СДСМ Дебрца: Дел од населените места во општина Дебрца на +40 степени останаа без капка вода за пиење

СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Откако повеќе денови на температури од + 40 степени жителите на населените места Горенци, Оровник и Подмолје, кои се водоснабдуваат од водоснабдителниот систем со извориште во местноста “Св.Еразмо” останаа без вода за пиење од страна на надлежните од Јавното претпријатие “Дебрца “ беа смирувани дека се работи на отстранување на дефектите и дека за бргу ќе се нормализира состојбата со водоснабдувањето. Сепак најновите случувања покажуваат дека тоа не е така и дека состојбата била далеку од нормализација. Во вчера лиферуваното соопштение…

повеќе...

Шилегов: Предметите одат кај специјалниот обвинител, Зврлески нека си поднесе оставка

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денес одржа прес-конференција, на која истакна: Материјалите од прислушувањето и содржините од него се надлежност на Специјалниот јавен обвинител. Тој е единствениот кој во независна и непристрасна постапка, ослободен од рацете на Никола Груевски може да донесе одлуки во коишто ќе верува јавноста во Македонија. Се покажа непрофесионалноста на Марко Зврлески кој е во директен линк со Никола Груевски. Напразно Зврлески сака да покаже дека наводно нешто почнал да работи. Половина година од објавата на доказите од прислушувањето и поднесените кривични пријави, не е покрената ниту…

повеќе...

Шилегов: Груевски сака пролевање крв, но нема да се спаси

Портпаролот на СДСМ,  Петре Шилегов денес во изјава за медиумите истакна: „Социјалдемократскиот сојуз порачува веднаш да престанат насилствата врз новинари, критичари на власта, неистомисленици, врз припадници на опозицијата, што зачестија изминативе неколку месеци. Укажуваме дека инцидентот што се случи вчера врз сопственикот на порталот Доказ.Мк, во којшто Марјан Стаменковски заврши со скршена глава и скршен нос со метални шипки, ја прелева чашата на трпението, што може да има натамошни сериозни последици. Надлежните органи, пред се професионалците во МВР мора веднаш да најдат сила да одолеат на партиските притисоци, да отворат…

повеќе...

Шекеринска: Груевски бега од договореното

 Заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес во изјава за медиумите истакна: „Стана јасно дека Никола Груевски се плаши од фер и демократски избори. Стана јасно дека Груевски бега од имплементација на договореното и бега од соочување со вистината. Вие бевте сведоци дека на денешниот прв состанок на работната група којашто беше задолжена за планирање и спроведување наевропските препораки од Извештајот на Прибе, согласно договорот од 2-ри јуни – дека ВМРО ДПМНЕ само половина час пред закажаната средба го откажа своето присуство и учество. ВМРО ДПМНЕ денеска преку министерот за надворешни…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Земјоделците од Дебрца 4 години го чекаат одобреното обештетување од природната непогода во 2010

Општинската организација на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На ден 19.06.2010 година подрачјето на општина Дебрца со населените места: Требеништа, Волино, Мешеишта, Климештани, Ново Село, Белчишта, Д.и Г.Средорече, Злести, Лешани и Грко Поле го зафати силно невреме со обилни врнежи од дожд и град, кои предизвикаа голема материјална штета на земјоделските површини засадени со овошни, градинарски, житни и лозови насади. Комисијата за проценка на штета на општина Дебрца изврши проценка на причинетата штета и изработи Елаборат за проценка на штета од обилни врнежи од дожд…

повеќе...

Заев: Oставка на Груевски и избори со нова Влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Со денешниот договор се потврди сè што во континуитет, јас, Социјалдемократскиот сојуз, опозициската коалиција, го докажавме во проектот Вистината за Македонија, дека Никола Груевски и неговите најблиски соработници владеат на криминален и коруптивен начин и дека не победуваат, туку ги крадат изборните процеси. Никола Груевски ќе поднесе оставка и нема да ја предводи Владата што ќе ги организира и спроведе изборите, што ќе се одржат на 24 април идната година. Заминувањето на Груевски од Владата ќе се случи до крајот…

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, генералниот секретар Оливер Спасовски и членката на И.О Рената Треневска Дескоска, денеска имаше средба со делегација предводена од помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, придружувани од амбасадорот на САД во Р.Македонија, Џес Бејли. Тема на разговорот беше можноста за решавање на политичката криза во земјава, преку споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за практична примена на решенијата за критичните области посочени во извештаите на ЕК и Стејт Департментот, како и споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за организирање…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со невладините организации и претставници на граѓанскиот сектор

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски и носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, попладнето оствари средба со невладините организации и претставници на граѓанскиот сектор во коалицијата Граѓаните за Македонија. Дадена е целосна поддршка за цврсто опстојување на заеднички зацртаниот пат за враќање на слободата и демократијата, демократските институции и нормализација на Република Македонија. Едногласно е констатирано дека договорот од 2-ри јуни е прекршен од страна на Никола Груевски, поради што ќе се интензивираат формите и механизмите за реализација на активностите за смена…

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со амбасадорот на Косово во Македонија, Илбер Хиса

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Р.Косово во Р.Македонија, Илбер Хиса. Се разговараше за актуелната политичка криза во Македонија и за конфликтот што се случи Куманово. Во врска со политичката ситуација, разменети беа детали околу неуспешноста на преговорите и очекувањата од доаѓањата на помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд и еврокомесарот за прошитување, Јоханес Хан. „Евентуални предлози од меѓународните претставници што се приближни на ставовите на СДСМ, а со коишто се овозможува опозицијата да биде гарант на враќање на демократските институции и организирање фер…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со партнерите од опозициската коалиција

Целосна поддршка за претседателот на СДСМ Зоран Заев во чекорите за враќање на слободата и демократијата во Македонија денеска изразија коалициските партнери на Социјалдемократскиот сојуз и претседателите на партиите што и се придружија на опозициската коалиција. Никола Груевски го прекрши договорот од 2-ри, преговорите се неуспешни, потврдено е едногласно на денешната попладневна средба, што се одржа во седиштето на СДСМ. На состанокот се разгледуваа натамошните чекори на СДСМ и опозицијата во насока на интезивирање на сите можни форми и механизми за враќање на демократијата во Македонија. Партиите се подготвени да…

повеќе...