Кривична пријава за струшкиот градоначалник и три други лица

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(44) од струшкото село Ливада, Р.Х.(48) од Велешта, Ѓ.Д.(50) од Струга и В.Л.А.(60) од Скопје. Првопријавениот З.С. во својство на градоначалникот на општина Струга и одговорно лице во правно лице, во 2014 година издал паркинг за моторни возила во близина на зградата на Министерството за одбрана во Струга кај градското пливалиште кое со решение е означено како локација под заштита на државата. Тој, со закупувачот ДООЕЛ,, Пошка – Сони…

повеќе...

Боби Иваноски го фати светиот крст во струшко Октиси

Празникот Богојавление – Водици, се одбележа и во Октиси. Меѓу повеќето скокачи по светиот крст, годинава најсреќен беше Боби Иваноски од струшко Октиси. Честитаме! WebOhrid

повеќе...

Дарко Паскоски го фати светиот крст во Струга

Големиот христијански празник Богојавление –Водици беше одбележан и во Струга. Најсреќен меѓу верниците што скокнаа во водите на реката Црн Дрим беше 35-годишниот Дарко Паскоски од Струга.  Oва е второ негово фаќање на Светиот крст во Струга. По Светиот крст во Струга скокаа над 100 верници во ладните води на Црн Дрим, а водите ги освети митрополитот на Дебарско-Кичевската епархија, Тимотеј.

повеќе...

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Струга-Дебар

На 13.01.2016 година во 13.40 часот на патот Струга – Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Фолксваген Пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од с.Корошишта, струшко, и ПМВ„Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (43) од с.Октиси. Во незгодата со ТТП се здобила сопатничката во ПМВ „Голф“ Р.М. (1953) од с.Октиси, која е пренесена во болницата Св.Еразмо-Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Струга.

повеќе...

Приведени момчиња кои нападнале и ограбиле стружанка во Гостивар

Вчера утрото околу 05.25 часот Х.К.(23) од Струга, со нејзината другарка Ј.Т.(34) откако се враќале од угостителски објект во село Добри Дол каде што биле вработени, на ул.„Илинденска“ во Гостивар до такси возилото со кое се превезувале се доближило ПМВ„БМВ“ со словенечки регистерски ознаки, во кое се наоѓале неколку лица и почнале да им дофрлуваат и недолично да се однесуваат. По ова таксито продолжило и застанало на ул.„18-ти Ноември“, но и БМВ-то продолжило да ги следи и застанало повторно до нив. Потоа од истото излегле три лица од кои едното наводно…

повеќе...

Дедо Мраз ги израдува дечињата во струшката чаршија

Дедо Мраз пристигна во Струга. Тој помина низ струшката чаршија и ги израдува дечињата фрлајќи им бомбончиња. Во отсуство на снег, наместо со елени и санка, Дедо Мраз низ Струга мораше да помине качен на пикап. WebOhrid

повеќе...

Несовесни дрвари кутнаа дрво на сред автопат

Денес нешто по 14 часот, на автопатот Охрид-Струга, несовесни дрвосечачи кутнаа дрво кое падна на самиот автопат и го блокираше сообраќајот во двата правци. Прекинот траеше неколку минути, додека дрвосечачите ги кастреа гранките и го расчистуваа автопатот. WebOhrid

повеќе...

Кривични пријави за лица од струшко кои незаконски приредувале игри на среќа

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган” полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.К. ( 33) од Скопје, Е.Б. (30) од струшкото село Велешта и И.А. (27) од струшкото село Корошишта. Пријавените И.К. и Е.Б. во текот на септември оваа година во два објекти во селото Велешта, организирале и приредувале игри на среќа во форма на спортска кладилница без издадена лиценца, односно дозвола од надлежниот орган. Во истиот период, пријавениот И.А. тоа го направил…

повеќе...

Заев во струшко: Промените доаѓаат, никој не може да ги спречи

Граѓаните од печалбарските Подгорци и Лабуништа, струшко, срдечно и масовно го пречекаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој ги посети во текот на вчерашниот ден. Жителите на Подгорци се пожалија дека младите се принудени да го бараат спасот надвор од државата. Но, не е само иселувањето и безработицата проблем. Иако селото има над 2.000 жители нема амбуланта. Жителите не можат да се лечат, не можат да добијат основни здравствени услуги, во 21 век. Граѓаните го однесоа претседателот Заев на местото каде што треба да биде изградена амбулантата. Сликите од местото…

повеќе...

Кривични пријави за лица од Албанија за извршени тешки кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.К. (23) и Н.С. ( 19 ) двајцата од Либражд Република Албанија. Пријавените, тешките кражби ги извршиле на дваесетти и дваесет и втори овој месец во „Нетто“ маркетите во Струга. Првата тешка кражба ја извршиле во маркетот лоциран на улицата „Маркс и Енгелс“ околу 03 часот и 30 минути. Со камен К.К. го скршил стаклото од излогот, направил отвор по што Н.С. влегол во внатрешноста, извршил пребарување и од двете каси…

повеќе...