Одржан донаторски координативен состанок

Во просториите на Царинската управа, деновиве се одржа Донаторски координативен состанок. Состанокот претставуваше продолжение на воспоставената пракса на редовни средби со заинтересираните донатори, во склад со залагањето на Царинската управа странската помош да биде добро координирана и истата постојано да се надополнува, во интерес на царината и пошироката општествена заедница. На состанокот присуствуваа претставници на меѓународни организации и институции, пред кои беа претставени тековните активности, проекти, како и досегашната реализација на странската помош. Воедно, Царинската управа ги претстави идните краткорочни и среднорочни приоритети, во процесот на модернизација на царинското работење,…

повеќе...

Работен состанок во пресрет на туристичката сезона

Во пресрет на летната туристичка сезона, денеска на иницијатива на Секторот за туризам и локален економски развој, беа одржани два работни состаноци со претставници на такси компаниите и претставници на угостителите од Охрид. На состаноците присуствуваа и претставници на неколку Сектори од Локалната самоуправа како и претставници од јавните институции кои се надлежни во овие области. Целта беше да се разгледаат тековните состојби во пресрет на летната туристичка сезона и да се определат насоки и решенија за истите. Беше укажана потребата од заедничко делување во справувањето со негативните појави евидентирани…

повеќе...

Претставена регулативата ИПА II (2014-2020)

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се обрати на информативниот состанок на тема „Промоција на регулативите на ИПА II (2014-2020)“, организиран од  Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на Европската Комисија. Бесими истакна дека во последните неколку месеци, се работеше  на два паралелни процеси: имплементација на тековната ИПА и програмирање на ИПА II. Програмата опфаќа дефинирање на приоритетите за идните финансирања преку ИПА II, во Националниот стратешки документ на земјата. Тој нагласи дека иако овој документ е сопственост на Европската комисија, Владата вложува огромни напори за да допринесе…

повеќе...

Израелска компанија заинтересирана да инвестира во Македонија

Израелската компанија „Бен Дор“ која развива нови сорти на овошје, е заинтересирана да инвестира во Македонија. Претставници на компанијата денеска се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и со министерот за странски инвестиции Џери Наумоф. Оценката на претставниците на компанијата е дека Македонија има добра местоположба, а климатските услови се повеќе од поволни, така што инвестицијата во почетокот би можеле да ја насочат во отворање на центар за пакување и ладилници во соработка со постоечките производители во државата. Во првата фаза компанијата би започнала со поставување…

повеќе...

Работен состанок на ФФМ со делегатите од Прва и Втора Лига

Натпреварувачката комисија на ФФМ со делегатите од Прва и Втора Лига одржа работен состанок пред почетокот на финалниот круг од националното фудбалско првенство. На состанокот се дискутираше за актуелностите со кои се соочуваат делегатите на натпреварите, се даваа конструктивни предлози за обврските со кои се соочуваат и предлози за соочување со непредвидени ситуации. Иницијативата на ФФМ е во насока да се содржат сите предуслови за квалитетен тек на финалниот круг од првенството и да се укаже на намерата дека на сите клубови и фудбалски работници ќе им биде овозможено фер…

повеќе...

Во среда состанок со сопствениците на времени објекти во општина Охрид

Во среда, во Општина Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески надлежните од Секторот за урбанизам ќе одржат состанок   со сопственици на времени објекти. Тема на разговорот ќе биде разгледување на Програмата за поставување на времени објекти во 2014-та година. Почетокот на состанокот е закажан за 14 часот.

повеќе...

Известување за работен состанок

Согласно програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид на ден 20.02.2014 год. со почеток во 15:00 часот во малата сала на општина Охрид Ве покануваме на работен состанок за поставување на урбана опрема пред угостителските објекти, со единствена точка на дневен ред: 1. Утврдување на измените на правилникот и ценовникот за поставување на урбана опрема и начинот за утврдување на површината за користење на урбаната опрема.

повеќе...

Министерот за надворешни работи Попоски на министерски состанок на ЕУ и земјите кандидати

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски учествуваше на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и министрите за надворешни работи на земјите-кандидати за членство во ЕУ, кој се одржа вчера во Брисел. Главна тема на состанокот беше Јужното и Источното соседство на ЕУ, како и состојбата и предизвиците во Балкански контекст кои се однесуваат на перспективите за членство во ЕУ, како и за можноста за превентивно…

повеќе...

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности утре во посета на Охрид и Струга

Агенцијата за катастар на недвижности и оваа година продолжува со веќе започнатата акција „Отворено со катастар“. Утре и на 6 февруари стручни лица од секторот за внатрешна контрола на чело со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески ќе бидат во посета на подрачните одделенија во Струга и Охрид. Меѓу другото директорот на Агенцијата ќе одржи работен состанок со сите раководни лица на подрачни одделенија, каде темата ќе биде процесот на дигитализација на катастарските општини и нивната важност. WebOhrid

повеќе...

Состанок на раководството на ФФМ со клубовите од прва и втора лига

На работниот состанок меѓу Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и претставниците на клубовите од Првата и Втората фудбалска лига се дискутираше на актуелни теми кои значително влијаат и можат да придонесат за развој на натпреварувањето. Едно од важните прашања кои беа дискутирани се однесува на одлуката на Фудбалската федерација на Македонија за задолжителен настап на најмалку еден фудбалер до 21 година во почетниот состав на екипите во натпреварите од Првата лига. Клубовите позитивно се изјаснија во однос на одлуката на Управниот одбор на федерацијата, јасно нагласувајќи дека…

повеќе...