Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 102.2. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (9.4%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6%) и Рударство и вадење на камен (4.2%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.2%), Информации и комуникации (13.0%) и…
повеќе...Tag: статистика
Намален бројот на ученици во основните и средните училишта
Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 119 што претставува намалување за 1.7% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2015/2016 година изнесува 77 625 што претставува намалување за 5.1% во однос на претходната учебна година.
повеќе...ДЗС: Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар забележа пад, на странските пазари раст
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 106.2. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 10.0%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 9.3%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 1.1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од…
повеќе...Зголемен бројот на туристи во јануари
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2017 година изнесува 43 220, а бројот на ноќевањата изнесува 87 894. Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 13.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.7%. Бројот на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 10.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 15.5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари…
повеќе...Македонија на 166 место на ФИФА рејтинг листата
Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија се наоѓа на 166 место, откако нашата фудбалска репрезентација забележа пад од -1 место. И повторно, ова претставува ново најниско место за нашата фудбалска репрезентација. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Аргентина, Бразил и Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Суринам од +9 места се искачи на 120 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Мијанмар од -13 места и се најде на 172 место. WebOhrid
повеќе...ДЗС: Угостителските услуги во февруари пониски за 0,1 отсто
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во споредба со јануари 2017 година, е намален за 0.1%. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Ноќевања за 0.7%. Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во…
повеќе...Намален бројот на превезени патници со автобуси
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 8.2%. Според видот на превоз, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 12.5%, во приградскиот превоз за 0.5%, во меѓуградскиот превоз за 5.1%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6.3%. Во однос на третото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 25.2%. Според видот на превоз, бројот на превезените патници…
повеќе...Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 39.3% во однос на истиот период од претходната година. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 65.4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 2.9%. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските, градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млечните производи, а намалување е забележано кај: житата, грозјето, алкохолните пијалаци,…
повеќе...Намалено вкупното производство на шумски производи во четвртото тримесечје од 2016
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на четвртото тримесечје од 2015 година, е намалено за 31.7%. Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај друго обло дрво од листопадни видови. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторно дрво од листопадни видови, огревно дрво од иглолисни и листопадни…
повеќе...Колкави се цените во земјоделството во јануари во однос на лани?
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 4.6%, а кај аутпутот зголемувањето е 4.9%. Во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 104.9, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.6. Во делот аутпут, во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, индексот на цените на…
повеќе...