СДСМ: Голем број вработени биле принудувани да присуствуваат на настаните од агендата на Груевски

По повод денешната посета на Премиерот Никола Груевски во Охрид, Општинската организација на СДСМ Охрид испрати соопштение во кое стои: „За денешната посета на Никола Груевски во Охрид голем број вработени во јавната администрација и локалната самоуправа биле принудувани да го напуштат работното место за да присуствуваат на настаните од неговата агенда. Тоа е уште една потврда дека граѓаните го напуштија Никола Груевски. Осамен, Груевски ги принудува вработените во администрацијата и локалната самоуправа да го пополнуваат слабото присуство за време на неговите посети. На вработените во училиштата и детските градинки по електронска пошта им било испратено барање…

повеќе...

Заев: Се чувствува првична релаксираност, следуваат демократски промени

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Р.Австрија во Р. Македонија, Ренате Коблер. Амбасадорката Колбер изрази почит кон демократските заложби на претседателот Заев и на раководството на СДСМ на патот кон разврска на политичката криза. Заеднички е констатирано дека е од суштинска важност за иднината на граѓаните и на Република Македонија е доследно спроведување на Договорот од Пржино. „Одлучно сме насочени кон демократски промени во Македонија. Се чувствува првична релаксираност кај граѓаните. Целта на нашето учество во Владата е да обезбедиме гаранции за фер и демократски…

повеќе...

Заев: Нов чекор кон демократски промени во Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Изборот на преодната влада на новиот министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика и тројцата заменици министри со право на вето е само уште еден чекор по незапирливиот пат кој што ќе ги донесе демократските промени во Република Македонија. Почитувани граѓани, задачата на овие луѓе е да бидат контролори на целиот процес и да ја гарантираат слободната волја на граѓаните, после долги години во Република Македонија. Во нашата држава мора, треба и ќе има слобода и…

повеќе...

Шекеринска: Брисел порача дека сака Македонија со европски вредности

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес  одржа прес-конференција, на која истакна: „Почитувани граѓани, Среќни сме што со многу напори, со искрена посветеност кон интересите на граѓаните и Македонија успеавме да ја спасиме препораката на Европската Комисија за Македонија. Пораката за жал после 10 години од добиениот кандидатски статус е условена и тоа е дело на несериозната актуелна власт. Она што е добро за граѓаните на Македонија е што Вистината за Македонија оддекна и во Брисел. Високи претставници и членови на Владата ја злоупотребиле својата моќ во сите сфери,  судството, медиумите,…

повеќе...

СДСМ: Препораката ја спасивме, на 24-ти април ја враќаме Европска Македонија

СДСМ испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Заедно со граѓаните успеавме да ги задржиме евро-интеграциските процеси на Македонија, сериозно доведени во прашање од политиките на актуелната власт. Непоколебливо, цврсто и одлучно работевме на реализација на преземените обврски во Договорот од 2 јуни / 15 јули и првите резултати кон враќање на демократска Македонија се постигнати. Препорака од ЕУ за почеток на преговори на Македонија за жал е условена, поради тоа што ни Брисел повеќе не му верува на Никола Груевски. Има корупциски скандали и мешање на политиката во инститиите…

повеќе...

СДСМ: Ја градиме Македонија едно општество за сите

Дебата: Ја градиме Македонија едно општество за сите Ја победуваме нееднаквоста заедно. Граѓанинот го прашуваме што му треба, а не кој е. Создаваме граѓанска држава, наместо различни колосеци и предрасуди. За нас, мултукултурата во Македонија е вредност, а не проблем. Го враќаме достоиството на секој уметник и творец во земјата. Овозможуваме квалитетни услуги за сите граѓани во Македонија. Ова е сосема обратен процес на градење на Македонија како едно општетство за сите, наспроти поделбите и раздорот што за политички цели ги поттикнува актуелната власт. Тие сакаат осиромашените граѓани да се…

повеќе...

Заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска учествува на регионална конференција во Белград

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска учествува на Регионалната конференција за Западен Балкан, во организација на Партијата на европски социјалисти, што од вчера се одржува во Белград, Република Србија. Конференцијата ја отвори претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев а посветена е на европската перспектива на регионот и предизвиците со коишто се соочува Западен Балкан. Денеска, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ќе говори на дебатата „Кон солидарност преку дијалог“, во рамки на оваа конференција.

повеќе...

Честитка од ОО СДСМ Охрид по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

Општинската организација на СДСМ од Охрид на сите граѓани на Охрид им го честита Денот на ослободувањето 7-ми Ноември, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија. „Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци за слобода од Охрид пред 71 година ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот. На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот во слободен Охрид им ги…

повеќе...

Едногласна поддршка од ЦО на СДСМ за кадровските решенија за министри и заменици министри

Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно даде поддршка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и на раководството на СДСМ за успешно воден преговарачки процес за реализација на Договорот од 2 јуни / 15 јули. Централниот одбор на СДСМ едногласно ги поддржа сите номинации за министри и заменици министри: Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Фросина Ременски за министерка за труд и социјална политика, Александар Кирацовски за заменик министер за информатичко општество и администрација, Кире Наумов за заменик министер за финансии и Љупчо Николовски за заменик министер за земјоделство, шумарство…

повеќе...

Заев: Ова вечерва е нов почеток за граѓаните и за Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Вечерва победи Македонија, ова вечерва е нов почеток за Македонија и за сите нејзини граѓани. Постигнат е договор којшто утре треба да биде само правно, легално формализиран, преку преточување во Закон за Влада, во којшто се дефинираат надлежностите на замениците министри, постигнат е договор за Изборниот законик, постигнат е договор за Законот за whisteblowers или свиркачите, постигнат е договор на Закон за заштита на приватноста, којшто стапува во сила веднаш, а ќе се применува после шест месеци, период дозволен за…

повеќе...