Маж си ја прегазил сопругата со автомобил

Вчера во 18:20 часот во с.Радожда, струшко, В.Ш. од с.Враништа, струшко, заедно со својата сопруга М.Ш. (62) влегол во сопственото возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки (со намера да го стартуваат и да заминат) кое било паркирано во дворот на С.Г. Откако не успеал да го стартува возилото В.Ш им рекол на С.Г. и М.Ш. да го истуркаат возилото по нагорнината за да може потоа да се спушти надолу и така да се обиде да го стартува. С.Г. и М.Ш. го туркале возилото, но истото почнало да се враќа наназад,…

повеќе...

Продолжува проектот „Деловен појадок“ на ОРМ

Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови – ХОТАМ се приклучи кон иницијативата на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) за измени и дополнувања на законската регулатива која се однесува на ангажманот на сезонските работници. На оваа тема се разговараше и на новиот состанок од серијата консултации со претставници на бизнисот, коишто во рамки на проектот „Деловен појадок“ ги организра ОРМ, со цел размена на мислења и идеи од кои ќе произлезат предлози за подобрување на регулативата во областите кои се од интерес на работодавачите во Република Македонија. На состонокот…

повеќе...

Во Струга се одржува обука за спасувачи на вода

Конзорциумот составен од цивилните заштити на Словенија, Хрватска, Германија, Шведска, Италија, Невладината „Студиаре Свилупо“ од Италија и Дирекцијата за заштита и спасување, организираат обука за спасувачи на вода. Обуката се одржува во Струга, а на истата учествуваат цивилните заштити на Албанија, Косово, Турција и Македонија. „Целта на овој проект е соработка со цивилните заштити на Косово, Албанија, Турција и Македонија каде по завршувањето на оваа обука треба да се формира еден тим од 44 припадници каде истите би се користеле за спасување во нашите држави, но и на барање на друга…

повеќе...

Верниците се поклонуваат пред чудотворната икона на Богородица во Калишта

Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта денеска се одбележува големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица. По тој повод од синоќа голем број верници од Охрид, Струга и околните места палат свеќи и се молат за здравје и среќа. Денес беше отслужена света литургија на која чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Манaстирот го посетуваат и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица. Денес е Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта Во манастирот на Пресвета Богородица близу…

повеќе...

Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта

Во манастирот на Пресвета Богородица близу селото Калишта, западно од Струга, Пресвета Богородица ја покажуваше својата сила и милост низ могубројни чуда. Мнозина болни беа исцелени чудотворно, а разбојниците што намислуваа да го ограбуваат или осквернат манастирот беа луто казнувани од невидлива сила. Во храмот се наоѓа и чудотворна икона на Пресвета Богородица, а во близина има две исцелителни води: на Свети Петар и на Свети Ананија. Недалеку од главниот храм има пештера и во неа параклис посветен на Свети Атанасиј.

повеќе...

Не е лесно да си продавач/ка

Во денешно време ниту една работа не е лесна, а камоли работа како продавач, и тоа во бутик. Луѓе влегуваат-излегуваат, гледаат, прашуваат, растуриваат, па заминуваат. Сето тоа мора да го средат продавач/ките кои најчесто се осигурани на скратено работно време, а работаат скоро и по цел ден. Во таква ситуација не помага, ниту кафето, водата, весникот, дури ни цигарите кои дополнително „убиваат“. За среќа, тука е аналгинот! WebOhrid

повеќе...

Стартап лидери од седум Балкански заедници работеа заедно за „BalkanChangeMakers“ викенд

Од 27-28 Август во Струга, Македонија за работниот „BalkanChangemakers“ викенд се собраа шеснаесет учесници, претставници од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Србија и фасилитатори од Соединетите Американски Држави. Овој настан е почетен и заеднички е организиран од страна на – Нина Николиќ, SECO EP Еко-систем на фасилитатор во Македонија и BCW водечки организатор, Армин Коњалич, регионален директор на East-West Digital News и BCW организатор и Мерилин Харис, дипломец на Универзитетот Стенфорд и BCW водечки организатор. Овој настан беше поддржан од Програмата за претприемништво SECO (SECO EP), проект…

повеќе...

Канческа-Милевска се сретна со Маргарет Атвуд, добитник на „Златниот венец“ на СВП 2016

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска се сретна со канадската поетеса Маргарет Атвуд, добитник на „Златниот венец“ на овогодинешното 55. издание на „Струшките вечери на поезијата“. Таа и ја честиташе оваа, како што рече, голема награда и посочи дека и е драго што со добивањето на „Златниот венец“ на СВП канадската поетеса Атвуд влегува во домот на најголемите бардови на светската поезија. „Делата на Маргарет Атвуд, нејзината страствена сугестивна поезија е автентична и исклучително богата. Атвут е исклучителна појава во светската поетска историја, еден поетски глас, една генерација…

повеќе...

Поетски читања на Мостот на поезијата и врачување на признанијата на 55-то издание на СВП

Најпрестижното признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ синоќа и беше врачено на годинашниот лауреат, канадската поетеса, романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд на меѓународниот поетски митинг „Мостови . Признанието и го врачи претседателот на Управниот одбор на СВП Славе Ѓорѓо Димоски.  Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшки вечери на поезијата, на лауреатот Иван Џепароски му ја врачи претседателката на жири-комисијата за оваа награда, Вера Чејковска. Директорот на СВП Мите Стефоски ја врачи наградата „Мостови на Струга“ за…

повеќе...

Портрет на лауреатот на „Златниот венец“ на СВП Маргарет Атвуд

Во катедралната црква Св. Софија во Охрид, синоќа, се одржа портрет на добитничката на „Златниот венец“ на 55-те јубилејни Струшки вечери на поезијата, канадската поетеса Маргарет Атвуд. „Златниот венец“ на лауреатот Атвуд, ќе и биде врачен вечерва на манифестацијата „Мостови“. Атвуд е 51-ви добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен лавров венец.

повеќе...