Не очекува топло долго лето

Најновите прогнози на познатата американска метеоролошка фирма „AccuWeather“ за претстојната летна сезона во Европа покажуваат дека во овој дел од континентот ќе биде најтопло, а летото ќе се карактеризира со високи температури и суша. Метеорологот Тајлер Рос укажува дека кон средината на летото топлотни бранови ќе го зафатат Балканскиот Полуостров, југоисточна Европа и црноморското крајбрежје. Така, оваа година летото ќе биде сосема различно од минатата година, кога беше исклучително дождливо во нашиот регион. Извор: Нет Прес

повеќе...

Утре и задутре жолта фаза на територијата на Република Македонија

Според најавата на Метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден (вторник) територијата на југоисточна Македонија ќе биде биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, додекa задутре (среда) со температури од жолта фаза ќе биде зафатена територијата на цела држава. Станува збор за температури до 34 степени Целзиусови, кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението, заради потребниот период за адаптација кон повисоките температури. За таа цел, потребно е да се почитуваат…

повеќе...

Од четврток пороен дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 22 до 29 степени. Од понеделник до четврток времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Во вторник и среда дневната температура ќе биде над просекот во овој период од годината и во поголем дел од земјава ќе надмине 30 степени. УВ-индексот ќе биде 7. Во четврток попладне се…

повеќе...

Следната недела температура до 33 степени

Во Македонија од следната недела се очекуваат температури до 33 Целзиусови степени, прогнозираат хрватските метеоролози. На метеоролошката мапа може да се забележи дека жешкиот бран ќе ја опфати Македонија со температура до 33 Целзиусов степен. Извор: Нет Прес

повеќе...

Утре суво и потопло, во недела дожд и снег

Во Македонија утре се очекува стабилно, суво и потопло време. Во недела и во понеделник под влијание влажен бран од Медитеранот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки места од дожд и снег, соопшти УХМР. Особено обилни врнежи се очекуваат во западите и јужните делови од земјата каде на повеќе мета ќе наврнат над 30 л/м2. Врнежите ќе продолжат и во понеделник. Од втората половина на наредната недела се очекува стабилизирање и затоплување на времето. Според агрометеоролозите, временските услови и…

повеќе...

Времето стабилно и суво, температурите под нулата

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус пет, а дневната од минус пет до два степена. Во наредните четири дена ќе се задржи претежно стабилно и суво време, со ниски утрински температури. Во петок се очекува постепен пораст на температурите, а позначително затоплување ќе има во деновите од викендот. Извор: Нет Прес

повеќе...

Декемвриски сончев викенд

Убавото сончево време денес го раздвижи Охрид. Охриѓани, но и бројните посетители го искористија времето за прошетка низ охридската чаршија, покрај кејот, кафулињата и рестораните. Според метеоролозите, сончево време ќе имаме и утре со максимална температура до 11 степени. WebOhrid

повеќе...

Облачно и магловито време

Времето ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од јужен правец. Претпладне долж Повардарието и по одделни котлини во источните делови со појава на магла и ниска облачност. Максималната температурата ќе биде во интервалот од 23 до 27 степени. Во следните денови ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Ќе има услови за локален краткотраен дожд, особено в сабота. В четврток ќе има засилување на ветерот од јужен правец, а од петок поради продор…

повеќе...

Жолта – алертна фаза низ целата држава

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре територијата на целата држава ќе биде биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолта, односно алертна фаза. Станува збор за температури од 34 до 40 степени, зависно од регионот. Деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата. Населението од цела држава потребно е да ги почитува општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумација…

повеќе...

Македонија утре во жолта фаза

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи за утре, среда (13.08.2014) се очекува два региона од нашата држава да бидат зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата фаза, односно алертна фаза. Со жолта фаза ќе биде опфатени охридско-преспанскиот и полошкиот регион, односно градовите: Охрид, Струга, Дебар и Ресен, како и Тетово, Гостивар, Кичево, Маврово и Македонски Брод. Деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата. Граѓаните од овие региони, како и останатите граѓани треба да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од…

повеќе...