Во врска со посетата на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во општина Дебрца, реакција испрати ОО на СДСМ Дебрца, во која стои: „Премиерот во заминување Никола Груевски продолжувајќи со својот популистички стил на владеење денес ја посети општината Дебрца, глумејќи загрижен и целосно посветен на интересите и проблемите што ги мачат граѓаните изминативе години. При денешната посета на Дебрца тој присуствуваше на пуштање во употреба на неколку инфраструктурни објекти во општината. И можеби се би било во ред ако во случајов не станува збор за проекти за реконструкции на…
повеќе...Tag: сдсм
Советничката група на СДСМ Охрид бара Општината да издвои средства за поплавеното население во Тетово
Советничката група на СДСМ од Охрид поднесе барање до Советот на општина Охрид за донесување на соодветна одлука за издвојување на одредени финансиски средства од Буџетот на општината, како помош за ублажување на последиците од природната катастрофа што денививе го зафати Тетово и тетовскиот регион.
повеќе...Тунтев: За 28 месеци Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да реализираат ниту еден ветен проект
Општинската Организација на СДСМ Охрид денес одржа прес-конференција, на која говореше претседателот на ОО СДСМ Охрид, Томислав Тунтев. На прес-конференцијата Тунтев рече дека очајни и неуспешни биле обидите на градоначалникот Бакрачески и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да ја убедат охридската јавност дека се остваруваат ветените проекти и дека ова е најуспешната туристичка сезона. „Вистината и реалноста се поразителни – за 28 месеци градоначалникот Бакрачески и власта на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да реализираат ниту еден проект од оние што во нивната изборна програма беа ветени како приоритетни и капитални. Дополнително, годинешната…
повеќе...СДСМ: Груевски го напуштаат неговите министри – се ближи крајот на режимската власт
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, денес во изјава за медиумите истакна: Се редат заминувања во владата на Никола Груевски. Пред дефинитивно да замине од политичката сцена Груевски го напуштаат неговите најблиски министри. Со последната оставка на Иво Ивановски, министер за администрација и информатичко општество на сите им е јасно дека се ближи крајот на режимската власт и доаѓа слободата. Очигледно за Ивановски попривлечно е да се биде вработен во приватна странска компанија отколку да се биде министер во владата на Груевски. Но, Иво Ивановски должи одговори на целокупната…
повеќе...СДСМ со граѓаните на Тетово и тетовско: Помош и поддршка во тешките моменти
Претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Дејан Павлески денес во изјава за медиумите истакна: „Овде сме да им дадеме помош и поддршка на граѓаните на Тетово и тетовско во овие тешки моменти. Toa што вчера се случи е страшно, катастрофа. Денеска бевме во обиколка на неколку населени места. Стојбата е сериозна, глетката е страшна. За жал, има и човечки жртви. Досега, официјално се потврдени 4 жртви но стравувањата се дека бројката може да биде и поголема. Воедно, предизвикана е огромна материјална штета, голем број на домови се уништени, поплавени, пристапните патишта…
повеќе...Честитка од претседателот на СДСМ Заев за 2-ри август, Денот на Републиката
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемокртаскиот сојуз, на сите граѓани на Република Македонија, им го честита големиот државен празник, 2 август – Денот на Републиката: „Овој светол датум од историјата, 2 август, кога ги чествуваме Крушевската Република од 1903 и Заседанието на АСНОМ од 1944 година искажувајки им почит на хероите кои ги положија своите животи за Македонија, е вечен потсетник на заветот за слобода, оставен на поколенијата, сегашните и идните генерации. Копнежот за независна држава пред 112 години е движечкиот мотив што…
повеќе...Претседателот на СДСМ со телеграма со сочувство до семејството на Џон Битов
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до семејството на Џон Битов, почитуван стопанственик во Канада со потекло од Р.Македонија, еден од најистакнатите водачи на канадско – македонската заедница во Торонто и голем афирматор на Република Македонија во светот. „Изразувам искрено и длабоко сочувство за смртта на големиот пријател на Македонија, Џон Битов, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Ги споделуваме со вас тагата и болката за големата загуба, што е голема загуба и за граѓаните на Република Македонија и за илјадниците граѓани…
повеќе...СДСМ: Власта да ги обесштети земјоделците
Пратеничката на СДСМ Битола, Јулијана Силјановска денес одржа прес конференција, на која истакна: Уште пред 5 месеци апелиравме и опоменувавме за можните последици од недостиг на вода поради свлечиштето на главниот канал на хидро системот Стрежево. Но, власта на Никола Груевски и неговите кадри од ВМРО-ДПМНЕ тогаш ни се потсмеваа. Денес, за жал, лошите прогнози станаа страшна реалност . Веќе неколку дена Пелагонија се соочува со вистинска катасрофа. Нема ниту капка вода за наводнување на жедната почва на површина од над 10 илјади хектари. Земјоделските култури горат на овие тропски горештини,…
повеќе...СДСМ: Груевски денес јасно призна дека случајот „Пуч“ е политички монтиран
СДСМ денес со соопштение до медиумите, во кое се вели: „Никола Груевски денеска јасно призна дека случајот Пуч е политички монтиран и призна страв од новиот Специјален јавен обвинител. Партиското гласило на Груевски, Курир, тврди дека, цитираме: “На Заев му е потребен Специјален јавен обвинител да го ослободи од Пуч“. Тоа значи дека Груевски знае дека не постои дело Пуч, штом на уште неизбран, не именуван Специјален јавен обвинител, прогнозира дека новиот обвинител ќе го отфрли делото Пуч. Кај Специјалниот јавен обвинител одат сите предмети во врска со прислушувањето и…
повеќе...Спасовски со камперите во Маврово и Ростуше: Успехот е достижен
Во реканскиот крај, во организација на Општинската организација на СДСМ Маврово и Ростуше и присуство на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски се реализира еднодневна средба и дружење со граѓаните кои 60 дена кампуваа пред Владата на Р.Македонија. Целта е дружење и продолжување на стекнатите пријателства како и симболична благодарност за луѓето кои со свето неуморно присуство пред Владата под секакви временски и други околности, помогнаа да се сврти вниманието на домашната и меѓународната јавност со каков режим има проблем Република Македонија. Генералниот секретар Спасовски во име на претседателот Заев…
повеќе...