Локалниот совет на млади на општина Дебрца со реакција на соопштението на СДСМ

Во врска со соопштението на Советничката група на СДСМ во советот на општина Дебрца, реакција испрати Локалниот совет на млади на општина Дебрца, во која се вели: „По повод соопштението на СДСМ Дебрца, Локален совет на млади на општина Дебрца би сакале да Ве информире дека како членови на Локаниот совет на млади на општина Дебрца, сме згрозени од фактот што сме прозвани дека претставуваме продолжена рака на УМС на ВМРО ДПМНЕ. Би сакале да истакнеме дека ние сме избрани врз основа на конкурс од страна на Градоначалникот на општина Дебрца, Игор…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Советот на млади на општина Дебрца партиско тело на ВМРО – ДПМНЕ

Советничката група на СДСМ во советот на општина Дебрца, испрати соопштение до медиумите, во врска со денешната одржана 27-та седница на советот на општината Дебрца. Во него стои: Како и многу пати досега и овој пат на дневен ред беа ставени повеќе точки на самиот ден на одржувањето на седницата и спротивно на членот 46 став 4 од Деловникот на советот на општината Дебрца материјалите по точките на дневниот ред наместо најмалку пет дена пред одржувањето на седницата беа доставени на самата седница. Од принципиелни причини, а поради грубото кршење на…

повеќе...

Иницијатива за формирање на Локален совет на млади Дебрца

По принципот на многу општини во Република Македонија и општина Дебрца излезе со иницијатива за формирање на Локален совет на млади. „По тој повод, во сабота, 4-ти април со почеток во 19:30 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ве покануваме заедно да ја славиме сплотеноста, да ја славиме младоста.“ – велат од Локалниот совет на млади при општина Дебрца. Вечерта ќе ја збогатат младата охриѓанка Натали Илијоска, играорната група Дебрца од општина Дебрца, а воедно ќе имаме прилика репризно да ја проследиме претставата „Сомнително лице“, во изведба на учениците…

повеќе...

Маратонска седница на Советот на општина Охрид

Како што се очекуваше, Советот на општина Охрид, денес со многу расправа и спротиставени ставови на советниците од доминантните политички партии, ја заврши 38 седница во раните вечерни саати. Најмногу копјата се кршеја околу усвојувањето на предлог заклучоците за усвојување на информациите за реализација на деталниот урбанистички план на Плаошник и за текот и постапката за урбанизација на локалитетот Студенчишко блато. Во текот на расправата која траеше повеќе од шест часа, беа вклучени и претставници на Заводот и музеј Охрид и Хидробиолошкиот завод од Охрид, како најповикани институции за активностите кои…

повеќе...

Свикана триесет и осмата седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ триесет и осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 27.03.2015 година (петок) со почеток во 11:30 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е…

повеќе...

Заврши триесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид на денешната седница го усвои Елаборатот за проценки на штети од поплавите настанати на подрачјето на општина Охрид на 1 февруари 2015 година.Беа прифатени предложените извештаи за реализација на програмите во 2014 година за поттикнување на развојот на туризмот, поддршка на локалниот економски развој, за работењето на одделението за даноци, за работа на одделението за комунални такси, за работа на територијалната противпожарна единица, за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014 – 2016, за реализација на програмата за заштита на…

повеќе...

Советниците од опозицијата бараат разгледување на одлуките за Плаошник и Студенчишко блато

Денес советниците од СДСМ, ВМРО-НП, ЛДП и НСДП, поднесоа барања до градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и до претседателката на советот на општина Охрид,  Гордана Коњановска. „Заради се поголемиот револт кај граѓаните и актуелноста на проблематиката која се однесува на спроведување на урбанистичкиот план кај Плаошник, како и аспирациите за урбанизација на Студенчишко блато, бараме на седница на Советот на општина Охрид да се дополни дневниот ред со следнава точка: Разгледување на одлуките кои се однесуваат на Плаошник и Студенчишко блато.“– информираат советниците од опозицијата. Тие, од градоначалникот на општина Охрид,…

повеќе...

Закажана триесет и седмата седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ триесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 13.03.2015 година (петок) со почеток во 11:30 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е…

повеќе...

Охридскиот совет на млади оствари средба со млади од Азербејџан

Советот на млади од Охрид, во рамките на својата меѓународна активност, вчера оствари средба со претставници на младински организации од Азербејџан, коишто во Охрид беа со посредство на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (ALDA). Гостите од Азербејџан се запознаа со улогата, функционирањето и тековните активности на Локалниот совет на млади. На средбата беа споделени корисни искуства за младинските политики во двете земји, а беше разговарано и за можна соработка во рамките на европските образовни програми. На средбата присуствуваше и заменик-градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев кој истакна дека ваквите…

повеќе...

Повик за учество во денови на младинско вмрежување за основање локални младински совети

Младински образовен форум при центарот за меѓукултурен дијалог, заедно со 12 иницијативни одбори за основање на локални младински совети ве повикуваат да земете учество на денови на младинско вмрежување во 12 општини. Овие настани ќе се случуваат во 12-те општини кои се дел од проектот Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини, поддржан од Европската унија, а кој има за цел вмрежување на младинските организации во општина Чаир, Центар, Велес, Тетово, Струга, Битола, Кичево, Дебар, Делчево, Кратово, Неготино и Липково, а води кон нивна поголема…

повеќе...