Претседателот на Комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Денеска истекуваат точно 2 месеца од дводневниот конфликт во Куманово што одзеде 8 животи на полициски специјалци, остави многу луѓе без своите домови, истрауматизира 115.000 кумановчани. И по два месеца нема одговор од најповиканите, Груевски и неговата власт кој, зошто и со каква цел се обиде да ја дестабилизира Македонија? Кој дозволи криминални групи да влезат во срцето на Куманово? Зошто власта не спречила овие групи да влезат во Македонија? Кого штити Јавното обвинителство и два месеца…
повеќе...Tag: сдсм
Заев: Преговорите се неуспешни нема да дозволиме да ја тероризира Македонија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес конференција, на која истакна: „Направив `се, како претседател на СДСМ, направивме `се, како Социјалдемократски сојуз, како опозиција, како граѓани, заедно, низ дијалог, на цивилизиран начин да се дојде до решение за длабоката политичка криза во земјава. Разговаравме со Груевски и покрај судски процеси против мене, и покрај тоа што невини луѓе лежат во притвор, и покрај сите зла што ги направил на граѓаните во Македонија, и покрај тоа што знаеме со кого си имаме работа. Седевме на заедничка маса бидејќи пред нас…
повеќе...Заев: За некои црвени линии не може да има отстапки
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски, учествуваше во дебата со младите социјалдемократи на тема: „Како понатаму и што ќе се случи по падот на Груевски”, во рамки на Младинскиот работен семинар на СДММ во Охрид. Претседателот Заев се осврна на проектот Вистината за Македонија, што до крај го разобличи режимското владеење на Груевски. „Упативме порака, бесрамното злоупотребување на власта никогаш повеќе да не се повтори. Пративме силна порака во Република Македонија, регионот, цела Европа и светот дека сите оние кои ја злоупотребуваат власта, може да…
повеќе...СДСМ: Меѓународна резолуција за поддршка на СДСМ
Изјава, Младински работен семинар Стефан Богоев, претседател на СДММ Охрид, 04.07.2015 год. И оваа година, традиционално, се одржува младинскиот летен семинар во Охрид, во организација на Социјалдемократската младина на Македонија, заедно со “Прогрес – Институтот за социјална демократија” и со поддршка на холандската фондација “Макс Ван Дер Штул”. И оваа година имаме бројни обуки со предавачи, кои имаат за цел да ги обучат младите за понатамошно политичко делување во рамки на младината и партијата, а на наше огромно задоволство поради политичката ситуација на овој летен семинар имаме поддршка и од…
повеќе...СДММ: Поддршка од меѓународни организации, сите слушнаа за режимот на Груевски
На младинскиот камп продолжуваат активностите и сесиите на тема: „Ситуацијата во Македонија и што понатаму”. Денеска се одржа панел дебата за предизвиците и перспективите на социјалдемократските младински организации на Западниот Балкан, во којашто учествуваа претседателот на СДММ, Стефан Богоев, генералниот секретар на Младите европски социјалисти, Нина Живановиќ, и Јолеза Кока – претседателка на Форумот на Евросоцијалистичката младина од Албанија . Богоев се осврна на фактот дека тоа што опозицијата го говори е јасно потврдено во извештаите на релевантните меѓународни организации. Извештајот на Прибе без дипломатски речник укажа на сите системски…
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев се сретна со американскиот конгресмен Енџел
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски и членот на И.О на СДСМ и претседател на Комисијата за економија, Драган Тевдовски попладнево се сретна со делегација предводена од американскиот конгресмен Елиот Енџел, придружувани од амбасадорот на САД во Р.Македонија, Џејмс Бејли. Актуелната политичка криза во Македонија, мегуетничките односи и евро-атлантските перспективи беа главните теми на разговор. Претседателот Заев ги соопшти политиките на СДСМ насочени кон враќање на уништените демократските вредности во Македонија. „Институциите се партизирани, јавната администрација работи под притисоци на власта, медиумите и судството се…
повеќе...СДММ: Младински камп во Охрид – Ситуацијата во Македонија и што понатаму
„Ситуацијата во Македонија и што понатаму” е темата на којашто младите социјалдемократи во наредните четири дена ќе дебатираат на традиционалниот, осми по ред, младински камп којшто се одржува во Охрид. Гостин на младинскиот камп, традиционално, ќе биде претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој со младите ќе дебатира за актуелните случувања во земјава и за Македонија после Груевски. Денеска, работниот младински камп го отвори претседателот на СДММ, Стефан Богоев. Во обраќањето Богоев им посака добредојде на присутните и изрази задоволство што конечно, после толку години можеме да кажеме дека се гледа…
повеќе...СДСМ: Груевски паѓа на рати, наскоро конечно ќе замине
Обраќање на потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски на денешниот протест „Ука бука. Никола, слушни ги бомбите и оди си”. Извор: www.sdsm.org.mk
повеќе...Заев: На судски рочишта нема да одам, Пуч е директива на власта
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: „По вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за политички монтираниот случај Пуч, јавно соопштувам: 1. Не го признавам правосудството како независна власт по Устав и по закон. Правосудството е под целосна контрола на Никола Груевски и неговата власт. 2. Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта. 3. Нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на…
повеќе...Шилегов: Во агонија, Груевски кукавички го прекршува договорот од 2-ри јуни
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денес во изјава за медиумите истакна: „Кукавички е обидот на Груевски да ги пополнува собраниските комисии за надзор на УБК, Агенцијата за разузнавање и за надзор на мерките за следење на комуникациите. Не може политичката гарнитура којашто овозможи Сашо Мијалков ниту еднаш во 9 години да не се појави на отчет на работа на комисијата, којашто овозможи УБК без никаква контрола да прави бројни злоупотреби и ја предизвика политичката криза во Македонија, сега, под притисок на меѓународната јавност да глуми дека сака да го реши проблемот.…
повеќе...