Традиционалниот осмомартовски марш СДСМ годинава ќе го одржи во Охрид

Традиционалниот осмомартовски марш, СДСМ годинава ќе го одржи во Охрид, в недела, на 6 март, под мотото „Ти си таа промена – заедно за Македонија“. Маршот ќе почне напладне и, според најавите, во него ќе учествуваат членовите на форумот на жени од сите градови во Република Македонија. На маршот се очекува да се приклучат и функционери и членови на највисоките партиски тела на СДСМ. Извор:meta.mk

повеќе...

Заев: Нема никаков поткуп, случајот е комплетно наместен

Претседателот на СДСМ,  Зоран Заев, во изјава за медиумите истакна: „Многу пати имам давано изјави за случајот ,,Поткуп”. Се работи за комплетно местење коешто апсолутно верувам дека и е познато и на јавноста. Никаде во светот нема поткуп без примање или давање на пари. Секако, ние ги поднесовме кривичните пријави и против човекот кој што се обидува да мести поткуп , заедно во организација со обвинителот кој што го прават тоа. Надвор од сите законски процедури и нормативи воспоставено е следење лично на мене, на телефоните и физичко следење. Никако…

повеќе...

Шекеринска: Европска солидарност за демократска Македонија

Обраќање на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на Меѓународната конференција „Обезбедување на базичните предуслови за демократска Македонија“ „Благодарност до Олоф Палме, пред се до партијата на Европски социјалисти и до сите вас што денеска дискутираме за заеднички проблем и нудиме заеднички решенија. После изборите во 2014-та година, кои покажавме дека биле криминални, корумпирани, дека граѓаните биле изложени на сериозни притисоци, имавме една средба заедно со Претседателот на СДСМ, со еден поранешен европски политичар. И тој ни кажа што му соопштил на тогашниот премиер Груевски – Господине премиере, сите во…

повеќе...

Заев: Следуваат најзначајните избори за Македонија

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Меѓународната конференција „Обезбедување на базичните предуслови за демократска Македонија“ „Почитувани гости од повеќе европски земји и регионот, почитувани присутни, граѓани, претставници на невладиниот сектор, на медиумите, Благодарам на организаторите, ПЕС, Олоф Палме Центарот од Шведска – големи пријатели и поддржувачи на Македонија и секако Прогрес Институтот, за оваа значајна меѓународна конференција којашто ги отвора, како што гледам според агендата, клучните ранливи пресвртни точки за иднината на Република Македонија. Пред извесно време бев во општина Илинден, ме пресретнува еден жител и вака вели:…

повеќе...

СДСМ: Поддршка за Македонија – фер и демократски избори за враќање на европските вредности

Делегација на Социјалдемократската младина на Македонија е на светскиот Конгрес на IUSY (Интернационалната унија на млади социјалисти), во Тирана, Албанија, на кој се избира новото раководство на организацијата која ги обединува социјалистите и социјалдемократите од цел свет. Претставниците на СДММ остварија и средби со сестрински подмладоци од цела Европа. Силна е поддршката за Република Македонија, за враќање на слободата и демократијата. Само на фер и демократски избори, со слободни медиуми и чист Избирачки список Македонија може да излезе од ќорсокакот во кој не доведе ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. СДММ има…

повеќе...

Заев: Заедно со граѓаните ќе го браниме Уставот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес при неговата посета во Битола изјави: „Најнапред да ја искористам приликата да ги поздравам битолчани, Битола и целиот битолски регион. Ние сме денеска овде, во недела посветена за младите. Отвараме дебати за иднината на нашата младина. Без младите ни е џабе се. Најпоразителниот факт во Македонија е оваа пуста миграција, иселување. Пред се застапено помеѓу младите луѓе коишто ги напуштаат родните краишта и заминуваат по белиот свет, трудејќи се да најдат подобра иднина за себе и за нивните идни поколенија. Но, изјавата ја давам…

повеќе...

Делегација на СДСМ положи цвеќе на вечното почивалиште на Борис Трајковски

По повод дванаесетгодишнината од трагичната смрт на Борис Трајковски, поранешен претседател на Република Македонија, денеска, делегација на СДСМ, оддаде почит кон заложбите и залагањата на Борис Трајковски за Република Македонија. Делегацијата предводена од Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ, положи цвеќе на вечното почивалиште на Борис Трајковски.

повеќе...

Заев: По промените ја враќаме државата на младите, тие се нашата иднина

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа учествуваше на дебата со младите од Штип. Се дебатираше за проблемите во образованието, невработеност, масовното иселување на млaдите од Македонија, но и за решенијата коишто ги има СДСМ во Програмата на партијата. „Многу е тешко да си млад човек во Македонија. Образовниот систем е под секое достоинство, нема работа, а својата егзистенција ја гледаме надвор од државата. Младите надежта ја гледаат само во промените, рекоа присутни млади штипјани. СДСМ има тим, има Програма, има решенија за проблемите на младите. Со мерките за отворање на…

повеќе...

Заев: Промените отвораат нови перспективи за младите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше помеѓу граѓаните на Кочани. „Погледнете, Кочани се празни, младите бегаат, бараат подобро утре надвор од Македонија,“ беа зборовите со коишто жителите на Кочани го пречекаа претседателот Заев. Граѓаните надеж гледаат во промените. Цела Македонија ги очекува на слободни фер и демократски избори. „Нашата конечна цел е да ја вратиме еднаквоста во општеството, да отвориме нови работни места. Младите да имаат пристојна работа и добра плата за да останат овде, во својата земја. Нашата цел е да обезбедиме приходи од 500 евра. За младите…

повеќе...

Заев: Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев: „Почитувани граѓани, Полноќната одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за одложено распуштање на Собранието, е уште еден пораз на Никола Груевски. После сите лаги, измами, инаетења, со денови криење од јавноста, Никола Груевски ја призна својата лична одговорност: нема услови за слободни, фер и демократски избори на 24-ти април. Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за слободни медиуми и прочистувањето на Избирачкиот список, лажниот патриот Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза. Потврдата од ЕУ…

повеќе...