Верниците се упатуваат кон манастирот „Пресвета Богородица“ во Калишта

Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта денеска се одбележува големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица. По тој повод од синоќа голем број верници од Охрид, Струга и околните места палат свеќи и се молат за здравје и среќа. Утрово беше отслужена света празнична литургија. Манaстирот го посетуваат и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица. Денес е Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта Во манастирот на Пресвета Богородица близу селото Калишта, западно од Струга, Пресвета Богородица ја…

повеќе...

Една вечер поезија, 365 вечери депонија

За време на завршната манифестација од Струшките вечери на поезијата, на дрвениот мост во Струга беше истакнат транспарент на македонски, албански и англиски јазик: Една вечер поезија, 365 вечери депонија 1 mbrëmje poezi, 365 mbrëmje deponi 1 evening poetry feel, 365 evenings landfill Транспарентот поставен од страна на граѓанската иницијатива „Стружани за Струга“ има цел да го привлече вниманието од пошироката јавност за проблемите со кои се соочуваат стружани со депонијата во Струга, загадувањето од неа, а особено од нејзиното палење и чад за време на летната туристичка сезона. WebOhrid

повеќе...

Почина седуммесечно бебе во Струга

Вчера во 10:20 часот во ПС-Струга било пријавено дека истиот ден во 09:30 часот во Струга, во семејниот дом М.К. ја пронашол, без знаци за живот, својата седуммесечна ќерка. Истиот се обидел да даде вештачко дишење, а потоа со такси возило го однел детето во Детското одделение при Јавната Здравствена Установа-Струга, каде дежурните лекари констатирале смрт. Од извршениот надворешен преглед над телото на починатото бебе не биле констатирани траги на насилство. По наредба на Јавен Обвинител, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб.

повеќе...

Стружанец извршил кражба во куќа откако го пронашол клучот под церга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(31) од Струга. Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од осми до четиринаесетти јули оваа година, во куќа сопственост на С.Л. од Струга, при што противправно присвоил: 700 евра во разни апоени, 5500 денари и 22 американски долари. Д.М. во куќата влегол со оригинален клуч што го пронашол под цергата пред влезната врата, потоа извршил пребарување низ собите, ги пронашол парите и на излегување повторно ја заклучил влезната врата од…

повеќе...

Кампања на СВР Охрид „Лето без пожари“

Во рамките на кампањата „Лето без пожари“, продолжуваат мерките и превентивното делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари на подрачјето на СВР Охрид. Кампањата е со цел поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите релевантни субјекти за координирано преземање на неопходни активности и навремено локализирање на пожарот. Во рамки на соработката на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Јавното претпријатие „Македонски Шуми“-подружница Струга, вчера…

повеќе...

Стружанец физички нападнал инспектори

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“‚ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.О.(37) од Струга. Пријавениот, казненото дело го сторил на петти минатиот месец во 12 часот и 15 минути во приватната здравствена заботехничка лабораторија „Сек-Смиле“, лоцирана на улицата „Моша Пијаде“ во Струга. При обид за вршење на контрола од инспектори во државниот санитарен инспекторат од подрачното одделение во Охрид, пријавениот Н.О. како сопственик на куќата каде била сместена заботехничката лабораторија, се обидел, најнапред вербално да…

повеќе...

Забранет влез во Македонија за 11 албански државјани кои нелегално престојувале кај депонијата во Струга

По претходно изречена опомена од Основниот суд во Струга и поднесени пријави за илегален влез во Република Македонија и нелегална работа, полициската станица од Струга, со решение изврши протерување на единаесет албански државјани. Ним, изречена им е забрана за влез во државата во рок од една година. На 25-ти овој месец, полициските службеници ги затекнаа единаесетте албански државјани на депонијата во Струга каде имале направено импровизирани живеалишта и од каде собирале пластичен отпад. Истиот ден, поради можна поврзаност со случениот пожар на депонијата, повикани се на разговор во полициската станица…

повеќе...

Стружанец украл пари во куќа на ул. „Кузман Јосифоски Питу“

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Д.М. (31) од Струга поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во периодот од 08 до 14.07.2017 година во куќа на ул. „Кузман Јосифоски Питу“ во Струга, сопственост на С.Л. (59), пријавениот со оригинален клуч, пронајден под чергата пред влезната врата, влегол внатре и одзел 700 евра, 5.500 денари и 22 американски долари.

повеќе...

Приведен кичевчанец на ГП „Ќафасан“

Синоќа во 20:30 часот на Граничниот премин – Ќафасан, на влез во Република Македонија од страна на полициски службеници приведен е Ф. В. (33) од Кичево, кој што бил евидентиран со мерка „Лиши од слобода“ од 17.08.2016 година. Од извршените дополнителни проверки во евиденциите на Граничните премини констатирано е дека лицето треба да се спроведе до Казнено поправна установа – Затвор Битола за издржување на казна затвор од два месеци и два дена поради сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето е предадено на…

повеќе...

Туристи се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во струшки хотел

Вчера околу 09:35 часот во Полициската станица во Струга, од Медицински Центар Струга било пријавено дека во Интерното одделение биле донесени: Е.Б од Холандија, М.Т и А.А двете од Израел, кои биле сместени во хотелот „Изгрев“. Истите се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во хотелот. По укажаната лекарска помош, истите се пуштени на домашно лекување. Запознати се Јавен обвинител и Државен санитарен инспекторат.

повеќе...