Средба Заев Хајндл: Брзо решение за кризата, време за губење нема

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, придружуван од амбасадорката на Р.Германија во Р.Македонија, Кристине Алтхаузер. Заеднички е ставот дека нема време за губење и дека е неопходно брзо решение за политичката криза, а тоа е прецизирање конкретни чекори за исполнување на двата клучни услова за брзи фер и демократски избори во Македонија и организација и спроведување слободни избори според Договорот од Пржино. „И за Избирачкиот список и за медиумите…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев со честитка по повод празникот Рамазан Бајрам

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за големиот празник Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот. „Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и на сите кои го празнуваат, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз. Светите празници, како што е и Рамазан Бајам, преку духовната сила што ја носат и љубовта, трпението, разбирањето, мудроста што ја поттикнуваат, помагаат…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Пешачката патека на Охридското Езеро е изградена без да се почитува регулативата за заштита на природното наследство

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: Во врска со промовирањето на новоизградената пешачка патека покрај Охридското Езеро, во КО-Оровник од страна на министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, чувствуваме за потреба уште еднаш да ги запознаеме граѓаните на Дебрца и пошироката јавност за следното : Поаѓајќи од фактот дека Охридското Езеро е со закон заштитен споменик на природата, прогласено за светско природно наследство и ставено под заштита на УНЕСКО, при преземањето на градежни и слични работи во езерото и на крајбрежјето, а во…

повеќе...

Општина: Неуморно ќе продолжиме да го градиме Охрид во секој негов дел правејќи ги задоволни граѓаните

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид, во која се вели: „Денес во јавноста после подолго отсуство понесен од потребата да го оправда своето опозиционо делување, а веројатно притиснат од членството и централата да ја искритикува локалната самоуправа се појави пратеникот Томислав Тунтев. Очигледно во денешната прес конференција измешале многу работи, а најмногу од се ја промашиле личноста која го водела овој прес. Замислете почитувани граѓани човекот кој цели осум години беше советник на мнозинството во Советот на општина Охрид, координатор на Советничката…

повеќе...

Тунтев: Граѓаните точно знаат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за охриѓани

Во просториите на ОО на СДСМ Охрид денес се одржа прес-конфернција, на која говореше др Томислав Тунтев, пратеник во Собранието на Република Македонија и претседател на ОО СДСМ Охрид. ВМРО ДПМНЕ и Никола Бакрачески во својата предизборна програма пред три години и четири месеци ветуваа преродба и забрзан развој на Охрид. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески и по цели три години и четири месеци владеење не реализираа ниту еден од ветените приоритетни проекти, обвини Тунтев. „Пред 40 месеци ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески со изборната програма за локалните избори им ветија на…

повеќе...

Стојаноски: Одлуката за времени објекти ќе имаше штетни долгорочни последици по развојот на Охрид

ОО на СДСМ Охрид одржа прес-конференција на која се обрати Јован Стојаноски, координаторот на Советничката група на СДСМ при Советот на општина Охрид. „Поддршката кај граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески одамна ја имаат загубено. Дури и советниците од ВМРО-ДПМНЕ им откажуваат послушност на Бакрачески и Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески на последната седница на Советот на општина Охрид не можеа да обезбедат мнозинство гласови за да на дневен ред ја постават точката за донесување одлука за времени објекти, којашто беше дополнително побарана од службите на општината. Одлуката за времени објекти ќе имаше штетни…

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев со телеграма со сочувство по терористичкиот чин во Истанбул

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, до граѓаните на Република Турција, Турците во Република Македонија и до Амбасадата на Република Турција во Македонија упати телеграма со сочуство по терористичкиот чин во Истанбул. Во телеграмата се вели: „Изразувам длабоко жалење, сочувство и солидарност со граѓаните на пријателска Турција. Македонија сочувствува со семејствата на загинатите во теротистичките напади во Истанбул, се солидаризира со граѓаните на Турција и нашите сограѓани Турци коишто живеат во Република Македонија. Турција е наш голем пријател и поддржувач за членство во НАТО алијансата. Една од првите земји што ја…

повеќе...

СДСМ: Катастрофа во здравството, за 6 месеци починале дури 82 новороденчиња

Ангелчо Андоновски од Комисијата за здравство на СДСМ Скопје денес одржа прес-конференција на која истакна: „Денес, во време кога граѓаните се иселуваат масовно од нашата земја, а со тоа ни се намалува и бројот на населението, Македонија се уште не може да ги заштити и зачува идните поколенија. Најфрапантни, грозоморни последици од криминалните политики и популистичкиот пристап на оваа ненародна власт е губењето на животите на новороденчињата! Во изминатите 6 месеци од оваа година починале дури 82 новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство. Алармантна е состојбата! Само во последните 2…

повеќе...

СДСМ: Здравствените установи во Струга во очајна и катастрофална состојба

Пратеникот Јован Митрески, во изјава за медиумте истакна: „Катастрофалната состојба во јавните здравствени установи во Струга ги негираат милионските инвестиции во здравството кои секојдневно ги промовира министерот Тодоров. Доказ дека тие инвестиции се виртуелни се мизерните услови за болничко лекување, недостаток на основна терапија и недостаток на реагенси во болничките лаборатории. Наместо да се решаваат здравствените проблеми на граѓаните, наместо да ја добијат услугата за која од нивните плати се задржува придонес за здравствено осигурување, тие се изложуваат на дополнителни трошоци со тоа што сами, од приватни аптеки треба ја купуваат…

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ Заев, по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани

По повод 24 Јуни – Меѓународниот ден на балканските Египќани, претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до сите граѓани во Македонија кои го одбележуваат овој ден. „Во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име, Ви го честитам денешниот ден, значаен за афирмирање на културните достигнувања, традицијата и вредностите на балканските Египќани. Заедницата на балканските Египќани во Македонија дава значителен придонес во развојот на нашето современо општество. Соочени со предизвиците исправени пред Македонија, балканските Египќани даваат придонес и во одбрана на демократските принципи, бидејќи од нив…

повеќе...