Хуманитарен концерт за помош за настраданите во поплавите во Србија, БиХ и Хрватска

Вчера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа хуманитарен концерт за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. На концертот, кој беше во организација на Владата на Република Македонија, настапија голем број македонски естрадни ѕвезди, меѓу кои: Влатко Стефановски, Есма Реџепова, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски…    Влезниците беа по цена од 150 денари, а до пред почетокот на концертот, според изјавата на  министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, беа продадени околу 11.000 билети.   Отворени беа телефонските броеви за донации 070143400, 075143400 и 078143400, на…

повеќе...

Хуманитарна акција во ОУТУ „Ванчо Питошески“ – „Охрид од срце за Србија и Босна“!

Охрид деновиве живее со хуманоста, степенот на солидарност е огромен, но не само во Охрид, туку и секаде во Македонија. Денес во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа хуманитарна акција за помош на населението од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.  Најмногу се донираа средства за лична хигиена, нерасиплива конзервирана храна, училишен прибор, храна за деца, тестенини, големи количества вода, облека и постелнина, млеко во прав, пелени, како и парични средства кои ќе бидат донирани на сметките за помагање на луѓето.  Горди сме што сме Македонци, горди сме на…

повеќе...

Хуманитарниот концерт за Србија и БиХ презакажан за понеделник

Министерството за култура информира дека поради организациони причини и потреби, хуманитарниот концерт за помош на погодените региони од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина кој беше закажан за четврток, ќе се одржи в понеделник, на 26 мај. Македонија вчера најави дека ќе организира голем хуманитарен концерт под мотото „Да се обединиме во хуманоста“ за помош на погодените од поплавите.

повеќе...

По 100 илјади евра дополнителна помош од Владата за Србија и БиХ

Македонија од државниот буџет ќе одвои по 100 илјади евра како дополнителна помош за Србија и Босна и Херцеговина, одлучи Владата на денешната седница. „Владата исто така одлучи сите средства коишто ќе бидат собрани врз основа на отворените телефонски линии за донација ќе бидат до денар процесионирани како хуманитарна помош за БиХ и за Република Србија, односно државата нема да го задржи ДДВ, туку тој ќе биде пренаменет како хуманитарна помош и ќе биде испратен во загрозените региони по завршувањето на целокупната акција којашто трае до 30-ти овој месец,“ изјави…

повеќе...

Помошта од Македонија за Србија и БиХ продолжува

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за помош на Република Србија и Босна и Херцеговина заедно со Агенцијата за стокови резерви и Бирото за лекови  презеде активности за нивно обезбедување и транспорт и таа е доставена до крајните дестинации. Во Република Србија испратени се 15 припадници од тимовите за спасување од поплави на ДЗС, два гумени чамца, 15 агрегати за струја, 23 пумпи со капацитет од 200-300 л/минута и две мултифункционални дизел пумпи со капацитет од 3.000 л/минута. Од Министерството за одбрана…

повеќе...

Ротаракт клубот Охрид со донација за настраданите во Србија и БиХ

Ротаракт Клубот Охрид, како клуб на млади, следејќи ја состојбата и катастрофата што ја зафати Србија и Босна и Херцеговина, сочувствувајќи со сите свои пријатели и познаници, членови на  Ротари и Ротаракт клубовите од овие земји и воопшто со сите тие луѓе кои ги затекна оваа елементарна непогода, почувствува силна потреба и должност, во рамките на своите можности да им излезе во пресрет и да ги поткрепи на граѓаните на овие земји кои можеби токму сега ја водат најтешката битка во нивните животи. За таа цел, Ротаракт Клубот Охрид, сакајќи…

повеќе...

Македонските „Тигри“ ќе помагаат на терен во Србија

Со одлука на Владата на Р. Македонија, Министерството за внатрешни работи утринава испрати една чета составена од 15 припадници на Единицата за специјални задачи „Тигар“, обучени за спасување во вонредни околности. Освен нив, согласно владината одлука, на српските власти ќе им биде ставен на располагање и еден полициски хелихоптер МИ 17, како и персоналот од седуммина вработени во хелихоптерската единица кои го опслужуваат воздухопловот. Според предвидениот план, 24-те полициски службеници треба да слетаат на аеродромот во Белград, од каде што ќе бидат ставени на располагање на српскиот кризен штаб, а…

повеќе...

Општина Охрид од срце за Србија и Босна и Херцеговина

Под мотото “Охрид од срце за Србија и Босна“,  Општина Охрид  заедно со  Црвен Крст  денес   ја започнаа хуманитарната акција за собирање на најнеопходните средства што во моментов се потребни за населението во Србија и Босна  и Херцеговина кои се соочуваат со елементарна непогода- поплави.  Од утрово два собирни пункта  се отворени  во седиштето на Црвен Крст   и во магацинот на организацијата  кај влезот на новата автобуска станица. Собирни пунктови  се поставени и по поголемите маркети во градов , ТИНЕКС , ДОН, СТОП ШОП ТАМАРО И КАМ. Во…

повеќе...

Македонија понуди дополнителна помош на Србија, ќе испорачаме и струја

Македонија понуди на Србија транспортен хеликоптер МИ-17 опремен со екипаж со специјални единици кои го опслужуваат за да се помогне во насока на справување со поплавите, како и исппорачување електрична енергија. Македонија одлучи да додели и дополнителни квоти разни лекови пред се антибиотици и антипиретици, а со поголем број приватни компании се договараат пратки на вода кои би биле испратени во Србија или пак во Босна и Херцеговина кои деновиве ги зафатија поплави.   Ова попладнево го изјави портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев кој рече дека уште…

повеќе...

АРМ испрати помош за Србија и БиХ

Армијата на Република Македонија (АРМ) денеска испрати помош во подрачјата погодени со поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, врз основа на одлука на Владата.   Во Србија АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема наменети за помош во вакви прилики. Кон Босна и Херцеговина од АРМ се испратени 3.000 ќебиња кои заедно со останатата хуманитарна  помош од Македонија се на пат кон поплавените региони во оваа држава. Хуманитарниот контингент на АРМ е дел од контингентот на Република Македонија, со помош наменета за поплавените региони во Србија и Босна…

повеќе...