Притворени две лица од струшко Франгово кај кои била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори,“, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Л.Г.(22) и Е.М.(23), двајцата од струшкото село Франгово. Во поднесената пријава, Е.М. се сомничи и за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. Нив, одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена. На 18 овој месец, околу 23 часот, при акција на криминалистичката полиција при СВР Охрид и полициската станица од…

повеќе...

Исчезна 30 годишна жена во Струга

На 17.10.2016 година во 08.40 часот во ПС Струга, К.В. (30) од Струга пријавил дека на 16.10.2016 година околу 08.00 часот, неговата сопруга А.М.К. (30) отишла на работа во нејзиниот салон и кога по час и половина ја побарал, истата не се јавувала на мобилниот телефон. Пријавителот отишол во салонот, но не ја нашол. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец поради бесправно градење

ПС Струга поднесе кривична пријава против Д.Т. (30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор на катастарска парцела во катастарска општина Струга, на ул. Кеј „8-ми Ноември“, без одобрение за градење, започнал градба на објект – индивидуална станбена зграда. Од страна на градежен инспектор составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот.

повеќе...

Непознат сторител извршил кражба во куќа во с. Бороец

Вчера во 14:20 часот во Подрачното Одделение Велешта, струшко, С.И. (56) пријавил дека истиот ден околу 00.00 часот непознат сторител извршил тешка кражба во куќата сопственост на Ш.С. од с.Бороец, струшко, кој бил на привремена работа во Швајцарија. Сторителот преку прозор од подрумските простории влегол внатре и по извршено пребарување одзел пиштол калибар 9 мм и златни предмети, а потоа насилно отворил сеф од кој одзел предмети кои дополнително ќе бидат утврдени. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Лице од струшко Биџево заработи кривична пријава поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (56) од струшкото село Биџево. Пријавениот, во текот на август оваа година, без одобрение за градење, продолжил со градба на туристичко-угостителски објект во место викано „Еленско“ во близина на хотелот „Макпетрол“ кај струшкото село Калишта. Се работи за доградба на 11 единечни објекти, бесправно започнати со градба во 1993 година кои пријавениот сакал да ги догради и да прикаже дека се изградени пред 2011 година со цел да ги легализира…

повеќе...

Пронајдени човечки коски во двор кај лице од с.Зајас, кичевско

На 10.10.2016 година во периодот од 10.55 до 14.15 часот во с.Зајас, кичевско, во дворното место сопственост на А.А. , бил извршен увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од НККР-Кичево. Увидот бил извршен по пријава дека на 09.10.2016 година при изведување на градежни работи – ископ на земјиште од страна на градежни работници со градежна машина, во стар неупотребуван бунар, на длабочина од 6,9м, биле пронајдени и извадени човечки коски (делови од скелети, делови од черепи, коски и сл.). Пронајдените предмети се подигнати и по наредба на…

повеќе...

Притворени две лица кои сакале да прошверцуваат 40 килограми дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори,“, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Е.И.(26) од гостиварското село Лакавица и Б.Р.(34) од Гостивар. Нив, одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена. На осми овој месец, околу 21 часот, при акција на криминалистичката полиција при СВР Охрид, во патнички автомобил „Порше Ка-ен“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.И. пронајдени се околу 4о килограми непозната зеленкаста тревкаста материја. Акцијата е изведена во…

повеќе...

Пожар во помошен објект на полициска станица Франгово

Вчера во 02.00 часот по полноќ во ПС за ГН-Франгово во подрумските простории на помошниот објект каде се сместени резервоарите со нафта за греење и печката за греење, од засега непознати причини настанал пожар. Пожарот е изгаснат од страна на полициски службеници и ТППЕ-Струга, а од екипа на ЕВН исклучена била електричната енергија. Повредени лица нема. Увид на лице место ќе се врши во текот на денот.

повеќе...

Тешко повреден велосипедист во сообраќајна незгода во Струга

Вчера околу 12:00 часот во Струга на ул.„Владо Малески“ случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Цитроен“Ц3 со скопски регистерски ознаки управувано од Т.Ѓ. (74) од Скопје и велосипед управуван од В.Т. (72) од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на черепот и левата половина од горната вилица и крварење во главата) се здобил возачот на велосипедот, кој бил пренесен во МЦ-Струга, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата Св.Еразмо-Охрид, каде бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот бил извршен од ЈО и увидна…

повеќе...

Повредено малолетно лице од струшко Мислодежда

Синоќа во 21:50 часот од Медицински центар Струга е пријавено дека кај нив било донесено лице со повреда во пределот на слабината, нанесена од остар предмет со длабочина од 1 см и ширина од 2 см. На лицето му била укажана медицинска помош и истото ќе биде задржано за натамошно следење на неговата здравствена состојба. Од преземени мерки и активности од ПС Струга било констатирано дека околу 21:00 часот на ливада на влезот во с.Мислодежда, струшко, при меѓусебна расправија на група на малолетни лица, тринаесетгодишник од с.Поум, струшко, му нанел…

повеќе...