Практичната имплементација на новите одредби од законот за кривична постапка беше темата на денешната работна средба на повеќе раководители во СВР Охрид со јавните обвинители од Охрид. Полициските раководители и јавните обвинители целосно и детално ги прегледаа измените и новите одредби од законот за кривична постапка кои стапуваат на сила од први идниот месец. Новиот закон за кривична постапка ќе биде обврзувачки за сите полициски службеници во секојдневното полициско работење, во сите полициски преземања и во примената на полициските овластувања. На денешната работна средба практично беа согледани низа конкретни аспекти…
повеќе...Tag: состанок
Градоначалникот Трајкоски оствари средба со раководството на Сојузот на борци
Денес во просториите на Општина Дебарца, градоначалникот Игор Трајкоски, секретарот Илија Дуклески и директорот на ЦОУ „Дебрца“ Иван Димоски одржаа состанок со врвното раководство на Општинската организација на Сојузот на борци за Општините Охрид и Дебарца, претседателот Гоце Ѓеоргиески, потпретседателот Никола Стефаноски и секретарот Снежана Лазароска. На состанокот беше разгледана програмата на 70 годишнината од формирањето на првата МКНОУПБ кое ќе се празнува во с.Сливово и патрониот празник на ЦОУ „Дебрца“ на 11 ноември, во понеделник. Општина Дебарца е покровител на настанот при што обезбеди парични средства за значајни датуми,…
повеќе...Проект за ревитализација на системот за одведување на фекална канализација
Во присуство на претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, директорите и претставници на општинските јавни претпријатија „Нискоградба“ и МЈП „Проаква“ и секретарот на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, Дејан Пановски, унгарска делегација предводена од Томаш Бенсе од Секторот за отпадни води од Будимпешта ја промовираа идејата за решавање на проблемот во делот на отпадните води во општина Охрид, односно ревитализација на системот за одведување фекална канализација. „Секогаш постои можност за унапредување на постоечките капацитети. Знаеме дека општина Охрид веќе има разработено студија за санација и реконструкција…
повеќе...Работен состанок на второлигашите
На работниот состанок меѓу претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и претставниците на клубовите од втората фудбалска лига, се зборуваше на теми кои значително влијаат и можат да придонесат за развој на натпреварувањето. Потоа комесарот за натреварување Васко Дојчиновски, во неговото излагање даде позитивна оценка за тековна состојба во натреварувачката сеозна 2013-2014. Состанокот го отвори претседателот, по што најави потпишување договор со фирма за спонзорство на фудбалски топки. Состанокот за потпишување на овој договор е закажан за 14 ноември. Истовремено клубовите беа известени дека е потпишан меморандум со…
повеќе...Од 1 март задолжително критериум за стадион на кој се игра прволигашки фудбал
На работниот состанок меѓу претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и претставниците на клубовите од Првата фудбалска лига се дискутираше на актуелни теми кои значително влијаат и можат да придонесат за развој на натпреварувањето. Претставниците на клубовите се изјаснија дека немаат забелешки во однос на организирањето на досегашниот дел од првенството, со исклучок на неколку судиски одлуки. Претставниците на клубовите, главно позитивно го оценија делегирањето и работата на делегираните судии. Од страна на Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија беше нагласено дека обврска на Федерацијата е да им…
повеќе...Изнесени предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти вклучени во зимското одржување на патиштата
Повеќе претставници од општините Охрид и Дебрца, на јавните претпријатија, секторите за комунални дејности, сообраќај и улици, општинските инспекторати, центарот за управување со кризи како и претставници на други релевантни институции задолжени за одржување на патиштата, денес ги презентираа оперативните работни планови и предвидените мерки за работа во текот на претстојната зимската сезона. На денешниот работен состанок што го организира Секторот за внатрешни работи Охрид беа изнесени предлог мерки за поголема ефикасност, навременост и координираност на субјектите во преземањата за зимското работење и одржување на патиштата. Договорена е нагласена…
повеќе...Состанок на Комитетот за иновации и претприемништво
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и членовите на Комитетот за иновации и претприемништво, во рамките на денешниот состанок на Комитетот, остварија средба со членовите на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија и им честитаа за нивниот успех и освоените награди на 33-тата Меѓународна изложба на пронајдоци, патенти и нови технологии и дизајн „Иноваторство 2013“ која се одржа во Белград, Република Србија. Во рамките на изложбата, во конкуренција од 110 пронајдоци од 11 држави членки на Меѓународната асоцијација на пронаоѓачи, македонските претставници во категоријата…
повеќе...