Делегација од Лескоец (Македонија) во Лесковац (Србија)

Минатиот викенд , десетина наставници од ОУ „Ванчо Николески” -Лескоец, заедно со нивни ученици , на покана од збратименото училиште “Светозар Марковиќ “ од Лесковац, Република Србија, учествуваа во свеченостите по повод нивниот јубилеј – 110 години од основањето на училиштето. Десетината наши ученици -деветоодделенци од ОУ „Ванчо Николески” – Лескоец со своја сценско- балетска точка мотивирана од песната „Билјана платно белеше” и од стиховите на “Т’га за југ” успешно се претставија пред српската публика во исполнетата сала на Народното позориште во Лесковац. Во рамките на оваа посета , директорот…

повеќе...

Македонија очекува укинување на бариерите за извоз на лекови во Албанија и вино во Србија

Укинувањето на трговските бариери со кои се соочуваат земјите на ЦЕФТА во меѓусебната размена на стоки, беше централна тема на денешната седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА страните во Скопје, со која претседаваше министерот за економија Беким Незири. „Македонија има бариери за извоз на лекови во Албанија и за извоз на вино во Србија. На седницата донесовме заклучок Република Албанија во наредниот период да ја согледа можноста да направи измена на Законот за здравство во делот со кој се регулира увозот на лекови, кој предвидува лековите што се увезуваат да…

повеќе...

Македонија и Србија со заеднички ДКП-а во некои земји

Македонија и Србија се пријателски земји, во наш интерес е билатералните односи да бидат колку е можно подобри. Србија ја поддржува европската иднина на Македонија. Овој регион неоправдано е со години и децении потценуван во однос на другите делови на Европа и затоа целиот овој регион заслужува што поскоро да влезе во ЕУ. Ова го изјави првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ, по денешната средба во Скопје, со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Дачиќ и Попоски денеска потпишаа Спогодба за рационално…

повеќе...

Новинари од Србија и Франција во посета на Македонија

На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и во согласност со програмата за медиумска кампања во Србија за 2014 година, од 14-ти до 18-ти август беше организирана инфо тура за еминентни новинари од областа на туризмот во Србија. Претставници од медиумските куќи на РТС, радио Београд, неделникот Политика, магазинот Путовања, телевизија Нови Сад и туристички програм Туристичка Призма, беа во четири дневна посета на Македонија. Истите имаа средба со директорот на Агенцијата за промoција и поддршка на туризмот, д-р Кристијан Џамбазовски. Текстови, репортажи и…

повеќе...

Аматерската театарска група на охридскиот Црвен крст настапи во Крагујевац

Аматерската театарска група на Црвен крст Охрид, составена од 12 млади актери, синоќа имаше свое прво претставување во странство. Како гости на Црвен крст Крагујевац, во Театарот за млади во Крагујевац, Србија, талентираните охридски актери пред крагујевчани настапија со театарската претстава „СУД ЗА МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ“, во режија на Маре Ристеска и Весна Терзиоска. Само за потсетување, аматерската театарска група на Црвен крст Охрид, го отвори првиот Меѓународен Аматерски театарски фестивал „Вдиши Театар“ што во организација на Црвен крст Охрид се одржа во мај оваа година. Посетата во Крагујевац, волонтерите на Црвен…

повеќе...

Новинари од Србија и Франција во посета на Македонија

На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и во согласност со програмата за медиумска кампања во Србија за 2014 година, од 14-ти до 18-ти август беше организирана инфо тура за еминентни новинари од областа на туризмот во Србија. Претставници од медиумските куќи на РТС, радио Београд, неделникот Политика, магазинот Путовања, телевизија Нови Сад и туристички програм Туристичка Призма, беа во четири дневна посета на Македонија. Истите имаа средба со директорот на Агенцијата за промoција и поддршка на туризмот, д-р Кристијан Џамбазовски. Текстови, репортажи и…

повеќе...

Во Охрид започнаа заеднички македонско-српски патроли

Викендов во Охрид започнаа заедничките полициски патроли меѓу полициските службеници од македонското и српското министерство за внатрешни работи. Заедничките активности ќе се одвиваат со цел зголемување на степенот на безбедноста во Охрид, размена на информации и продлабочување на меѓусебната полициска соработка. При спроведувањето на полициските мерки на терен, српските полициски службеници ќе даваат поддршка на полициските службеници од СВР Охрид во активностите насочени кон обезбедување на јавниот ред и мир,  контрола на угостителските објекти и ќе бидат поддршка на македонските и на државјаните на Република Србија кои за време на…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорката на Србија Душанка Дивјак Томиќ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски, денеска се сретнаа со амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак Томиќ. Амбасадорката Дивјак Томиќ, изрази голема благодарност за учеството на СДСМ во помошта и поддршката за време на поплавите во Република Србија и санирањето на последиците во земјата. Во таа чест, амбасадорката додели благодарница на Социјалдемократскиот сојуз од амбасадата на Р.Србија, како и благодарница лично на претседателот на партијата, Зоран Заев, испратена од премиерот на Р. Србија, Александар Вучиќ. Претседателот Заев во чест на…

повеќе...

Македонија и Србија ќе ја интензивираат соработката во културата

Соработката во областа на културата меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, а со идните активности би се продлабочиле културните врски, оценија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и српскиот министер за култура и информирање Иван Тасовац.  Министерката Канческа-Милевска по средбата изјави дека во изминатиот период реализирале повеќе заеднички културни проекти. „Преку Годишната програма гледаме да поддржиме што повеќе и наши институции со проекти кои се претставуваат во Србија и индивидуални проекти на уметници и да дадеме што повеќе средства за српската заедница во Македонија“, рече Канческа-Милевска. Таа посочи дека…

повеќе...

Подарок од српските граѓани за хуманоста на охриѓани

Во знак на благодарност за помошта  што  Охрид и охриѓани, преку  хуманата акција“ Охрид од срце за Србија и Босна“ ја дадоа за настраданите  во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина ,  српските граѓани преку Црвен крст од Крагуевац,  денес  на градоначалникот Никола Бакрачески му  подарија  уметничка слика од академскиот сликар Никола Богдановиќ.   Градоначалникот се заблагодари на драгиот подарок при што истакна дека истиот им  припаѓа на сите хумани охриѓани.  „Ова е драг подарок кој им  припаѓа на сите совесни граѓани на Охрид , на институциите, на јавните…

повеќе...