Затоа сметаме дека дел од промените во Македонија се токму промените во овој дел. Промените коишто сметаме дека треба да и се случат ги започнуваме и ги започнавме и од себе. Затоа, СДСМ јавно упатува повик до сите поединци – професионалци, професионални новинарски здруженија, граѓански организации,…
повеќе...